Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeФилмски вести - Page 2 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Филмски вести

Go down 
+4
Michael Myers
Posh Girl
Ana-Marija
Bobi
8 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
LUNA
Член
Член
LUNA


Female Број на мислења : 160
Location : Скопје
Registration date : 2010-03-07

Филмски вести - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Филмски вести - Page 2 I_icon_minitimeСре Сеп 01, 2010 6:23 pm

Се ближи премиерата на 7 дел од серијалот SAW
Најновото продолжение на фантастичниот серијал SAW (Пила), SAW 7 (3D) ќе ја доживее својата премиера на 29.Октомври.2010.Традицијонално неколку дена пред Halloween.
Инаку серијалот SAW (моментално 6 дела) е еден од моите омилени филмови,сите 6 дела се фантастични (секако за мој вкус),а верувам дека и 7 дел ќе биде екстра.

SAW 3D (7 дел)

Вратете се на почетокот Go down
MK fan
Член
Член
MK fan


Male Zodiac : Taurus Број на мислења : 429
Birthday : 1993-05-01
Age : 31
Location : Велес
Registration date : 2010-01-13

Филмски вести - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Филмски вести - Page 2 I_icon_minitimeВто Сеп 21, 2010 9:46 pm

Мислам дека ова е најсоодветната тема за ова Филмски вести - Page 2 996773
Ан­џе­ли­на Џоли ја избра Јелена Јованова

Ма­ке­дон­ска­та актерка Јелена Јованова вчера ни потврди дека е избрана во кастингот на режисерскиот деби филм на холивудската ѕвезда Ан­џе­ли­на Џоли, што таа се подготвува да го снима во Сараево и во Будимпешта след­ни­от месец и во ноември. Строгите правила на договорот со хо­ли­вуд­ска­та продукција на Јованова во овој момент не $ дозволуваат што било дру­го да изјави.
Она што се знае од изминативе месеци е дека Јованова беше на пре­ми­е­ра­та на ирско-македонско-шведската копродукција "Како да ме нема" на ре­жи­сер­ка­та Хуанита Вилсон на Сараевскиот филмски фестивал. Таа та­му ја толкува улогата на Јасмина, девојка од женската соба, втор женски лик во филмот. Во меѓувреме, Јелена учествуваше и во Талент кампусот кој се одвива во рамките на овој фестивал.
Из­вес­но е дека била забележана од продуцентите и кастинг директорката на Џоли, кои на големо, оттогаш наваму во Босна и Херцеговина работат на прет­про­дук­ци­ја­та на филмот, кој сè уште нема наслов и чие сценарио, исто та­ка, го пишува Џоли, а ќе биде љубовна драма во која Босанка се вљу­бу­ва во српски војник на почетокот на избувнувањето на босанската војна во 1991 го­ди­на.Је­ле­на Јованова е актерка на Македонскиот народен театар, и оттаму про­те­коа информациите оти таа, покрај престојот, била повикана и во Бу­дим­пеш­та каде што се претпоставува оти го поминала кастингот и со­ра­бо­ту­ва­ла со Џоли. Дознаваме дека таа деновиве бара замени за нејзините уло­ги. Јованова во моментов на репертоар ги има "Тупаница полна љу­бов", "Сомнително лице", "Вејка на ветрот", "Госпоѓа министерка", "Дундо Ма­рое", "Демонот од Дебар маало", "Троил и Кресида", а е во подготовки на новата претстава на Васил Христов "Темпирана опера".
Она што светските агенции го пренесуваа досега за филмот на Џоли, кој се базира на вистинска приказна, е дека таа првично планирала филмот да го снима во Србија. Потоа, како амбасадор на добра волја на Високиот ко­ме­са­ри­јат за бегалци на ОН го посетила Сараево и ги одредила локациите. Џо­ли нема да глуми во филмот со буџет од 15 милиони долари, во кој, ос­вен како режисер и сценарист, ќе биде и продуцент, заедно со британската ком­па­ни­ја "ГК филмс", која го продуцираше и нејзиниот најнов филм како ак­тер­ка "Турист", кој излегува во декември.
"Мо­јот филм е љубовна приказна, а не политичка изјава. Би сакала да вклу­чам што е можно повеќе од локалното население и да научам што по­ве­ќе", изјави Џоли за нејзиното режисерско деби, за време на посетата на Бос­на во август. Нејзин продуцент во Босна е "Скаут филм".
Спо­ред информациите на филмската датабаза на Интернет, засега е из­вес­но дека во филмот ќе играат Раде Шербеџија и српскиот глумец Ни­ко­ла Ѓуричко.
Точ­ни­те локации во Босна и датумот на првата клапа уште не е објавен од без­бед­нос­ни причини.
М. Зафировска

http://www.vest.com.mk/?ItemID=C1E7BDEF8E27164FADDE554035F81DF6

И посакувам многу успех на оваа исклучително перспективна Македонска актерка Филмски вести - Page 2 425582
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Филмски вести - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Филмски вести - Page 2 I_icon_minitimeПон Окт 18, 2010 9:56 pm

Четири милиони евра за филмовите на Попов и на Митревски

И двата филма - „Приказни од Дивиот Исток“ на Столе Попов и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски со години не можеа да почнат да се снимаат зашто немаа затворен буџет. Со милионската сума што ќе им ја даде Владата, филмовите треба да бидат готови во 2012 година


Со четири милиони евра Владата ќе го финансира снимањето на двата македонски филма „Приказни од Дивиот Исток“ на Столе Попов и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. За филмот на Попов предвидени се 2,5 милиони евра, а за „Трето полувреме“ на Митревски - 1,5 милион евра.

