Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Нед Фед 21, 2010 4:31 pm
Ги видов трејлерите додеа гледав филм во Рамстор, па значи наскоро доаѓаат и тие. Едвај чекам да ги гледам
anaivanovic Нов Член
Број на мислења : 79 Registration date : 2009-11-27
Предмет: Re: Кино проекции Пон Фед 22, 2010 2:16 pm
LucasScott напиша:
Леле немој да си помислила да одиш на тој филм. Брат ми беше ,инатата недела и заспал. Јас на ДВД го гледав пред два месеци, филмот нема ни с од страшен. Најглупав хорор евер!
Хаха добро
А за овој шутер исланд ја глеав рекламата и стварно ми се допадна.Обавезно идам и го глеам ко ќе искочи.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Чет Фед 25, 2010 11:47 pm
Најновиот психолошки трилер од Мартин Скорсезе со ѕвездата Леонардо ДиКаприо во главна улога!
„Островот Шутер“ (Shutter Island)
од утре (26.02.2010) во Кино Рамстор. Проекциите се во: 16:00 , 19:00 и 22:00 часот.
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Предмет: Re: Кино проекции Нед Фед 28, 2010 11:14 pm
"Сите сме супер" (Everybody's Fine) во кино Милениум со проекции во 20:30 и 22:30!
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Пет Мар 05, 2010 9:34 pm
НАСКОРО ВО КИНО РАМСТОР
и..!
anaivanovic Нов Член
Број на мислења : 79 Registration date : 2009-11-27
Предмет: Re: Кино проекции Нед Мар 07, 2010 6:10 pm
Го гледав паранормална активност. Не беше страшен само на крајот така она кога го уби дечко и.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Нед Мар 07, 2010 9:03 pm
Наскоро во КИНО МИЛЕНИУМ!
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
Предмет: Re: Кино проекции Нед Мар 07, 2010 9:46 pm
Alice во Рамстор?! Заааааакон! :)) Не смее да се пропушти!
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Нед Мар 07, 2010 9:52 pm
Игор напиша:
Alice во Рамстор?! Заааааакон! :)) Не смее да се пропушти!
Да, тоа не се пропушта. Кога ќе почне да се емитува, ќе отидам специјално во Скопје заедно со неа и Shutter Island да го гледам. Иначе од овие на Милениум што ќе одат сакам да го гледам само Ghost Writer на Роман Полански, многу го фалат филмот.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Сре Мар 17, 2010 1:44 pm
- Од 19 март во Кино Милениум -
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Пет Апр 30, 2010 9:37 pm
Од денеска во скопските кина!
ЖЕЛЕЗЕН ЧОВЕК 2 Iron Man 2 КИНО РАМСТОР - 15:00; 17:30; 20:00; 22:00
ЛОВЕЦ НА УЦЕНИ The Bounty Hunter КИНО МИЛЕНИУМ - 11:00, 13:30, 18:00, 20:30, 22:30 ч.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Пет Мај 07, 2010 12:12 am
Во петок, 7 мај од 20.30 часот во Кино Миелениум ќе се одржи премиерата на апсолутниот победник на овогодинешното доделување на Оскарите, филмското остварување „Шкафче на болката“ (“THE HURT LOCKER”), на режисерката Кетрин Бигелоу
Според повеќето фимски критичари „Шкафче на болката“ е првиот високобуџетен холивудски филм кој на реалистичен начин ја прикажува војната во Ирак, и е еден од најдобрите воени филмови во последната деценија.
Снимен на автентични локации на Блискиот Исток, со камера „од рака“ и брза монтажа, филмот прецизно ја отсликува тензијата и паранојата на војната во Ирак. Овие квалитети знаеше да ги препознае и соодветно вреднува и американсата филмска академија.
Во директна конкуренција со најгледаниот филм оваа година, „Аватар“ на нејзиниот поранешен сопруг, режисерот Џејмс Камерон, Кетрин Бигелоу ги понесе речиси сите позначајни награди на говоодинешното доделување на Оскарите, добивајќи го епитетот - филм на годината.
Филмот доби и награда за најдобро автентично сценариот од Американското здружение на филмски критичари и сценаристи.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Сре Мај 12, 2010 11:29 pm
Јас планирам да одам на „Nine“ сакав да го видам на кино платно и еве шанса, иако го имам веќе изгледано. Исто така „Ghost Writer“ од Роман Полански не се пропушта.
