Three Rivers е најновата медицинска драма која ќе ги обработува емоционално сложените животи на донаторите на органи, примателите на самите органи и хирурзите во истакнатата болница за трансплантација во државата каде што секој миг е драгоцен. Како и да е, за справување со фамилиите на донаторите на органи во нивните најцрни часови како и со сфатливите стравови кај примателите на истите е потребно многу повеќе отколку само остар скалпел.
Водач на елитниот тим е Доктор Енди Јаблонски (Алекс О’ Лохлин), високо-обучен воркохолик кој се смета за најдобар помеѓу докторите кои вршат трансплантација, чија харизма и саркастична духовитост го прават популарен популарен помеѓу пациентите и неговите колеги.
Доктор Миранда Фостер (Кетрин Мениг) е една од неговите колеги. Таа е негов хируршки сонародник со бунтовничка жица и жесток темперамент која се труди да ги задоволи одличните хируршки стандарди кои ќе и ги наметне нејзиниот починат татко со неговата одамна здобиена репутација во медицинскиот свет.
[/center]