Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeДРУГА Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 ДРУГА

Go down 
АвторПорака
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

ДРУГА Empty
ПишувањеПредмет: ДРУГА   ДРУГА I_icon_minitimeНед Окт 25, 2009 4:52 pm

A OUTRA - ДРУГА

Улоги:
ДРУГА 2kioao_th Mariana Ximenes MARIA ISABEL/CLARISSA

ДРУГА 4hcack_th Thiago Lacerda LUCAS VAN DER SER

ДРУГА 2mqooxw_th Cassia Kiss MARCIA DINIS

ДРУГА GalM_area_0_en Murilo Benicio GABRIEL MONTE

ДРУГА GalM_area_0_en Patricia Pillar ROSARIO OVEIDO DE LA MONTE

ДРУГА GalM_area_0_en Antonio Fagundes ANDRES MONTE

ДРУГА GalM_area_0_en Maria Fernanda Candido VITORIA VAN DER SER

ДРУГА GalM_area_0_en Luigi Baricelli SILVIO UGARTE

ДРУГА GalM_area_0_en Eduardo Moscovis HORACIO HERNANDEZ

ДРУГА Moz-screenshotДРУГА GalM_area_0_en Murillo Rosa FRANCISCO NEVES MARCONDES

ДРУГА GalM_area_0_en Paola Oliveira OLGA MOREIRA

ДРУГА GalM_area_0_en Liliana Castro MARIANA MONTE

ДРУГА GalM_area_0_en Grazi Massafera ANA VASCONCELLOS

ДРУГА GalM_area_0_en Alexandre Borges ALVARO FERNANDEZ

ДРУГА GalM_area_0_en Lilia Cabral CONSTANCIA

ДРУГА GalM_area_0_en Eva Wilma LUBA BOROWSKI

ДРУГА GalM_area_0_en Regiane Alves ALEXA DAMIAN

ДРУГА GalM_area_0_en Daniel de Oliveira AUGUSTO ROBLES

ДРУГА GalM_area_0_en Jose Mayer GUSTAVO QUEROZ

ДРУГА GalM_area_0_en Fernanda Montenegro MALVINA MONTE

ДРУГА GalM_area_0_en Raul Cortez AFONSO MONTE

ДРУГА GalM_area_0_en Ary Fontoura IGOR MANUSHKIN

ДРУГА GalM_area_0_en Fernanda Vasconcellos MARCIA DINIZ (young)

ДРУГА GalM_area_0_en Danton Mello ANDRES MONTE (young)
Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

ДРУГА Empty
ПишувањеПредмет: Re: ДРУГА   ДРУГА I_icon_minitimeНед Окт 25, 2009 5:31 pm


ДРУГА 205wmqe

Kоја е оваа жена?
И зошто секогаш сенката на другата ќе и го препречува патот кон љубовта?
Духовите на минатото и портретот на жената со која дели исто лице се нејзините најголеми препреки.
Дали мажот за кој смета дека е љубовта на нејзиниот живот ја љуби вистински или со неа е само затоа што го потсетува на онаа другата?
Дознајте...

Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

ДРУГА Empty
ПишувањеПредмет: Re: ДРУГА   ДРУГА I_icon_minitimeНед Окт 25, 2009 5:37 pm

ДРУГА 2gwe3gi

Дали љубовта може да ја победи смртта, или сенката заедно со спомените ќе бидат вечните демони кое ќе го следат насекаде?
Дали овој човек ќе може да се ослободи од оковите на жената која која му значела се, или истата таа ќе ја бара во други лица?
Но, што кога лицето на таа жена ќе се врати во неговиот живот под друго име?
Дали жената со исто лице како и претходната може да се сака подеднакво?
Што кога ќе паднат маските и ќе дојде денот да се соочи со вистината?
Друга жена.
Друга љубов.
Исто лице.

Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

ДРУГА Empty
ПишувањеПредмет: Re: ДРУГА   ДРУГА I_icon_minitimeНед Окт 25, 2009 5:45 pm

А ОUTRA
ДРУГА

1-ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ
Хациенда Монте Калварио, 1912 г.

Робството беше укинато во Бразил. Црнците повеќе не ги работеа плантажите со кафе како некогаш. Малкумина од нив, заедно со имигрантите од Европа, работеа на долгите бескрајни расдадници, попознати како ouro verde/зелено злато.
Mарсија беше млада слугинка на хациедната, која секојдневно покрај домашните обврски, делеше храна и вода меѓу работниците на плантажата. Останата сирак како десетгодишно девојче, Марсија одкако знаеше за себе. Знаеше дека нејзината должност е да им служи на своите газди, но пред се да и служи на доња Малвина Монте.
Старата хациенда потсетуваше на проститутка од Рио, која зад својата маска го криеше вистинското лице. На прв поглед, пространата куќа изобилуваше со раскош, но кога ќе погледнете малку подлабоко, подот на верандата беше прекриен со стар и издупчен патос, а ѕидовите беа позелени на краевите од влага.
Со лице, хациендата гледаше кон реката, а во задниот дел сеуште постоеа сензалите во кои некогаш живееа робовите.
Иако беше многу мала, кога црнците добија слобода, Марсија сеуште се сеќаваше на нивните болни крици кои одекнуваа во ноќта, на камшикот кој оставаше траги крв по нивните тела и мирисот на тревки кои ги премачкуваа трајните лузни ...
Марсија секогаш се обидуваше да го избегне патот кои минуваше низ сензалите, вртеше околу за да стигне до плантажите.
Од недалеку се чу биењето на старата камбанерија, која како и секој ден одкога девојката помнеше, отчукуваше точно дванаесет пати напладне и на полноќ.
-Марсија!,- до неа допре гласот на старата Марија дас Дорес, единствената останата робинка на хациендата, која работеше за фамилијата и беше плаќања за истото.

Од холот на хациендата допираше звукот на старото пијано, на кое свиреше Розарио Овеидо де Монте, жената на Андрес Монте, синот на газдите.
Беше слаба и висока, со светла кадрва коса и долги прсти. Розарио беше молчелива и ретко кога и се слушаше глас.
Андрес замислено стоеше покрај прозорецот и навидум ја слушаше мелодијата на својата сопруга. Беше висок маж, атлетски граден, со длабок продирен поглед, во чии зеници се читаше незадоволство и горчина.
Беше женет со Розарио по волја на неговите родтели, иако искрено никогаш не ја сакаше.
Тешкиот чекор и ударот на дрвениот бастун по раскрцканиот бродски под, го најави присуството на челичната дама, прекар по кој Доња Малвина Монте беше позната меѓу работниците на плантажата.Држеше телеграма во рацете, но нејзиниот студен поглед не говореше ништо.
-Што е мајко? Лоши вести?,- загрижено праша Андрес.
Дури и дон Афонсо, кој замислено ја читаше градската новина, го остави весникот на масичката, ги извади очилата и погледна во својата сопруга.
-Што се случило, Малвина?
Со длабок глас и грутка во грлото, доња Малвина проговори :
-Бродот во кој патуваше нашиот син...Родолфо...со семејството, трагично потонал удирајки во санта лед на дванаесети месецов. Родолфо и Хортенсија се на листата на починати.
-Не, мојот син...!-, тивко рече дон Афонсо и држејки се за срцето, се струполи на фотељата.
-Татко! Татко...-, до него притрча младиот Андрес. –Марија дас Дорес! Лековите! Брзо!
Доња Малвина остана да стои како вкочанета. Без капка крв во своето тело, стоеше и гледаше во празно.
-А, децата?-, праша Розарио, станувајки од пијаното.
-Децата се спасени. Наредната недела треба да стигнат на Монте Калварио. На сите ќе ни дојде добро детскиот џагор во куќава.
Розарио се почуствува ранета од ваквата забелешка на својата свекрва. Дури и во ваков болен момент, кога се соочува со смртта на својот син, доња Малвина прекорно и дофрлаше на Розарио за нејзината јаловост.

Деновите минуваа споро и тешко на Монте Калварио. Од сите страни пристигнуваа телеграми, роднини и пријатели им изразуваа сочуство на родителите кои го загубија постариот син во студените води на Атлантикот.
Весниците низ светот пишуваа за големата трагедија за “непотонливиот” брод на кој наидоа несудените патници од Ливерпул, кој заврши на дното на Атлантикот.

***
-Кутриот дон Афонсо, - рече Марсија, во разговор со старата Марија дас Дорес додека го подготвуваа ручекот во кујната.
-Поминаа речиси две седмици од страшната трагедија, а тој сеуште нема излезено од својата соба. Утрово додека му носев кафе и појадок во собата, за момент ме преплаши. Ослабен е изгледа постаро барем десет години.
-Кога умира дете, умира и срцето на родителите, Марсија.
-Доња Малвина делува како да загубила куче, а не син,- остро забележа Марсија.
-Припази на јазикот, бесрамна девојко,- ја прекори црната домарка, замавнувајки во празно со сукалото.
-Доња Малвина страда на поинаков начин. Таа страда повеќе во себе, одошто покажува пред другите. Сега, побрзај, девојко. Скоро е пладне, треба да се послужи чајот.