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Пон Мај 31, 2010 8:13 pm
Од 4 јуни во КИНО РАМСТОР, вториот дел од СЕКСОТ И ГРАДОТ. Картите во претпродажба ќе бидат од утре!
Во текот на летото ќе се прикажуваат и: „ПРИНЦОТ ОД ПЕРСИЈА: ПЕСОЦИ НА ВРЕМЕТО“ и „РОБИН ХУД“.
за Сексот и Робин
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Вто Јун 15, 2010 10:14 pm
Од петок (18 јуни) во Кино Рамстор.
од режисерот на „Гладијатор“ и „Небесно кралство“ доаѓа историскиот спектакл за:
"ROBIN HOOD"
Оскаровецот Расел Кроу ја глуми вистинската легенда во новиот авантуристички историски спектакл на режисерот Ридли Скот - Робин Худ. Во 13ти век во Англија, Робин и неговата банда се потпираат на корупцијата во околното село и креваат побуни против Круната која засекогаш ќе го промени светот. Без разлика дали се мислио за него како за крадец или јунак, тој човек ќе стане вечен симбол за борбата за слободата на сите луѓе.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Чет Јун 17, 2010 11:01 pm
КИНО ПРОГРАМА од 18.06.2010
Кино Милениум
The Ghost Writer Проекции: 11:00, 13:00, 20:30, 22:30
The Imaginarium of Doctor Parnassus Проекции 18:00
Pelican man Проекции сабота и недела 11:00, 13:30
Кино Рамстор
Alexander, the Great (anime) Проекции: 11:00
Prince of Persia Проекции: 12:00, 14:00, 16:00, 18:00, 20:00
Robin Hood Проекции: 12:30, 15:00, 17:30, 22:00
Sex and the City 2 Проекции: 22:30
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Чет Jул 15, 2010 1:38 pm
Премиери во Кино Милениум, 16 јули!
„Убијци” е најновото остварување на Роберт Лукетиќ (австралиски режисер со хрватско потекло, познат по филмовите „Легална русокоса” и „21“).
Станува збор за акциона комедија во која главните улоги ги толкуваат Ештон Качер, Кетрин Хејгл (од серијата „Вовед во анатомија”) и Том Селек.
Приказната започнува од моментот кога Џен Корнфлет (Кетрин Хејгл) заедно со родителите (Том Селек и Кетрин О’Хара), заминува на семеен одмор, со цел да закрепне од трауматичниот крај на љубовната врска.
Таму, го запознава привлечниот Спенсер Ејмс (Ештон Качер). Двајцата веднаш се зближуваат и набрзо се венчаваат. Навидум совршениот брак на Џен и на Спенсер се претвора во ноќен кошмар кога Спенсер, поради тајните од минатото го прогонуваат платени убијци.
Дерек Томпсон е „Тут Фери“, наострен хокеј играч чиј прекар доаѓа од неговата навика да им ги крши забите на противниците. Кога Дерек ќе ги уништи надежите на младите, тој ќе биде испратен на еднонеделна макотрпна работа.
Со крилја и магично стапче, тој ќе треба да ја работи работата на вистинската Вила на млечните запчиња. На почетокот, воопшто не му оди од рака, постојано се спрепнува во обидот да избега од туѓите домови... она, што многу лесно го прави самата Вила. Но, како што Дерек се привикнува на неговата работа, така почнува да си ги разоткрива своите подзаборавени сни.
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 ч., по цена од 100 денари.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Саб Jул 17, 2010 5:13 am
Кратка содржина: „Возрасните” е најновото филмско остварување на Адам Сендлер, кој покрај што ја толкува една од главните улоги во филмот е и косценарист. Ако се додаде дека режисер е Денис Дуган, „виновникот“ за една од најурнебесните и најоткачени комедии од последната филмска деценија („Не задевајте се со Зохан”), јасно е дека „Возразните” е една од најочекуваните холивудски комедии за ова лето. Во филмот, настапуваат и: Кевин Џејмс, Крис Рок, Роб Шнајдер и Дејвид Спеид. Приказната е за петмина пријатели кои се поранешни тимски другари. Тие повторно се обединуваат по смртта на нивниот кошаркарски тренер. Заедно со нивните сопруги (Селма Хаек, Марија Бело, Маја Рудолф) како и нивните дечиња, тие, заедно го минуваат викендот за Денот на независноста, 4-ти јули, во викенд куќа крај езеро и прославувајќи ги победите во минатото. Продолжувајќи онаму каде застанале, тие ќе откријат дека стареењето не значи и созревање.
