| TWIN PEAKS|1990-1991 | |
|
|
Автор | Порака |
---|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: TWIN PEAKS|1990-1991 Пон Сеп 21, 2009 9:36 pm | |
| БРОЈ НА СЕЗОНИ: 2 | БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 30 | TV.com| ИМДБТвин Пикс е американска серија креирана од Дејвид Линч и Марк Фрос. Прв пат е емитувана во Америка на 8 април 1990 година, а последната епизода е прикажана на 10 јуни 1991 година. Серијата е добитник на Златен Глобус, а има и номинација за Еми. Дејството е сместено во измислениот град Твин Пикс во североисточниот дел на американската држава Вашингтон. Серијата го следи ФБИ агентот Дејл Купер (Кајл Меклаклан) во истрагата на смртта на популарната средношколка Лора Палмер (Шерил Ли), чие тело е пронајдено на обалата завиткано во пластична ќеса. Продуцентската куќа на Арон Спелинг ги продуцираше сите 30 епизоди на серијата. | |
|
| |
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Вто Сеп 22, 2009 12:04 am | |
| Ја изгледав цела. Генијална е. | |
|
| |
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Саб Jул 17, 2010 8:00 am | |
| Изгледана прва сезона во два дена. Ова е засега најчудната, најиспревртената и најморбидната серија која сум ја гледал. Нема конкуренција! Можете да барате милиони и милиони други серии кои обработувале убиства, но ниту една од нив нема да биде ни приближно на нивото на Twin Peaks. Ми се допаѓа стилот на серијата. Едноставно ве остава без зборови. Нема ниту едно клише во приказната (барем не засега). Нема одолговлекувања. Нема досадни карактери, ниту пак досадни елементи во приказната. Се’ е конектирано и се’ е поврзано со мистеријата на ова градче стационирано близу Вашингтон... Единствено нешто кое ме нервира се сапуничните елементи во серијата. Ги има во доста голем процент, но дури и во тие мигови, можете да ја почувствувате чудната „енергија“ (МОРБИДНОСТ) на серијата. Всушност, што и да се случи, било да е некоја смешна, или пак прилично сериозна сцена - не постои начин за да го одбегнете чудното чувство дека нешто не е в ред со мештаните и самото место. Таа помисла ќе ве демне в секој миг, па поради тоа напнатоста нема да ве напушти се додека не ја пуштите следната епизода, па потоа таа после неа и така се додека не стигнете до самиот крај... Прочитав дека втората сезона била доста послаба од првата, но се надевам дека нема да ме разочара премногу. Првата од Twin Peaks дефинитивно ја сместувам меѓу топ петте сезони што сум ги изгледал досега од сите серии! | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Нед Aвг 15, 2010 10:16 pm | |
| Изгледан пилотот. Тотално различна серија од се досега што имам погледнато. Не е споредлива со ниедна стара и со ниедна нова серија, Твин Пикс е дефинитивно уникатна серија поради начинот како е направена и чудната атмосфера која е постојана. Чудните ликови се исто така дел од атмосферата, се среќаваат ликови од нормален шериф и ФБИ агент до бунтовни дечки и пречудна соученичка на убиената, жена инвалид со пореметен син, убиена тинеџерка, глупичка секретарка и мистериозен убиец. Но сето ова е пречудно претставено, што стварно немам коментар. Серијава е мрачна, напнатоста не е обична како во други филмови и серии, овде навистина се е различно и тоа е причината поради која ми се допадна пилотот. Дефинтиивно продолжувам баш поради тоа што е различна серијата во се. За тие што не сакаат стари серии, нека не ја гледаат. За тие што немаат време, нека не гледаат. За тие што се двоумат, нека го погледаат цел пилот и потоа нека одлучат дали ќе продолжат. Од првите неколку сцени и јас си реков дека ова е преспоро и глупо за мене, но по цел пилот, променив мислење. | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Нед Aвг 15, 2010 10:21 pm | |
| - Beauty напиша:
За тие што не сакаат стари серии, нека не ја гледаат. За тие што немаат време, нека не гледаат. За тие што се двоумат, нека го погледаат цел пилот и потоа нека одлучат дали ќе продолжат. Од првите неколку сцени и јас си реков дека ова е преспоро и глупо за мене, но по цел пилот, променив мислење. А имам некаква група на луѓе на кои им препорачуваш да ја гледаат? Ах Дани, наместо да гледаш некоја добра нова американска, ти ова го одбра... But, it's your choice. | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Нед Aвг 15, 2010 10:27 pm | |
| Ако е нова серијата, не значи дека мора да е квалитетна, а ако е стара да не е добра. За се има време, и за нови и за стари | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Нед Aвг 15, 2010 10:29 pm | |
| Првото не го реков, а за второто... немам време, а ни нерви за стари серии! | |
|
| |
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Нед Aвг 15, 2010 10:31 pm | |
| Серијата е стара и лоша, нема врска што е од 91 г. Напротив сакам стари серии, дури и повеќе од нови, но ова не е за мене. Пред се бидејки не го сакам тој жанр, друго - премрачна ми е атмосферата и некако не ме завлече кога ја даваа на ТВ, иако ја изгледав половина. Дани, ако ти се допаѓа, супер, коментирај си, ама не заборавај на GG! | |
|
| |
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Нед Aвг 15, 2010 10:57 pm | |
| Дани без секирации, немаат сите ист вкус. :) А инаку за муабетот со „стари серии“... порадо би гледал стари и квалитетни отколку нови и бесмислени. | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Нед Aвг 15, 2010 10:59 pm | |
| Јас преферирам нови, но квалитетни. | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 Пон Aвг 23, 2010 6:07 pm | |
| Изгледана прва сезона. Малку потешка серија за гледање во смисла дека не е за опуштање туку цело време внимателно треба да се гледа па затоа и на моменти знае да биде напорна. Чудна серија со чудни мрачни ликови кои знаат и да те изнервираат затоа што така се однесуваат. Никој од ликовите не покажа среќа и смеа, сите се однесуваат помалку или повеќе ненормално. Многу ликови и уште повеќе измешани врски меѓу сите нив. Ептен замешано Она што не ми се допадна во серијата е сонот на Купер во кој Лора му го открива името на убиецот и уште некои кодирани пораки. Такви сонови и верување во истите има само во онаа емисијата за сонови на А1 Кој ли ја убил Лора Палмер? Првата сезона завршува како некој пука во Купер, па претпоставувам дека е убиецот. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: TWIN PEAKS|1990-1991 | |
| |
|
| |
| TWIN PEAKS|1990-1991 | |
|