Сите ја сакавме, едноставно е неповторлива нема таква серија како оваа, за средношколскиот живот и средношколските проблеми, колку би било убаво да имаше уште една сезона, зашто како што се сеќавам не завршија, не матурираа, нели? Им остана уште една година Мене сите во целина ми беа супер, па делот со ложата, иначе од машките најубав беше дефинитивно Хоакин, тој со дрогата
*JaNa* Член
Zodiac : Број на мислења : 276 Birthday : 1995-04-09 Age : 29 Registration date : 2008-08-11
колку би било убаво да имаше уште една сезона, зашто како што се сеќавам не завршија, не матурираа, нели? Им остана уште една година
Елит Веј на крајот стана обично средно училиште, и ако се снимеше таа нова сезона немаше да биде исто... Во серијата се зборува за тинејџери кои живеат во интернат и таму го поминуваат сето време, а вака со нова сезона серијата ќе беше поразлична... Епа сега незнам колку тоа ќе беше добро или лошо... На мене како фан на оваа серија, доста ми се овие две сезони!
*JaNa* Член
Zodiac : Број на мислења : 276 Birthday : 1995-04-09 Age : 29 Registration date : 2008-08-11
не ми се верува кои кретени се ОБН... Го ставија оној Батко дебилот со емисија у 8 сабајле да ги труе луѓето со глупоси , наместо РВ да пуштеа , барем тоа ги интересира гледачите , а не некои сосем не битни и не познати личности кои му се гости секое сабајле!
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Да , стварно тебаше да има 3 сезона... Ама шо да и правиме на онаа глупавата Крис ...
Таа жена мене стварно не ми е јасна! Наместо нејзините проекти да бидат оригинални , единствени , тие да доживеат популарнист , она ги продава и се прават некои копии без врска .... И сега ко што гледа дека Еревеј сеуште имаат ОГРОМНА популарност , фановите ги бараат ... Она наместо да се залага за она што поголемиот дел од луѓето НИЗ СВЕТОТ го бараат , прави некоја си трета сезона од Ангели која сигурно ќе има помала гледаност и популарност одколку првите две...
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Ќе видиме, во секој случај за мене, доста беше и 1 сезона од таа приказна која наликува повеќе на класична теленовела Може во 2 сезона Ангелите ќе бидат како повеќе тин серија, па затоа се снима и 3 сезона
А дали меѓу Миа и Пабло имаше нешто некогаш? Мислам дека не Јас би сакала меѓу нив во почетокот да имаше нешто, они да беа демек најпопуларен пар во школото и да ги мразеа Марица и Мануел
А дали меѓу Миа и Пабло имаше нешто некогаш? Мислам дека не Јас би сакала меѓу нив во почетокот да имаше нешто, они да беа демек најпопуларен пар во школото и да ги мразеа Марица и Мануел
Не немаше...на почетокот Пабло малку флертуваше со Миа, ама Миа како Миа, не му обрнуваше внимание... Инаку не ти е лоша замислата Ама пак сепак јас си останувам на Пабло и Марица како омилен пар
*JaNa* Член
Zodiac : Број на мислења : 276 Birthday : 1995-04-09 Age : 29 Registration date : 2008-08-11
Хммм па јас не би можела да ги замислам Лу и Бенха како пар... За мене се како брат и сестра...што знам...
Инаку леле сега гледам на ЈуТуб некои нивни клипови, и се ежам од самата помисла за тоа колку беа популарни кај нас...Колку сите се радувавме на спотов, кога почна 2 сезона:
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Требаше и кај нас да направат пауза (кратка) меѓу двете сезони како што сега направија за Ангели, поинтересно ќе ни беше Иначе која сезона ви беше поубава? Мене и двете, али некако поинтересна првата затоа што се ми беше ново, повеќе глупости имаше, ривалството меѓшу Миа и Марица беше главната тема А во втората сезона веќе почнаа да ме нервира тој проферсорот што и беше татко на Марица, после Серхио имаше некоја си демек улога
solange Топ постер
Број на мислења : 4033 Registration date : 2008-08-19
Ах и двете беа прекрасни... Добро ајде, ептен малку повеќе ми се допаѓаше втората бидејќи имаше повеќе сцени со Пабло и Марица хаха и се случи најубавиот бакнеж во историјата на теленовелите