Една тема за која би сакал да дискутирам се развиеноста на театарот во Македонија. Мислам дека во Македонија има одлични режисери и актери за да се направи една одлична претстава. Воедно и се изведуваат доста претстави.
На пример еве ќе го земам Кавадарци, во кој град годинава се оддржаа 10 претстави кои активно беа емитувани по еден месец а може и повеќе, значи имаа огромна популарност и гледаност. Едната од нив беше и кавадаречката верзија на „Госпоѓа Министерка“ која во Скопје се емитува редовно, каде што во главната улога се појавува Весна Петрушевска, воедно пред неколку месеци имав и можност да ја изгледам таа во Скопје.
Неостварлива моја желба е да отидам да гледам некој познат мјузикл во Бродвеј, веројатно многумина ја имаат таа желба, поради тоа би сакал и во Македонија да има такви претстави/мјузикли од наши глумци, сигурно би било прекрасно дело.
Па... која е последната претстава која сте ја гледале? Омилена претстава и слично?