Бушава Азбука е македонска детска програма продуцирана со помош на МТВ во 1985 година со авторите Горан Стефановски и Слободан Унковски, со музика од Леб и Сол и Ана Костовска. Програмата е насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку медиумите на музика, цртан филм, итн. Вкупно има 31 емисии, посебно посветени на буквите од македонската азбука.
Битка за дигитализирање на серијата
За операционализирање на идејата за да се дигитализира емисијата за продажба, се вели во МТВ, дека сепак ќе мора да се почека додека не се реши целосно прашањето околу тоа чии се авторските права за емисијата.
Кога запрашан за неговото мислење, од страна на Агенцијата за иселеништво на РМ која има намера со "Бушавата азбука" да им помага на децата на македонските иселеници да ја учат азбуката на јазикот на нивните родители, сценаристот Горан Стефановски одговорил: „Јас сум многу горд на таа серија и искрено сакам да успее идејата и 'Бушавата азбука' да се префрли на це-де и да биде достапна за нашите во светот“.
Од агенцијата се вели оти се знае дека Горан и Слободан се автори, и дека МТВ се води како продуцент, но сето тоа треба да се види на хартија. А досега од МТВ нема таков документ.
со оваа серија ги научив првите букви најинтересно ми беше коај ја пишуваја буквата со фломастери и целата табла беше изнапишамна со буквата имаше и големи и мали
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Леле тие двајцата кога се караа кој да напише поголема буква на таблата инаку најсмепен момент ми е на шпицата кога сите одеднаш ке почнат да пејат А Б В Г Д...
Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
Аууу колку се плашев од тој ќелавиот не знам како се викаше...И кога пораснав и случајно гледав една епизода од Бушава азбука и го видов пак се исплашив
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Леле тие двајцата кога се караа кој да напише поголема буква на таблата инаку најсмепен момент ми е на шпицата кога сите одеднаш ке почнат да пејат А Б В Г Д...
Ја ги имитирав тија што се караја кој да напише поголема буква,знам тетратеке ги изнапишуав со букве какви не изнапишав играв порано Бушава Азбука Исто имтересно ми беше тија шо кажуваја зборови на повеќе дијалекти и на крај од епизодата беше јако коај го удираја тој со чекич
Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28