Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: SUPERNATURAL|2005- Нед Aвг 23, 2009 4:40 am | |
| Број еден драмата на The CW во последниве три сезони! SUPERNATURAL/НатприродниБРОЈ НА СЕЗОНИ: 5 (петтата започнува наесен) | БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 82 | ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ | ВИКИПЕДИЈА | IMDB | TV.COMСезона | Број на епизоди
| Премиерна дата
| Финална дата
| Просечна гледаност
| ТВ мрежа
| Прва
| 22
| 13.09.2005
| 4.05.2006
| 4.52 мил.
| The WB
| Втора
| 22
| 28.09.2006
| 17.05.2007
| 3.28 мил.
| The CW
| Трета
| 16
| 4.10.2007
| 15.05.2008
| 2.91 мил.
| The CW | Четврта
| 22
| 18.09.2008
| 14.05.2009
| 3.19 мил.
| The CW | Петта
| 22
| 10.09.2009
|
|
| The CW
| Supernatural е американска телевизиска драма/хорор серија, која ги обработува животите на браќата Сем (лик игран од страна на актерот Џеред Падалецки) и Дин Винчестер (Џенсен Еклс) кои се фрлаат во потера по демони и други паранормални суштества. Серијата се снима во Ванкувер, Канада, а својата премиера ја доживеа на 13. септември 2005 на The WB. Година подоцна, официјално стана дел од програмата на The CW. „Натприродни“ во последните три сезони откако е всушност и оформена оваа телевизија, ги бележи најголемите рејтинзи во нејзината историја - и покрај тоа што има скромна гледаност од околу 2.2 па се до 3.9 милиони луѓе по епизода, што е во секој случај за речиси цел милион повеќе од гледаноста на епизодите од Gossip Girl... Ова е серија на која ќе морате да и дадете шанса после неколку епизоди. И покрај тоа што почетокот ќе ви изгледа доста досаден и „банален“, трпението на крајот ќе ви се исплати. Како што веќе спомнав, Supernatural ги следи животите на Сем и Дин, браќа кои се борат против суштества што за повеќето луѓе „не постојат“. Браќата ја загубиле својата мајка (Мери Винчестер) како деца во инцидент кој се случил во нивната куќа - откако избувнал пожар предизвикан од некакво натприродно суштество. Како резултат на ова, нивниот татко (Џон Винчестер) целиот свој живот го посветил на барање на виновникот за смртта на неговата жена, со цел да ја одмазди. Откако браќата ќе пораснат, нивниот татко ќе започне да им врши подготовки за борење против злото. По некое време, Сем одлучува да престане со ваквиот живот и се запишува на колеџ, додека пак Дин останува со својот татко за да му помогне во неговата потера по демони. Откако таткото Џон ненадејно ќе исчезне, Дин побарува помош од својот брат за започнување на потрага по него. Од тогаш браќата ќе започнат да патуваат низ земјата истражувајќи ги паранормалните и останатите необјаснети настани и случки, дел од нив инспирирани според фолклорот, митовите и американските урбани легенди, а друг дел базирани на класични приказни со натприродни суштества, од типот на вампири, врколаци и духови... Петтата сезона на „Натприродни“ започнува на 10 септември! | |
|
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| Предмет: Re: SUPERNATURAL|2005- Нед Aвг 23, 2009 4:38 pm | |
| Уште од кога станав член на форумов се прашував зошто нема тема за оваа серија! Оваа серија е целосно мој стил на серија, но ја немам погледаното! За жал! Единствено „Озборувачка“ ми е серија што ја имам симнувано така што и оваа ја чекам кај нас! нО ќе почнам со симнување! | |
|
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: Re: SUPERNATURAL|2005- Пон Aвг 24, 2009 6:50 pm | |
| | |
|
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: SUPERNATURAL|2005- Пон Aвг 24, 2009 6:59 pm | |
| | |
|
Michael Myers Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 681 Birthday : 1993-08-19 Age : 30 Location : Skopje Registration date : 2009-10-11
| Предмет: Re: SUPERNATURAL|2005- Пет Јун 11, 2010 1:20 am | |
| Сега ќе ја гледам 1 епизода сенадевам дека е супер | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: SUPERNATURAL|2005- | |
| |
|