Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНе заспивај Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Не заспивај

Go down 
АвторПорака
Pitt
Топ постер
Топ постер
avatar


Male Број на мислења : 1074
Registration date : 2009-08-21

Не заспивај Empty
ПишувањеПредмет: Не заспивај   Не заспивај I_icon_minitimeВто Сеп 08, 2009 8:53 pm

Не заспивај 21951ef

-,,И така сите живееја среќно до крајот на животот''...
-Дали секоја бајка има таков среќен завршеток?
-НЕ БИ РЕКОЛ...
-Што се случува кога детската имагинација ќе ги надмине границите на реалноста?
-Дали сонот е всушност самата реалност?Опасна и несигурна...
-Дознајте во хорор приказната во неколку продолжетоци,премиерно на http://forum.tvpaket.com.mk/ .
----------------------------------------------------------------------------------------
Извадоци од првата епизода:
Цитат :
-Се прашувам...Дали злобната вештерка ќе се врати и...
Цитат :
-Не душо...Таа засекогаш ќе остане заробена во нејзините соништа,а освен тоа,ова е само бајка...

ТАА СЕКОГАШ Е ПРИСУТНА ВО МОИТЕ СОНИШТА!
Вратете се на почетокот Go down
Pitt
Топ постер
Топ постер
avatar


Male Број на мислења : 1074
Registration date : 2009-08-21

Не заспивај Empty
ПишувањеПредмет: Re: Не заспивај   Не заспивај I_icon_minitimeСре Сеп 09, 2009 10:59 pm

Епизода 1 (Таа пристигна...засекогаш)

-,,И така сите живееја среќно до крајот на животот''....-завршувајќи ја бајката,Алиса ја бакна ќерка си,и се доближи до излезната врата која упатуваше кон ходникот.
-Мамо...
-Да?
-Се прашувам...Дали злобната вештерка ќе се врати и...
-Не душо...Таа засекогаш ќе остане заробена во нејзините соништа,а освен тоа,ова е само бајка...
Излегувајќи Алиса ја затвори вратата од собата на ќерка си,а истата ја обзема целосен мрак.Ја снема и онаа мала количина светлина од ходникот,која што се пробиваше низ малиот отвор на вратата...
-Во нејзините соништа...-помисли Сара,додека срцето и чукаше многу побрзо од часовникот кој во моментот,отчука дваесет минути по полноќ.

ЕДНА СЕДМИЦА ПОДОЦНА...

-Госпоѓо,сигурни сте дека книгата е соодветна за едно дете од седумгодишна возраст?-изненадено праша докторот Беорлегуи,упатувајќи поглед кон веќе очајнички загрижената мајка.
-Погледнете,тоа е ,,Збирка од народни бајки’’!-со повисок тон,и одраз на загриженост возврати Алиса,подавајќи ја книгата кон катедрата.
-Психологијата на децата е по имагинарна,со оглед на нивната возраст,логично е дека гледаат поинаку на работите.Во најзагрижувачка фаза може да дојде и до халуцинации,и ,,средби’’ со фатаморгани,што може да предизвика и посериозни проблеми.
-Извинете докторе,но во моментов имам најмалку потреба од дефиниција,јас едноставно сакам да го решам проблемот практично,и што побрзо.
-Ве молам,објаснете ми го дејството на бајката во конкретни црти.
-Навистина сметате дека има потреба од тоа?
-Да се обидеме.
Одеднаш Алиса ги слушна вибрациите на нејзиниот телефон...
-Се извинум,докторе...
-Нема проблем,слободно...
Потсвесно Алиса,го очекуваше повикот,а кога истиот го забележа на екранот,подголтна,ја крена слушалката и се подготви за веќе очекуваното.
-Да?
-Госпоѓа Норвинд?-од другата страна на линијата,се слушна зарипнатиот глас на г-ѓа Гутиерез.
-Да,повелте?
-Разговарате со наставничката на вашата ќерка,,,
-Што е со ќерка ми?Се е во ред?!
-Не би сакала да ве загрижувам но...
-Веднаш доаѓам!
-Се е во ред?-загрижено праша докторот Беорлегуи,симнувајќи ги очилата од својата глава...
-Се надевам...-возврати Алиса,и трчајќи се упати кон својот автомобил,а кога влезе во истиот,натисна на гасот,го спушти прозорецот,и со поглед почна да ги стрела возачите на бесните црни автомобили зад неа.Еден од нив буквално налегна на сирената.
-Слободно,само ти свири!Надевај се дека ќе се извлечеш од овој сообраќаен метеж!-довикна Алиса,беснеејќи во себе.
-Ајде госпоѓо,вози!-додаде истиот возач...
-Госпоѓата е препуштена,самата на себе...-помисли Алиса,погледнувајќи во ретровизорот...Се сети на нејзиниот трагично загинат сопруг,и на времето...Времето во кое што се чувствуваше како вистинска жена,знаејќи дека зад себе има целосна потпора,сигурност,но и покрај тоа нејзината храброст ја надвладеа болката,можеби токму затоа што имаше добра причина-нејзината ќерка.Како што велат...Она што не те убива,те прави посилен...

Малку подоцна...

-Постојано седи во ќошот,и не престанува...-Алиса ги слушаше објаснувањата на г-ѓа Гутиерез,која упати загрижен поглед кон малото девојче,со нем поглед.
-,,Таа секогаш е тука,морам да и помогнам...Не,не смеам да заспијам’’.-повторуваше Сара,гледајќи во еден агол...

Продолжува...

Извадоци од следната епизода:

-Молам?Добро ми е позната приказната!Ова е веќе втор случај,првиот заврши смртоносно!
Вратете се на почетокот Go down
Pitt
Топ постер
Топ постер
avatar


Male Број на мислења : 1074
Registration date : 2009-08-21

Не заспивај Empty
ПишувањеПредмет: Re: Не заспивај   Не заспивај I_icon_minitimeЧет Сеп 17, 2009 10:27 pm

Епизода 2 (Таа постои?)

Мамо,знаеш...Таа не изгледа толку лошо...-рече Сара,чешлајќи ја својата коса.
Која,душо?-загрижено праша Алиса,иако знаеше за што станува збор.
А и не е многу лоша...Само што..-продолжи Сара,а миг потоа,како времето да застана во нејзиното мало тело.Погледот повторно премина во онаа нема состојба.
Сара,Сара,што ти е?!Погледни ме!-Алиса панично ја заниша ќерка си,обидувајќи се да ја извлече од виртуелниот свет,иако и таа самата полека подлегнуваше на депресијата.
Морам да и помогнам,морам!Ќе дојде и по мене!-низ плач возврати Сара,како да сакаше да се сокрие во мајка си.

Следниот ден...
Во приказната се зборува за духот на злобната вештерка,кој постојано ги вознемирува селаните.-објаснуваше Алиса,обидувајќи се да делува по смирено.
Ве молам,подајте ми ја книгата.-возврати докторот Беорлегуи,а миг потоа,откако ги здогледа корицата,и почетната страна-занеме.
Докторе,добро сте?
Молам?Добро ми е позната приказната!Ова е веќе втор случај,првиот заврши смртоносно!-одговори докторот,неможејки да се воздржи од повисокиот тон-одраз на страв и несигурност.

Неколку часа подоцна...
,,Базирана според норвешката легенда.Изворите велат дека духот на девојчето неможел да го најде својот мир,и вечно талкал по туѓите соништа.Која иронија,девојчето воопшто немало сопствен сон,принудено на физичка работа,и измачувано од луѓето кои што ја посвоиле,принудена да ги слуша звуците од шталата доколку под некои околности ја имала таа чест,да заспие.Тринаесет дена по нејзината трагична смрт,на чуден начин,спиејќи умреле луѓето кои што биле заслужни за нејзиниот пеколен живот.Секако,со годините оваа приказна ја сменила првобитната форма,прво во легенда,а потоа дошло до модернизираната форма на бајка,со фантастично авантуристички елементи.’’
Читајки го извадокот,на една веб страница,Алиса подголтна,и веднаш отиде во собата на својата ќерка.
Сара...-тивко прошепоти Алиса доближувајќи се кон креветот на ќерка си...
Душо...-со повисок тон повторно се обрати....
Миг потоа,уплашено ја стави својата дланка на нејзиното срце...Пулсот...НЕ ГО ПОЧУСТВУВА...
Вратете се на почетокот Go down
Pitt
Топ постер
Топ постер
avatar


Male Број на мислења : 1074
Registration date : 2009-08-21

Не заспивај Empty
ПишувањеПредмет: Re: Не заспивај   Не заспивај I_icon_minitimeНед Окт 25, 2009 7:18 pm

Епизода 3 (Можам да те почувствувам)

Иако навидум делува несериозно,длабоко во себе сум сигурна дека тука е подножјето на проблемот.Изморена сум,веќе втор ден патуваме,а око не сум склопила.Времето типично за овој регион,виулиците ги будат и најморничавите чувства кои се обидувам да ги скријам со насмевка,збор,нешто што воопшто не ме интересира,се за да заборавам на проблемот.Одеднаш почувствував како автобусот нагло закочи,а погледот сосема случајно ми упадна на сината табличка на која што со големи букви беше напишано името на градот-Гудванген.Останатите патници полека се симнуваа од своите седишта,а јас ја подкренав ќерка ми која што беше заспала на моето рамо.Зачудувачки.Ретки беа деновите кога спиеше без прогонувањата на оние кошмари.Полека ги отвори очите и излеговме од автобусот.На десетина метри од снежната патека се издигаше огромен пансион,и веднаш застанавме во редицата која што за миг се создаде.
-Навистина морничаво место.-помислив,а во мене повторно се јави онаа несигурност.Никогаш не сум била суеверна,па...

Неколку часа подоцна...

Ноќ е.Единствено се слушаат звуците на гладните волци,кои се кријат зад голите дрвја.Алиса и ќерка си се сместија на најдолниот кат од пансионот.Алиса стана од креветот,очигледно неможеше да заспие.Се доближи кон прозорецот,а веднаш потоа го слушна бладањето на својата ќерка.
-На ѕидот,на ѕидот!-викаше испотеното девојче,сакaјќи да се разбуди од сонот.
-На ѕидот!
Алиса погледна кон ѕидот,обложен со кремасти тапети,и повторно погледот го упати кон својата ќерка.
-Таму е...Таму е...-Продолжуваше Сара...
-Тука сум душо,смири се.-Алиса ја стави дланката на челото на Сара.
-Ѕидот...
Алиса забележа мала дупка на тапетата,па се доближи и без дилема почна да ја продлабочува.Како струја да и помина низ телото,кога зад тапетите на ѕидот ги виде со крв испишаните зборови:
-СПАСИ МЕ,ОСАМЕНА СУМ...
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Не заспивај Empty
ПишувањеПредмет: Re: Не заспивај   Не заспивај I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Не заспивај
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Вебновели-
Отиди до: