Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: THE HANGOVER | 2009 Пет Aвг 14, 2009 5:17 am
The Hangover - Мамурлак Премиера: 5 јуни 2009
-КРАТКА СОДРЖИНА-
Режисерот на филмовите "Старски и Хач" и "Старо училиште", Тод Филипс, стои зад оваа урнебесна комедија која ни ги прикажува последиците од еден луд викенд во Лас Вегас. Интересно е дека во една од помалите улоги се појавува и боречката ѕвезда Мајк Тајсон. Поради позитивните критики од публиката како и од критичарите, филмот за кратко време се најде на ТОП 200 листата за најдобри филмови според сајтот ИМДБ (Интернет филмска дата база).
Два дена пред венчавката, Даг (Џастин Барт) оди во Лас Вегас заедно со своите двајца најдобри пријатели Фил и Стју и братот на неговата идна сопруга Ален на момачка вечер за која сите четворица се заколнале дека тоа ќе биде ноќ за паметење. Меѓутоа, кога следниот ден ќе се разбудат со незапамтен мамурлук, никој од нив не може на ништо да се сети. Нивниот хотелски апартман е целосно уништен, а младоженецот никаде го нема. А тука се и прашањата: Од каде тигар во бањата? И чие е ова бебе?