Дали имате некои традиции во семејството поврзани со празници, одредени денови, одредени периоди и слично? Или постои нешто што би сакале да го пренесете понатаму на вашите деца, нешто по филмови што го гледате, нешто од други семејства и сл?
Освен нормално украсување елка за Нова година и Божиќ, вапсување јајца за Велигден што мислам секаде се прави како дел од религијата и културата други традиции кај мене се:
На пример за Божиќ се прави еден специјален десерт, нешто како баклава, само од домашни кори и фил ( кој не го откривам). Се работи за семеен рецепт кој се пренесува со години. Значи не е ништо посебно и комплицирано ама традицијата си го прави своето.
Друго на пример некои мали обновувања и поправки низ дома ги правиме јас и татко ми затоа што уште кога без мала ме викаше и ме научи и сега ни е останато како традиција. Најчесто се работи за помали проекти, за составување на пример столчиња за во двор и слично некои такви работи. Побитно ми е времето што го поминуваме заедно отколку самите поправки па затоа и го споменав и тоа