Дали Боки 13 ќе се појави вечер во ВИП ГБ
Особа Икс“ (не)влегува вечерва во „ВИП Големиот брат”
Скромноста за мене е маана, а не доблест
Одговорот
на прашањето дали вечер ќе се појавам во шоуто “ВИП Големиот брат” ќе
оставам да биде одговорено вечерва пред самиот почеток. Tреба да se
исполнaт многу услови за да јас се појавам вечерва тамуБојан
Јовановски или Боки 13 со задоволство прифати да одговори на прашањата
за интервјуто на ИДИВИДИ. Седеше во фотелја и ги игнорираше сите повици
на мобилниот телефон додека течеше разговорот. Беше концентриран и
размислуваше пред да одговори на секое прашање. Ни кажа дека не сака
наместени интервјуа, туку одговара и сака да настапува само во живо. Се
договоривме да не си персираме. За прашањата кои му ги поставивме
немавме договор. Рече дека ќе одговори на сите. Еве ги одговорите.
Што те поттикна да се пријавиш и да учествуваш во „ВИП Големиот брат”?Никогаш до сега не сум изјавил дека ќе учествувам што значи дека на прашањето не можам да одговорам.
Тоа значи дека вечерва нема да се појавиш во ова шоу во Белград?Ќе
оставам прашањето да биде одговорено вечерва пред самиот почеток. Треба
да се исполнат многу услови за да јас се појавам вечерва таму.
Во ред. Да претпоставиме дека нема да се појавиш во куќата во Белград. Зошто тоа би се случило?Заради тоа што нема да бидат исполнети барем 80 отсто од условите кои ги барам.
На пример?Има многу услови кои можам само јас да ги побарам, кои личат само на мене, хаха.
Конкретен пример?Ако бидам дел од тоа шоу ќе видите.
Во
ред. Да претпоставиме дека вечерва ќе те видиме во куќата во Белград.
Кои се твоите очекувања од „ВИП Големиот брат”? Ќе одиш на победа или
моментот ќе го искористиш за соодветна промоција?
Во
Србија ќе се обидам максимално да ги искористам саатите на телевизија
за да публиката ме запознае во правилно светло и да добие поинаква
слика за мене. Ако победам и ја освојам наградата ќе биде супер. Ако
не, нека сум жив и здрав, хаха.
Моментално на што најмногу ја трошиш креативната енергија?
Освен
јавна работа, јас друго не знам да работам. На 15 години почнав да се
занимавам со шоу бизнис и некако тоа најмногу ми лежи. Во моментов
правам големи подготовки за промоција на мојот српски албум низ
Балканот. Максимално сакам да го презентирам ликот и делото на Боки 13
надвор од Македонија.
За каков албум станува збор, како ќе звучи музички и како е насловен?
Албумот
е наречен „Особа Икс”. Тој е модерен албум, она што во моментов се
слуша низ Балканот. Не е народен или турбо фолк, туку модерна поп фолк
музика со етно елементи. Сето тоа е многу добро спакувано, светски
продуцирано и работено со врвни композитори.
Само за ИДИВИДИ, може да ги преставиш авторите?
Секако
само за ИДИВИДИ, хаха. Марио-српски композитор кој има напишано голем
број хитови е автор на две песни, Јорданчо Василковски - Оцко е автор
на четири и две песни се на Горан Бреговиќ. Сите текстови се на Марина
Туцаковиќ. Јасно е дека успехот со ваква екипа е загарантиран.
Ова значи дека албумот е снимен и се чека негова промоција?
Точно. Албумот е готов од пред неколку месеци. Промоцијата ќе биде во април годинава.
Дали во Скопје или во Белград ќе биде премиерно промовиран албумот?
Не
глумам лажен патриот. Промовирањето на албумот ќе тргне од Скопје,
мојот омилен град, потоа во Белград, а може и во Загреб. Ќе потенцирам
дека албумот е нешто оригинално и не наликува на ништо што досега е
направено на Балканот.
За читателите на ИДИВИДИ, откриј која песна е твој фаворит од албумот?
Токму насловната „Особа Икс” и верувам дека ќе и се допадне на публиката, хаха.
Додека разговараме, забележувам дека пушиш многу цигари. Дали тоа не ти пречи на гласот?Не.
Познавам многу светски ѕвезди кои пушат цигари. Инаку, јас сум тотално
апорочен тип. Не пијам алкохол, не се дрогирам, меѓутоа единствен порок
ми се цигарите. Сум и против Законот за пушење во јавни простории и
мислам дека е најголемата глупост која може да се случи во Македонија.
Кога
го спомена Законот, дали тоа значи дека ги следиш актуелностите во
Македонија? Колку те погодува целата економско-социјална ситуација во
земјава?
Сум и аполитичен, а би било глупаво да кажам
дека не се разбирам во политика. Тоа може да го кажат само простаци.
Политиката е наше секојдневие и јас никогаш не би зафатил ничија
страна. Без оглед што длабоко во себе имам интимни симпатии кон некоја
политичка партија, тоа ќе го оставам само за мене.
Дали лично те погодува фактот што Македонија се уште не е интегрирана во Европската унија и не е дел од НАТО?
Секако
дека ме погодува. Се додека ние глумиме лажни патриоти и го чуваме
името како тоа да ни носи леб нема да просперираме. Мислам дека
компромисно решение ќе биде добро за сите. Најчесто луѓе над 70 - 80
годишна возраст се бунат да не се промени името, луѓе кои своето го
изживеале. А ние младите? Ние треба да одиме напред, да просперираме, а
не да тапкаме во место. Затоа јас се обидувам да работам надвор од
Македонија, да имам поголем пазар. Македонија може многу добро да се
промовира со мене како слободна земја во која секој има право да ја
изрази сопствената желба, да биде онаков каков што замислил да биде, а
воедно и дека земјава е спремна да ги почитува сите, односно дека овде
постојат човекови права.
Со промоцијата на новиот албум сигурно ќе има промена во твојот имиџ. Може ли повторно нешто ексклузивно за ИДИВИДИ да откриеш?
Секако,
за ИДИВИДИ сè, хаха. Секогаш правам нешто ново и пионер сум во многу
работи. Не сум решил дали ќе направам драстична промена или ќе останам
верен на стилот кој сум го градел долги години. Ексклузивно, ќе
откријам само дека ќе има нови фотографии за обвивката на албумот,
посебен стајлинг за спотовите и стил кој и натаму ќе го копираат многу
естрадни личности кои иако велат дека не им се допаѓа, го преземаат од
Боки 13.
Како професионалец и човек, како би се опишал, што си всушност: пејач или водител?
Јас
не сум пејач, јас сум шоумен, единствен. Затоа не може да се споредувам
со никого. Не постои ниеден друг на нашава естрада како Боки 13. Може
ова за некого е нескромно, но скромноста за мене е маана, а не доблест.
Извор: ИДИВИДИ