|
| | NARUTO | 2002-2007 | |
|
+4dijanape Michael Myers Pitt Beauty 8 posters | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: NARUTO | 2002-2007 Саб Дек 05, 2009 4:58 am | |
| Наруто(NARUTO -ナルト-, Наруто латинизирано како NARUTO) е тековен јапонски манга серијал напишан и илустриран од Масаши Кишимото. Заплетот ја кажува приказната на Наруто Узумаки, бучен, хиперактивен и адолесцентен нинџа кој константно бара признавање и се стреми да стане Хокаге, нинџа во неговото село која се препознава како лидер и како најсилна од сите. Серијалот е базиран на one-shot стрип од Кишимото, кој беше издаден во изданието Akamaru Jump за август 1997. Мангата за прв пат беше издадена во 1999 од страна на јапонската издавачка куќа Shueisha во 43-то издание на јапонското списание Weekly Shōnen Jump. Мангата сè уште се серијализира, со 47 танкобон томови издадени досега. Мангата подоцна беше адаптирана во аниме, кое беше продуцирано во студијата Pierrot и Aniplex. Премиерата се прикажа низ Јапонија на телевизијата TV Tokyo и на сателитската телевизија Animax на 3 октомври, 2002. Првата аниме серија содржи 220 епизоди, додека Наруто: Шипуден, продолжение на првобитната серија, се прикажува од 15 февруари, 2007. Во дополнение на аниме серијата, студиото Pierrot разви пет филмови и уште неколку оригинални видео анимации (ОВА). Други видови на трговска стока како романи, видео игри и карти за менување се произведени од неколку компании. Viz Media ги има лиценцирано мангата и анимето за продукција на Северна Америка. Viz ги објавува серијалите во нивното Shonen Jump списание, како и посебните томови. Аниме серијата започна со прикажување во САД и Канада во 2005 година, а подоцна и во Обединетото Кралство и Австралија во 2006 и 2007, соодветно. Филмовите, како и повеќето ОВА од серијата, исто така се реализирани под лицанцата на Viz Media, со првиот филм премиерно прикажан во кината. Првото DVD издание на Наруто: Шипуден ќе биде издадено од страна на Viz во Северна Америка на 29 септември, 2009. Серијализиран во списанието Shonen Jump на Viz, Наруто е еден од најпродаваните манга серијали на компанијата. Сè од 36 издание, мангата има продадено над 71 милион копии во Јапонија. Англиската адаптација на серијалот исто така се има појавено и во USA Today неколкупати, а 11 том ја освои Квил наградата во 2006. Критичари за серијалот ја имаат пофалено рамнотежата помеѓу борењето и комичните сцени, како и карактерите на ликовите. Како и да е, некои од критичарите имаат забележно дека серијалот има концепти кои се појавуваат во неколку shōnen серијали. Содржина:Наруто Узумаки е младо момче кој ја има Девет-опашестата демонска лисица запечатено во него. Дванаесет години пред почетокот на серијата, Девет-опашестата демонска лисица го нападнала нинџа селото Конохагакуре, крвопролевајќи многу животи. Поради тоа, лидерот на Конохагакуре – Четвртиот Хокаге, го жртвувал својот живот запечатувајќи го демонот во едно новороденче по име Наруто. Конохагакуре, и покрај фактот дека тој го спасил селото, се однесувале кон Наруто како тој да е демонската лисица и го малтретирале низ поголемиот дел од неговото детство. Во едно соопштение направено од Третиот Хокаге, кој го заменил Четвртиот Хокаге по неговата смрт, се забранило воопшто да се споменува нападот на демонската лисица, со надеж дека Наруто би можел да има барем малку нормално детство. Години подоцна, Наруто е измамен од отметничката нинџа Мизуки да украде забранет свиток, но е спречен од неговиот учител, Ирука Умино. Кога Ирука речиси умира обидувајќи се да го заштити Наруто од Мизуки, Наруто го поразува Мизуки користејќи ја моќта на свитокот, кој му помага да ја развие натприродната техника Клонови на сенки која создава клонови од него. Оваа средба му овозможува на Наруто да сфати дека тој е содржателот на демонската лисица. Главната приказна го следи растењето и созревањето на Наруто и неговите пријатели. Наруто е ставен во тим со уште две млади нинџи, Сасуке Учиха и Сакура Харуно, кој се назначени да формираат тим од три лица именуван како Тим 7 под водство на искусниот сенсеи по име Какаши Хатаке. Како сите нинџа тимови од секое село, така и Тим 7 е задолжен да извршува мисии по барање на селаните. Во текот на мисиите, Наруто се спријателува и со други ликови кои ги запознава низ серијата. Тие изучуваат нови способности, се запознаваат подобро меѓусебно и со други селани и доживуваат патување на развој и растење како што Наруто сонува да стане Хокаге на Конохагакуре. По неколку мисии, Какаши му дозволува на Тим 7 да учествува во „Чунин испитот“ во кој можат да си го подобрат својот нинџа ранк, а со тоа да бидат дел од потешки мисии. За време на испитот, Орочимару, криминалец на врвот на списокот на најбарани криминалци, ја напаѓа Коноха, убивајќи го Третиот Хокаге како одмазнички чин. Ова придонесува да еден од трите легендарни нинџи, Џираија да ја побара својата поранешна партнерка Цунаде, да стане петтиот Хокаге. За време на потрагата, се открива дека Орочимару посакува да го придобие Сасуке Учиха како неговото следно тело. Верувајќи дека Орочимару ќе му ја даде силата потребна да го убие својот брат Итачи, кој го уништил сиот негов клан. Сасуке оди кај Орочимару. Цунаде праќа група нинџи вклучувајќи го и Наруто за да го вратат Сасуке во Коноха, но Наруто не успева да го победи. Наруто не се откажува од Сасуке, напуштајќи ја Коноха и започнувајќи две и пол години долго тренирање под раководстово на Џираија за да се подготви себеси за следниот пат кога ќе наиде на Сасуке. По тренирањето, мистериозна организација наречена Акатски се обидува да ги зароби деветте моќни опашести ѕверови вклучувајќи ја и Девет-опашестата демонска лисица запечатена во Наруто. Неколку нинџи од Конохагакуре, вклучувајќи го и Тим 7, се борат против членовите на Акатски и го бараат нивниот партнер Сасуке. Иако успеваат да го спасат содржателот на Едно-опашестиот ѕвер, Гаара, Акатски успева да зароби седум од суштествата. Сасуке, во меѓувреме го предава Орочимару и се соочува со Итачи за да добие одмазда. Иако Итачи умира во борба, подоцна основачот на Акатски Мадара Учиха му кажува на Сасуке дека му било наредено на Итачи од лидерството на Конохагакуре да го уништи својот клан. Растажен од откритието, Сасуке им се придружува на силите на Акатски за да го уништи Конохагакуре. Во меѓувреме, иако неколку членови на Акатски се поразени од некои нинџи на Конохагакуре, лидерот, Пеин, навлегуваа во селото за да го фати Наруто. Сепак, Наруто ги победува сите тела на Пеин и го убедува вистинското да замине. Додека селаните го преградуваат Конохагакуре Цунаде е отпуштена од позицијата Хокаге порди тоа што е во кома откако ја употребила целата своја енергија во заштитување на селаните од Пеин. Оттаму, старешината Данзо ја презема улогата. | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Нед Дек 06, 2009 4:56 pm | |
| Понекогаш мислам дека фантазијата на креаторите на јапонските анимирани стрип серии се граничи со психопатство.Пред се,сериите од овој тип демонстрираат насилство пред младата популација на гледачи.Дали е во ред различни изроди и монструми да бидат идоли на деца од предшколска или школска возраст,а покрај тоа да се преоптоваруваат со борбата на мрачните сили?Да,и јас бев фан на овие серии,собирав албуми,сликички од Дигимон,Покемон,Драгонбол,карти од Југиох,па дури и бев заљубен во Булма и Сора .Сега кога на сите тие работи гледам од сосема друга гледна точка,би го забранил емитувањето на овие серии,бидејќи покрај насилството честа појава се и други негативни елементи.Конкретно мислам на старецот од Драгонбол,кој што се палеше на шеснаесет годишната девојка Булма,која што во неколку сцени беше прикажана потполно гола,без никаква цензура,како и жаргони од типот ''топките на дедо'',''лелеее па ти немаш топки'',''зошто вие девојките немате ***?''.Одвратно,одвратно,одвратно. И после сите се зачудени зошто младите се однесуваат нескладно со своите години... Што се однесува до Наруто,не сум во тек со приказната,и искрено немам намера да губам време за дежа ву глупости. | |
| | | Michael Myers Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 681 Birthday : 1993-08-19 Age : 30 Location : Skopje Registration date : 2009-10-11
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Нед Дек 06, 2009 4:58 pm | |
| Добар цртан е јас усте ги неам глеано сите ама кје ги доглеам. | |
| | | dijanape Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1184 Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Пон Дек 07, 2009 3:01 am | |
| Овие јапонски цртани за мене се SHIT и никогаш не сум сакала да ги гледам ниту ќе ги гледам, и како што кажа Пит имаат премногу насилство и секое дете што ги гледа овие цртани се понаша како нив и сака да се вика по некој омилен лик, се тепа со другите деца како што се тепаат нивните ликови. Не ги сакам ваквите цртани и да имам некаква власт би ги забранила со закон да не се прикажуваат на ТВ. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Пон Дек 07, 2009 4:05 pm | |
| Дигимон, Покемон, Драгонбол, Наруто, Бакуган, сите ми се исти, со исти ликови, не ни знам кој е кој. Го гледав на времето Дигимон, можеби затоа што беше прв од ваквите цртани и ми се допадна, воедно беше и со титл. Денешниве деца растат со јапонскиве цртани, едно прашање си поставувам затоа што не сум во тек со новите цртани - има ли некои американски цртани серии, кои се нови, има ли некои нови долгометражни цртани филмови, а кои не изгледаат како Пепелашка 2 и сличните вештачки реализации? Јас не сум видела на нашиве телевизии да се даваат такви цртани, што е работата, нема нови или нашиве телевизии не ги купуваат? | |
| | | Ana-Marija Модератор
Zodiac : Број на мислења : 1477 Birthday : 1993-09-21 Age : 30 Location : Canada Registration date : 2008-09-08
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Пон Дек 07, 2009 7:42 pm | |
| Ima mn novi crtani filmovi,samo gi nema na nashite televizii.Tuka ima nekolku kanali so crtani filmovi i plus Family/Disney Cahanel,shto e specijaliziran za mladata teen populacija.Mi se dopaga shto i koga davaat filmovi,davaat adaptirani za mlada generacija od tipot na Home Alone,Richie Rich,Hannah Montanah i drugi i crtanite shto gi davaat dosta novi crtani se | |
| | | Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Вто Дек 08, 2009 3:57 pm | |
| Сите како помали сме ги гледале - аниме цртаниве. И од тогаш имав исто милење дека се многу насилни и вулгарни за деца. НО, сега велам дека не е така. Прво да гледате инсерти од цртанот па тогаш заклучете. Жртвување на најдобриот пријател, љубов кон семејството, претставувањето на една жена (многу поразлично од нашата претстава наметната од холивудската продукција), чиста љубов, самата почит кон постарите... Да речам драгоцени нешта кои се одамна изгубени кај нас... Не знаете како се убаво обработени... Самата графика (како аниме) не ја преферирам, не ни пратам вакви цртани, постојат вулгарности, но сепак... Јапонската и општо азиската култура е многу поразлична од нашата, МНОГУ. Тоа што ние не живееме на таков начин не значи дека е неправилен... Ако американски цртани покажуваат како е се во убави бои, цвеќенца и виножита, не е така, овие цртани пореално го прикажуваат сето тоа. Општо кажно и се восхитувам на јапонската култура (гледав неколку филмови - јапонски пред неколку дена, и навистина се поразлични од тоа што сме навикнати но сепак многу подлабоки) ... За крај да не должам, ќе ви кажам дека конкретно Наруто е навистина интересен (некогаш претеруваат со борбите кои траат по една сезона, но тие се исполнети со ретроспективи каде откривме многу работи ). Моја другарка ги има сите епизоди (паралелно ги симнува како што излгуваат) и ми ги дава да ги гледам, до пред еден месец ги гледав, сега стагнирав поради проблеми со ДВД-то, но ќе продолжам да гледам. Ви препорачувам на сите да изгледате некои подобри инсерти од Наруто и да ги тргнете прерасудите кон јапонските цртани. Патем текстот горе го напишав јас (на Википедија се разбира, со помош на уште еден корисник) | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Вто Дек 08, 2009 4:14 pm | |
| McSteamy дали тоа значи дека јапонската култура е поврзана со педофилија и преовладуваат елементи на мрачни сили? Кога веќе сме кај ''чистата љубов'' за која сметаш дека е одамна изгубена кај американската продукција'',тогаш дали најпознатите цртани класики се основани на љубов или презир? Би било многу по прифатливо барем од моја гледна точка доколку овие серии не беа наменети за помладата публика. Јас лично,кога ќе бидам родител би преферирал моето дете да гледа цртани соодветни за неговата возраст како оние од типот на ''Disney'',отколку цртани во кои што се прикажува насилство и разни монструми. | |
| | | Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Вто Дек 08, 2009 4:25 pm | |
| Гледај не ме сфати добро. Вака, јас лично пораснав со Дизни цртаните... Ги имам дома и до ден денес ги гледам анимираните цртани (новите). Кои се навистина забавни. Премногу интересни. И не велам дека во нив нема љубов и сл. Туку сакав да кажам дека тоа е нивна култура и јас лично ја почитувам. Што се однесува до „педофилните“ делови, не ги прифаќам. Но гледај на тоа вака... Гледаш од „убавите“ „модерни“ америкаснки серии каде главната улога е хомосексулаец кој во минатото бил сериски убиец (ова го измислив ). Сакам да кажам таа серија ти пак ќе ја гледаш бидејќи другите ликови и елементи ги прифаќаш... Јас лично имам мали братучетки на кои секогаш им преопрачувам и купувам Дизни/Пиксар цртани, кои се ненормално интересни, но едноставно велам дека и овие цртани се навистина поучни и забавни за одреден дел од публиката. | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Вто Дек 08, 2009 4:39 pm | |
| За разлика од хомосексуалците за кои немам апсолутно ништо против,педофилијата според мене е многу поголема болест. Познавам личности на моја возраст кои сеуште гледаат аниме серии,и според мене тоа е многу по прифатливо одколку да ги гледа некое дете на помала возраст кое што сеуште нема оформено став кон животот.Поучност?Неможам да забележам таков елемент,и покрај тоа што мислам дека е малку смешно да се извлекуваат поуки од било каков тип на серии. Единствен анимиран јапонски цртан за кој немам ништо против е ''Pokemon'',бидејќи на некој начин се е прифатливо до одредени граници:нема мрачни сили,поќемоните се симпатични суштества кои што наликуваат на животни,насилство-да,има,меѓутоа е претставено на многу понесериозен и прифатлив начин (борба помеѓу поќемоните),додека најлоша анимирана серија според мене е ''Dragonbol'',која што не е многу полоша од ''Digimon'',''Yu-gi-oh'' и останатите цртани серии од овој тип прикажувани кај нас. | |
| | | Adolfo Успешен Член
Број на мислења : 830 Registration date : 2008-08-14
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Пет Дек 11, 2009 12:41 am | |
| | |
| | | Michael Myers Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 681 Birthday : 1993-08-19 Age : 30 Location : Skopje Registration date : 2009-10-11
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Пет Дек 11, 2009 1:53 am | |
| То4но | |
| | | Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Саб Дек 12, 2009 3:24 pm | |
| Целосно го прифаќам твоето мислење Пит, но сепак се држам до своето. Погледни го конкретно Наруто, и тогаш дади мислење. Инаку тоа ти е исто ко јас да изгледам еден американски филм и комплетно да заклучам дека тие се досадни и непоучни и вулгарни, но постојат повеќе така што...