Двата филма ќе се снимаат во Македонија, а треба да бидат завршени во 2012 година.

- За прв пат досега Министерството за култура дава јасно одредена назнака за посакуваниот правец во кој треба да се развива македонската кинематографија и изразува желба за продукциска финансиска поддршка која е навистина значајна, не само за македонски, туку и за регионални услови - вели режисерот Дарко Митревски.

Филмот „Трето полувреме“ веќе осум години не може да почне да се снима зашто нема затворена финансиска конструкција.

- Освен уметничка, филмот има и комерцијална природа, а нашите амбиции се големи и на двата плана - вели Митревски.

Дејството на филмот се случува во 1942 година и е базирано на автентична приказна за фудбалскиот клуб Македонија, воден од тренер-Евреин, со чија помош тимот успеал да го освои шампионатот на тогашната фудбалска лига на фашистичка Бугарија. По казна, тренерот е пратен во концентрационен логор, а фудбалерите од тимот успеваат да го спасат од возот кој го носел за Треблинка и го препраќаат во Албанија, каде што се крие неколку години.

- Ова е вистинска приказна која многу постарите Скопјани од Дебар Маало ја знаат. Тие се сеќаваат на тренерот Шпиц, кој по војната бил тренер на Вардар, а умрел на фудбалскиот терен за време на натпревар меѓу Вардар и ОФК Белград - вели Митревски.

Првата верзија за сценариото на „Приказни од Дивиот Исток“, Попов почнал да ја пишува пред 20 години во соработка со Горан Стефановски.

- Досега немаше слух да се направи овој филм. Имаше многу неуспешни обиди, многу влади ветуваа на празно - вели режисерот Столе Попов.

Според него, оваа поддршка од Владата е храбар потег кој ќе покаже дека Македонија може да има сериозен кинематографски капацитет за правење филмови од историското минато, филмови што реконструираат епоха, со богата костимографија и сценографија, комплексни од секој аспект, кои на меѓународен план ќе го лансираат високиот професионализам на македонските филмски работници.

Во реализацијата на „Приказни од Дивиот Исток“ освен Македонија, вклучени се и продуцентски куќи од Бугарија, Србија, Грција и од Хрватска.

Филмот обработува историска приказна, но не преку конкретни настани и личности. Дејството се одвива на почетокот од 20 век во Македонија.

- Филмот има универзален естетски пристап и преку него проговорува и за суштината на македонското битие, за она што било и ќе остане супстрат на македонската кауза, исконското чувство за слобода, самостојност, достоинство. Опфатени се и темните страни, разочарувањата, предавствата, измамите, кодошењата... Во голема мера темата и идејата кореспондираат со денешните збиднувања. Мислам дека ќе биде многу актуелен и атрактивен не само за Балканот, туку и за Европа и за светот - вели Попов.


Извор: Нова Македонија

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Филмски вести - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Филмски вести - Page 2 I_icon_minitimeВто Ное 30, 2010 1:22 am


Џејмс Франко и Ен Хетавеј водители на Оскарите!

Филмски вести - Page 2 James-Franco-Anne-Hathaway_320

Се повторува приказната од лани, на 27 февруари идната година повторно ќе видиме филмска двојка која ќе нѐ забавува неколку часа на доделувањето на наградите Оскари. Џејмс Франко и Ен Хетавеј денеска беа објавени како водители на наградите, од страна на Брус Коен и Дон Мишер, продуцентите на престојното издание.

"Џејмс Франко и Ен Хетавеј ја означуваат следната генерација на Холивудски икони - свежи, возбудливи и мулти-талентирани. Се надеваме дека ќе креаираме пренос на Оскарите кој ќе нѝ ги покаже нивните таленти и забавувачки карактери на 27 февруари" -изјавија Коен и Мишер. "Ние сме комплетно возбудени со фактот дека Џејмс и Ен ќе ги придружат силите на нашиот креативен тим да го сториме тоа!"

Франко, кој моментално може да го видиме во најновото филмско остварување на Дени Бојл ("Сиромашниот милионер"), 127 часа , ќе се појави по втор пат на Оскарите. Тој е попознат и по филмовите "Eat Pray Love", "Date Night", "Milk" и комедијата "Pineapple Express".

Хетавеј ќе се појави по петти пат на Оскарите. Таа учевствуваше во овогодинешните филмски остварувања "Алиса во земјата на чудата" и нејзиниот најнов филм, чија премиера беше деновиве "Love and Other Drugs". Таа исто така е позната и по филмовите "Bride wars", биографската драма "Becoming Jane", "The Devil Wears Prada" и др. Исто така беше номинирана за Оскар во 2008 за главниот лик во филмот "Rachel Getting Married".

Извор: http://www.comingsoon.net/news/movienews.php?id=71966#ixzz16iDUD57s
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Филмски вести - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Филмски вести - Page 2 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Филмски вести
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Филм :: Дебата за филмовите-
Отиди до: