|
| | THE GOOD WIFE|2009- | |
| | Автор | Порака |
---|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: THE GOOD WIFE|2009- Чет Сеп 24, 2009 12:07 am | |
| БРОЈ НА СЕЗОНИ: 2 (засега) | БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 22 | ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ| ИМДБ| TV.com THE GOOD WIFE е едно од новите шоуа на CBS телевизијата, чија премиера беше одржана на 22 септември 2009 и имаше навистина одлични резултати од гледаноста. „Добрата сопруга“ е драма во која главната улога ја игра добитничката на Еми, Џулиана Маргулајс како сопруга и мајка која храбро ја превзема одговорноста на својата фамилија и повторно влегува во работна сила, откако нејзиниот сопруг бил понижен со јавна секс снимка и политички скандал за корупција на земјиште поради што завршува во затвор. Понижена од својот сопруг, таа повторно се враќа во улога како бранител, во престижната адвокатска фирма во Чикаго, и е во сојуз заедно со својот долгогодишен пријател и колега на правниот факултет, Вил Гарнер, кој е заинтересиран како ќе настапи Алиша по 13 годишното отсуство од судницата. Нејзината најголема конкуренција во фирмата е Кери, кој неодамна дипломирал на Харвард. Стекнувањето на доверба секој ден, Алиша се трансформира од срамежлива во политичарка со одлична кариера, особено заради обезбедувањето стабилен дом за нејзините деца, 14-годишниот Зак и 13-годишната Грејс. За прв пат по сите години, Алиша го добива нејзиниот нов идентитет „добра жена“ и ја зема целосната одговорност за својата судбина.
Последната промена е направена од Bobi на Саб Мај 15, 2010 6:14 pm. Мислењето е променето 3 пати. | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: THE GOOD WIFE|2009- Саб Сеп 26, 2009 3:03 pm | |
| Пред малце ја гледав првата епизода, и морам првен да заклучам дека навистина е квалитетно направено. Одлична глума, дијалози, приказна и режија, но единствената замерка е тоа што јас не сакам драми поврзани со судница/адвокати и слично. Нема некоја интересна случка во нив, монотоно ми е се‘ што се случува, иако морам да признаам овде приказната е добро направена, околу Алиша и скандалот со нејзиниот маж Питер (Фаца од Сексот и градот).
Сепак не оди во понатамошно симнување, се надевав дека ова ќе биде замена за веќе откажената The beautiful life, но тоа е тоа... :)) | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: THE GOOD WIFE|2009- Саб Сеп 26, 2009 4:46 pm | |
| Јас ова не би се дрзнал ни на јутјуб да го погледнам | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: THE GOOD WIFE|2009- Пет Мај 07, 2010 1:51 am | |
| Мислам дека веќе имав напишано некаде, но добро веќе три недели ја гледам серијата но релаксирачки, по 2 епизоди неделно најмногу На почетокот, т.е иако првата епизода беше одлична, мислев дека целата серија ќе се одвива по судници, адвокати, и слично. Но сум згрешил, дефинитивно го има оној елемент на драма, каде што има вклучено секојдневни ситуации, секако на некој начин поврзани со случаевите, но одлично изработени. Џулијана е мерак за гледање не се сомневам дека ќе продолжи или таа или серијата да собира ЕМИ награди по завршувањето на сезоната Засега првите осум епизоди беа фантастични, ова новава беше доста интересна, а исто така беше интересно во минатата епизода кога Зак, синот на Алиша сакаше да ја најде љубовницата на татко му т.е бившата, која му го растури семејството и кариерата Продолжуваме и секако препорака | |
| | | Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| | | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: THE GOOD WIFE|2009- Нед Јун 27, 2010 4:57 am | |
| Заборавив да го искоментирам крајот. Одлично . Првата адвокатска драма која ме привлече да ја изледам, и многу сум радосен што и дадоа втора сезона, затоа што има доста интересен матријал за обработка. На крајот не оставија во неверојатна дилема... дали Џулијана ќе остане да се бори за кампањата на својот сопруг кој ја изневери и и го уништи животот неколку месец пред тоа, или пак ќе продолжи друг живот со нејзиниот колега! Едвај чекам! Ова мора да добие Еми во некоја категорија | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: THE GOOD WIFE|2009- | |
| |
| | | | THE GOOD WIFE|2009- | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|