Кратка содржина: „Платеници“ е еден од најочекуваните акциони филмови во последните десетина години. Филмот е своевиден омаж на акционите филмови од 80-ти години („Рамбо”, „Терминатор”, „Командос”...). Во филмот е собрана неверојатна актерска екипа,: Силвестер Сталоне, Џет Ли, Долф Лундгрен, Ерик Робертс, Мики Рурк, Брус Вилис, Арнолд Шварценегер, Дени Трејо. Силвестер Сталоне освен како актер се потпишува и како сценарист и режисер на филмот. Целата еуфорија околу филмот е подгреана со неколку несреќи кои го пратеа неговото снимање (смрта на Британи Марфи, која имаше споредна улога во филмот и тешката повреда на вратот на Сталоне при снимање на една од бруталните сцени на борба во филмот). Група на платеници се собира и заминува во Јужна Америка каде во една самоубиствена мисија ќе се обидат да го симнат од власт озлогласениот диктатор на една мала банална држава.
наскоро...
Невини лаги Knight and day
Режија: Џејмс Менголд Улоги: Том Круз, Камерон Дијаз, Питер Саргард
Кратка содржина: „Невини лаги“ е најновото остварување на Џејмс Менголд (James Mangold), според филмската критика „припадникот на надоаѓачките нови сили на Холивуд“, кој зад себе веќе ги има реализирано: „3:10 за Јума” (3:10 to Yuma) , „Чекорење по ивицата” (Walk the line), „Неприлагодена“ (Girl, interrupted)... Во „Невини Лаги“, повторно заедно се импресивниот актерски тандем Том Круз и Камерон Дијаз, кои остварија импресивни улоги во веќе култниот филм од 2001, „Небо од ванила” (Vanila Sky). Во таа смисла, филмот е еден од најисчекуваните хитови ова лето во очекување, дали Том Круз и Камерон Дијаз ќе го повторат успехот на нивниот последен заеднички филм. Во фокусот на случувањето е осамена жена, (Камерон Дијаз), на која еден навидум незначаен „состанок на слепо“, неочекувано го испревртува сиот дотогашен живот и секојдневие, кога тајниот агент, (Том Круз), ќе ја поведе во дива и возбудлива авантура, како би ја сочувал моќната батерија во која е содржан клучот на неограничениот извор на енергија. Нејзиниот живот дополнително се усложнува со фактот дека нејзината сестра се мажи, а таа мора да го заземе местото на нивниот починат татко и да ја испрати до олтарот.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Сре Aвг 11, 2010 2:55 pm
од 27 август:
"Knight and Day" "The Expendables"
наскоро:
LUNA Член
Број на мислења : 160 Location : Скопје Registration date : 2010-03-07
Предмет: Re: Кино проекции Саб Сеп 04, 2010 5:48 pm
Дали се знае отприлика од кога ќе почне да се емитува SALT во македонските кина?
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Саб Сеп 04, 2010 5:50 pm
LUNA напиша:
Дали се знае отприлика од кога ќе почне да се емитува SALT во македонските кина?
Во Милениум од 10 септември. Бар така пишува на официјалната страна.
LUNA Член
Број на мислења : 160 Location : Скопје Registration date : 2010-03-07
Предмет: Re: Кино проекции Саб Сеп 04, 2010 5:53 pm
Супер ако е стварно од 10 септември,тогаш се ближи денот Едвај чекам во кино да го гледам. Фала за одговорот
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Пет Окт 01, 2010 5:58 pm
И по 2 месеци чекање... КОНЕЧНО ДОЧЕКАВМЕ..
"Inception" од утре во КИНО РАМСТОР.
Од утре во кината во "Рамстор" почнува да се прикажува најинтригнатниот спектакл во оваа година, акциониот научнофантастичен трилер "Почеток" (Inception) на Кристофер Нолан, кој го напиша, го продуцираше и го режираше филмот, а главната улога му ја довери на Леонардо ди Каприо. Игра импресивна актерска екипа, сочинета од Кен Ватанабе, Елен Пејџ и Том Беринџер, како и добитниците на Оскар Марион Котијар и Мајкл Кејн.
"Почеток" е трилер, драма со научнофантастични примеси, произведен во копродукција помеѓу САД и Велика Британија.
Леонардо ди Каприо е Дом Коб, човекот што има голема моќ во манипулирање со соништата. Благодарејќи и на оваа фантастична способност, Коб станува исклучително баран од моќните корпорации кои ги користат неговите единствени вештини за да ја надмудрат конкуренцијата и да дојдат до вредни информации. Сепак, неговата најнова задача е поинаква од сe што претходно работел.
Има над 500 кадри со визуелни ефекти. Продуцентите "Ворнер Брос" го убедувале Нолан да го работи филмот во ЗД, но тој одбил, тврдејќи оти "ќе се изгуби раскажувачкиот ефект на 'Почеток'". Кристофер Нолан, по завршувањето на филмот, изјавил дека му бил најнапорниот проект во кариерата. Премиерата беше на 16 јули во САД, а во првиот викенд заработи 62.785. 337 долари. Буџетот му изнесуваше околу 160.000.000 долари.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Кино проекции Вто Ное 16, 2010 12:40 am
Премиерата на првиот од двата последни филма за волшебникот Хари Потер во Скопје ќе се случи следната недела, на 19 ноември, денот кога овој проект ќе почне да се прикажува во светски рамки - во Велика Британија публиката ќе може да го гледа од денеска, додека во Северна Америка од понеделник
Се ближи крајот на филмскиот хит-серијал за младиот волшебник Хари Потер, а првото од двете последни поглавја од оваа приказна нашата публика ќе може да го гледа од следниот петок, ни потврди „Манаки филм“, дистрибутерот на остварувањето во Македонија. Свечената премиера на „Хари Потер и реликвиите на смртта“ во Велика Британија е денеска, во Лондон, а во САД, во Њујорк, е закажана за понеделник.
Во Скопје, пак, како што ни изјавија од „Манаки филм“, проекциите ќе се случуваат во киносалите во Трговскиот центар „Рамстор“. Почетокот на прикажувањето во Македонија се совпаѓа и со дистрибуцијата на насловот во останатите држави во светот. Во САД најпосетуваниот интернет-портал за набавка на киновлезници, „Фанданго“, објави дека околу 500 термини за прикажување на филмот веќе се распродадени, иако публиката ќе може да го гледа од следната недела.
Освен за Џ. К. Роулинг, авторката на популарните книги според кои е снимен филмот, ликот на Хари Потер се покажа извонредно исплатлив и за Холивуд, поточно за студиото „Ворнер брос“. Само од влезници шесте филма од 2001 година до денес имаа приход од 5,4 милијарди долари. Аналитичарите наведуваат дека сумата многу се зголемува ако во неа се вклучат сите играчки, облека, видеоигри и другата трговска стока што го носи логото на славниот серијал.
- Над сиве овие ноемврски филмови е почетокот на крајот на серијалот за Хари Потер, што несомнено ќе поттикне продажба на масивен број киновлезници - изјави за Ројтерс Реј Суберс од интернет-страницата „Боксофис моџо“, која ја следи гледаноста на филмовите.
Суберс открива дека повеќе од 57 проценти од испитаните посетители на нивната страница потврдиле дека „Хари Потер и реликвиите на смртта“ е филмот што најмногу го исчекуваат во ноември. Вториот дел на последното долгометражно остварување публиката ќе може да го гледа во јули следната година. Освен во стандарден 2Д-формат, се очекува да биде прикажувано и во 3Д-варијанта.
Филмскиот трејлер, дел од огромната маркетинг-кампања што трае веќе неколку недели, наведува дека приказната ќе изобилува со спектакуларни акциони сцени, мрачен заплет и односот меѓу двата централни машки лика, Хари (Даниел Ретклиф) и Рон (Руперт Гринт). Третиот носечки лик во сторијата е Хермиона, одиграна од Ема Вотсон. Овие млади актери изминатава деценија ги играа истите ликови и од неодамна го шетаат светот и даваат интервјуа за серијалот. Сите ги искажаа своите измешани чувства во врска со проектот што бргу ги претвори во ѕвезди од првиот холивудски ешалон и во милионери.
Вотсон за „Вог“ откри дека кога имала 17 или 18 години се шокирала кога дознала колку заработила. Се проценува дека таа сега има околу 23 милиони евра на својата сметка. Даниел Ретклиф, пак, кој сега има 21 година, веројатно „тежи“ околу 46 милиони евра. Во интервју за „Сандеј тајмс“ тој изјави дека филмовите за Хари Потер се „како да си во мафијата, ако еднаш станеш дел од неа, нема излез“.