Моцартовата мелодија се разлеваше низ големата хациенда. Внесена во мелодијата, Розарио удираше на типките на старото пијано, додека во аголот на собата, Андрес ги средуваше документите на кои работеше.
Одеднаш одекна силен удар и музиката која доаѓаше од пијаното нагло престана.
Доња Малвина со својот бастун го спушти капакот на пијаното врз нежните прсти на Розарио, која болно крикна.
-Мојот син сеуште не е оладен, а ти се однесуваш како да си на виенски концерт,- ја прекори Доња Малвина со длабокиот баритон. Со солзи во очите и болка, Розарио како ранета срна истрча од салонот.
Само чекор ја делеше од вратата кога доња Малвина удри по подот со бастунот, довикувајки го нејзиното име:
-Розарио!
-Кажете, свекрво.
-Одмори се убаво, - рече кратко, но со доволно прекор во гласот.
-Не мислите дека вашата суровост кон Розарио ги надминува сите граници, мајко?,- ја запраша Андрес, подигнувакји ја главата од хартијата на која работеше.
-Твојата жена заслужува многу повеќе од мојот презир, Андрес. Жена која не може да роди дете, не е жена!
-Розарио и јас сторивме се за да зачнеме дете, мајко, многу добро го знаеш тоа. Ги посетивме најдобрите лекари во Европа, сите можни тревари...Сите го констатираа истото, дека Розарио и јас никогаш нема да можеме да имаме дете.
-Ако ти си помирен со идејата дека нема да имаш дете, јас неможам да се помирам дека нема да добијам твој наследник, Андрес! Не знам како можеш да бидеш толку мирен, знаејки дека никогаш нема да имаш дете, крв на твојата крв...Но, јас не се откажувам така лесно. Вечерва повторно ќе дојде Атилиа...
-Мајко, смачено ми е веќе од тие врачари кои ги носиш. Не сфаќаш ли дека ме измачуваш, а посебно ја мачиш Розарио?!
Доња Малвина остана без одговор, бидејки во тој миг влезе послугата да го послужи пладневниот чај.
Погледот на Андрес се задржа на младата Марсија.
Ја познаваше уште од дете, но Марсија беше пресрасната во вистинска убавица и не можеше да ја гледа со истите очи како некогаш.
-Каде сакате да го послужиме чајот, доња Малвина?-, праша Марија дас Дорес.
-На софата, како секогаш, -кратко одговори челичната дама.
Додека се сервираше чајот во порцеланските шољи, Марсија го подигна погледот кон младиот господин, како да сакаше со поглед да му каже нешто, но тој ја заврте главата, плашејки се дека неговата мајка може да го прочита тајниот говор на нивните очи.
Жедниот поглед на младата слугинка, кажуваше повеќе од илјада зборови.

Камбанаријата отчукуваше полноќ кога Розарио стана од креветот, ја облече ноќницата и излезе од собата, каде што во холот ја дочека доња Малвина со фенер во рацете кој го осветлуваше нејзиното остро лице...

Долу, во визбата на хациендата, беше направен олтар од свеќи, додека старата врачарка правеше нов обид да ја направи плода утробата на јаловата Розарио.

Во меѓувреме, Андрес се разбуди сред ноќ и ја затекна празна останатата половина на брачниот кревет. Ноќните ритуали на оплодување не беа непознати за него, па одлучи да го искористи времето во своја полза. Ги соблече пижамите и излезе од собата.
Во амбарот го чекаше Марсија.
-Помислив дека нема да дојдеш. Дека ќе ме извисиш како и повеќето пати.
-Биди моја, Марсија. Потребна си ми повеќе од било кога..., -во екстаза пошепоте тој, барајки ги нејзините усни во ноќта. Марсија беше како подарок од Бога, на кој тешко можеше да одолее.
-Земи ме, Андрес. Земи ме. Сакам да бидам твоја. Нема потреба да чекаме повеќе. Те љубам и знам дека нема да се покајам никогаш...Направи ме своја.
Андрес ја повлече кон себе малата девица, додека со усните и го грицкаше долниот дел од увото. Таа му одговори со насмевка и му ги подаде усните, се љубеа страсно и долго.

ПРОДОЛЖУВА
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





ДРУГА Empty
ПишувањеПредмет: Re: ДРУГА   ДРУГА I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
ДРУГА
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Вебновели-
Отиди до: