Topacioземја на производство: Венецуелаброј на епизоди: 181
Инзворедна адаптација на романот на Делија Фијало, "Есмералда".
Серијата е запомнета како новела во која прв пат како главни актери се гледаат Гресија Колменарес и Виктор Камара.
Адаптацијата на Топасио ја направија Белинда Авила, Милагрос дел Ваље, а во самата тв приказна учествувала и Делија Фијало.
Насловната нумера ја пее Карлос Мата, а го носела името "Que por qué te quiero".
Кратка содржина:Приказната започнува кога Аурелио, богат земјопоседник го чека раѓањето на неговиот прв син, но неговата сопруга Бланка ќе роди мртвороденче, девојче. Истовремено, слугинката во куќата ќе роди машко дете, бебе кое ќе остане сирак, бидејки мајката ќе почине на пораѓајот. Домарката на хациендата во договор со очајната Бланка, решава да го земе сирачето и да го претстават пред Аурелио како нивен син. Но она што Бланка не го знае е дека девојчето кое го роди, не е мртво, туку живо и слепо родено од друга страна.
Хорхе Луис, како син на Аурелио и Бланка ќе израсне во луксузна вила во Каракас кој наскоро треба да дипломра како доктор. Наспроти, Топасио израснува во дива девојка, чувана од перверзниот доктор Мартин Буитраго и жената која ја смета за мајка, старата Маматила.
Кога Хорхе Луис со родителите ќе се врати на хациендата, случајно ќе ја запознае слепата девојка и ќе се заљуби во неа, иако е свршен со Јоланда, ќерката на неговиот покоен чичко.
Еулалиа, домарката која пред многу години ги замени децата, по обетките на Топасио ќе свати дека девојчето е вистинската ќерка на Бланка, која не умрела како што тогаш мислеа.
Со желба да ја одбегне вистината, Маматила ќе ја одведе Топасио во Каракас, а на патувањето ќе ги придружува шутот Сирило.
Топасио останува бремена од Хорхе Луис и за време на пораѓајот ќе го запознае доктор Андраде кој ќе се заљуби во нејзините смарагдни очи и ќе и помогне да прогледа.
Топасио свовремено била мега хит, продадена во повеќе од 100 земји низ светот, и важи како првата теленовела продадена во Велика Британија.
Улоги:
Grecia Colmenares (Topacio); Víctor Cámara (Jorge Luis); Carlos Márquez (Aurelio); Cecilia Villarreal (Blanca); Henry Zakka (Doctor Andrade); Carlos Cámara (Cirilo “el Bobo”); Jeannette Rodríguez (Yolanda)...