Исто е и со ова, Наруто е дете без родители, начинот на кој се спријателува, размислува, тоа е неверојатно прикажано, неверојатно. Треба да погледнеш па потоа заклучи. И аниме цртаните (штотуку прочитав) во главно не се рангирани за нај најмладата публика односно деца од предшколска возраст. Но ако сакаш да знаеш, до 4 години децата се доста „еластични“ и ја учат примарната социјализација, каде што до 10 години ги учат вистинските вредности и разликуваат што се смета за прифатливо а што за неприфатливо во нивната средина. Ако имаш ваков аргумент слободно изнеси го, но ако продолжиш со истите немаме за што да збориме. | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Саб Дек 12, 2009 3:39 pm | |
| Мислам дека веќе напоменав дека мојот заклучок не е основан само на еден изгледана јапонска цртана серија.Моите коментари не беа наменети конкретно за Наруто,иако според синопсисот наликува како и останатите серии од овој тип прикажувани кај нас. Секој има право на личен избор,меѓутоа сеуште стојам на тоа дека овие серии не би требало да го привлекуваат вниманието на помладата публика.Примарната социјализација е всушност и најважната,бидејќи понатамошните ќе се основаат токму на истата.Вистинските вредности на животот не се учат на 10 години,току многу подоцна,кога копмлетно ќе се оформи една личност. | |
| | | Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Нед Дек 13, 2009 8:42 pm | |
| - Pitt напиша:
- Мислам дека веќе напоменав дека мојот заклучок не е основан само на еден изгледана јапонска цртана серија.Моите коментари не беа наменети конкретно за Наруто,иако според синопсисот наликува како и останатите серии од овој тип прикажувани кај нас.
Секој има право на личен избор,меѓутоа сеуште стојам на тоа дека овие серии не би требало да го привлекуваат вниманието на помладата публика.Примарната социјализација е всушност и најважната,бидејќи понатамошните ќе се основаат токму на истата.Вистинските вредности на животот не се учат на 10 години,току многу подоцна,кога копмлетно ќе се оформи една личност. Добро кажано. Во право си и ми го менуваш мислењето не викам не, но сепак немам големи предрасуди кон овие серии. Ај да побарам па ќе постирам кратко видео на кое има добри моменти може така ќе подразмислиш (не дека сакам да ти го сменам мислењето само онака...) | |
| | | emu6 Член
Zodiac : Број на мислења : 287 Birthday : 1996-04-15 Age : 28 Location : Битола Registration date : 2010-02-03
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Сре Мар 03, 2010 12:12 pm | |
| многу ми е убав и го гледав! многу сакам да го дадат и второто продолжение кое е многу подобро од првото! | |
| | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Чет Јун 17, 2010 8:16 pm | |
|
Последната промена е направена од Pitt на Пет Aвг 20, 2010 1:51 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| | | | Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Чет Јун 17, 2010 8:54 pm | |
|
Последната промена е направена од Pitt на Пет Aвг 20, 2010 1:49 pm. Мислењето е променето 1 пати | |
| | | Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Чет Јун 17, 2010 10:56 pm | |
| | |
| | | emu6 Член
Zodiac : Број на мислења : 287 Birthday : 1996-04-15 Age : 28 Location : Битола Registration date : 2010-02-03
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 Вто Jул 20, 2010 12:14 pm | |
| од наруто посебно шипуденот е убав (вториот дел - го гледам на нет) | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: NARUTO | 2002-2007 | |
| |
| | | | NARUTO | 2002-2007 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|