Коралин Џонс е темпераментна и љубопитна единаесетгодишна девојка, која секогаш е подготвена за авантура. Неодамна со родителите се преселила од Мичиген во Орег и бидејќи ѝ недостасуваат пријателите, а и нејзините родители се зафатени со своите работни обврски, постојано се обидува да најде нешто возбудливо во својата околина. Го запознава Виви Ловато, момче од соседството на свои години кој ја нервира, па ги посетува своите стари соседи, кесцентричните британски глумици. Во нејзиниот кварт живеат и две госпоѓи, Спинк и Форсибл, и ексценттричниот Рус, господин Бобински. После сите овие средби, Коралин искрено почнува да верува дека нејзиниот нов дом едноставно не може да биде досаден. Но, се лажи бидејќи открива скриена врата во својата куќа. Откако поминува низ вратата открива паралелна верзија на својот живот. Таа паралелна верзија наизглед е слична на нејзиниот вистински живот, иако е многу подобра. Возрасните кои живеат таму, вклучувајќи ја и грижната Втора мајка, се чинат многу посимпатични. Коралина овде е во центарот на вниманието и почнува да мисли дека овој Друг свет всушност е светот во кој таа припаѓа. Меѓутоа, кога сфаќа дека ситуацијата е многу поопасна, Коралина ја собира сета своја сила, одлучност и храброст да се врати дома и да ја спаси својата вистинска фамилија.
Официјален трејлер:
Последната промена е направена од Bobi на Сре Јун 17, 2009 12:31 am. Мислењето е променето 1 пати
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Не ми се допаѓаат вака кога се анимирани Ама е интересно
Зошто бре, јас уживам додека гледам анимирани филмови, и сакам да бидат дел од филмската индустри се‘ повеќе, патем во иднина се планираат уште квалитетни и навистина добри анимирани филмови.
А Коралин е нешто неверојатно добро, баш пред некој ден го гледав, преубав филм, на моменти се помислив дека ми е поубав филмот и од Воли што навистина тешко некој да му најдеше замена кога станува збор за компјутерско анимирани филмови а не оние старите на Дизни (како што сега ќе биде Принцезата и жабата).
Патем во овој филм Тери Хачер го позајмува гласот на мајката на Коралин
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Фанатик сум за цртани филмови, и можам да кажам дека имам повеќе гледано цртани филмови отколку филмови, но ги сакам класичните цртани а вакви во стил на куклени цртани не ги сакам многу.
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
Само што го изгледав филмов! Прво да кажам дека е во грешен подфорум. Кој и да го гледал ќе види дека ова не е анимирана комедија. Се` што е анимирано не значи дека е комедија. :) Ова спаѓа во акција/хорор.
Инаку, ме воодушеви филмот! Фантаситчна визија имал режисерот и многу ми се допадна. Инаку за ваков поморбиден жанр, ваквите куклени анимации се најдобар избор. The Corpse Bride, Nightmare before christmas се слични морбидни анимирани филмови. А јас обожавам морбидност. ЛОЛ :D
Се` на се`, супер. Генералната сатисфакција околу филмов ги исклучува неколкуте мали замерки што ги имав во текот на филмот. :) Го препорачувам на сите.