Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: The Apprentice Саб Сеп 19, 2009 9:40 pm | |
| Изборот на Доналд Трамп (The Apprentice) е реално тв шоу кое потекнува од САД од телевизијата NBC. Секоја сезона во шоуто има по 16-18 кандидати кои се борат да се покажат за да го добијат работното место во една од компаниите на Доналд Трамп, при што на почеток потпишуваат договор од една година и плата од 250 000 долари. Кај нас, серијата се емитуваше на телевизија Телма. Секоја сезона започнува со група кандидати кои веќе имаат искуство со работење во претпријатија, најчесто недвижнини, менаџери на ресторани, политички советници, продавачи и маркетинг. За време на шоуто, овие натпреварувачи живеат во стан и се запознаваат (меѓутоа, во шестата сезона, тимовите се разделени. Оние кои ќе победат, живеат во палата во Лос Анџелес, а оние кои ќе изгубат, во шатори во дворот на палатата). Разделени се во два тима, и секоја недела им се дава една задача за која се бара од нив да изберат менаџер на проектот. За оној тим што ќе победи следува награда, а оној тим што ќе изгуби оди во салата за состаноци и најслабиот ќе биде отпуштен (елиминиран од шоуто).
Елиминацијата е составена од две фази. Во првата, сите членови на тимот се соочени во салата. Проект-менаџерот треба да избере до три члена за кои смета дека биле најодговорни за загубата. Во втората фаза, останатите членови се слободни, а проект-менаџерот и членовите што тој/таа ги избрал/а треба да се соочат и барем еден ќе биде отпуштен.
Трамп има право уште во првата фаза да отпушти некого, ако има доволно докази дека тој е најслабиот. Исто така може да отпушти и повеќе кандидати одеднаш. Во шестата сезона, проект менаџерот на тимот што победил, треба да дојде во салата и да седи со Доналд за да му помогне кого да отпушти од тимот што изгубил. Тој треба да поставува прашања и да дава свои мислења за време на процесот.
Освен во шестата сезона, последните двајца кандидати имаат различни задачи, при чие реализирање им помагаат некои од претходно отпуштените кандидати. Откако ги завршуваат задачите, последното соочување во салата одлучува кој од двајцата кандидати е вработен.
Последната промена е направена од NateArchibald на Нед Сеп 20, 2009 3:32 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
|
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
| Предмет: Re: The Apprentice Нед Сеп 20, 2009 2:55 am | |
| Супер е The Apprentice! Трамп е закон! :) Ја очекувам 9. сезона во пролет 2010. | |
|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: The Apprentice Нед Сеп 20, 2009 3:15 am | |
| Јас ги гледав првите 3 сезони на Телма, и шоуво е навистина преинтересно. После натаки нешто баталив, не знам поради која причина но сепак навистина доста интересно. Едно од најдобрите реални шоуа, ако не и најдобро. | |
|
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: Re: The Apprentice Нед Сеп 20, 2009 3:45 pm | |
| | |
|
Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: The Apprentice Вто Сеп 22, 2009 12:22 am | |
| Го гледав постојано на Телма кога играше и редовно гледав на интернет кој ќе победи оти не сакав да чекам до крај . | |
|
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: The Apprentice Вто Сеп 22, 2009 2:29 am | |
| Си го сакам ова шоу. Почнав да го гледам некаде на средина додека траеше на Телма. Станав зависна од шоуво. Се во шоуво е на висок степен , секако кога го имаат мистер Доналд Трамп. | |
|
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| Предмет: Re: The Apprentice Вто Мар 02, 2010 8:46 pm | |
| Темава е застарена ама сепак. Деновиве баш симнав нешто од шоуво, од првата сезона, и многу е законско, а порано на Телма нешто гледав ама веќе не даваат ако дадат пак ве молам известувајте. Мнгоу е интересно... | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: The Apprentice | |
| |
|