|
| | MUJER SECRETA, RCTV|1999 | |
| | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Пон Јан 18, 2010 1:15 am | |
| Таинствена жена е венецуелска теленовела, прикажувана на нашите локални телевизии. Во главните улоги во серијата настапуваат Каролина Техера (Невина), Хуан Карлос Вивас, Луис Фернандез (Љовисна) и Маријано Алварез. Приказната е напишана од Alidha Ávila, Alidha Ávila, Ezequiel Borges, Sandra Caula, Josefina Jordan и José Manuel Peláez, а режирана од José Alcalde и Nicolás Di Blasi. Насловната нумера "Como un Aleluya" ja изведува Sergio Dalma. ТАИНСТВЕНА ЖЕНА - MUJER SECRETAБрој на епизоди: 125 Моето име е Евгенија Санчез Ваљадарес, вдовицата Ландета. Низ овие редови ја читате мојата исповед за животот кој ми наметна и тага, и болка, и разочараност, но и голема среќа и голема љубов. Ќе почнам од почетокот, од деновите кога бев мажена за Густаво Ландета, делот од мојата мрачна љубовна приказна, делот кога ги оставив сите младешки соништа за да влезам во брак со човекот во кој се заљубив. Густаво беше згоден и богат човек, тој беше човекот кој стана опседнат со мене и кој ме натера да страдам поради таа болна опседнатост и посесивност. Само во моментите на осаменост се чувствував заштитена и сигурна, додека пак во сооченоста со надворешниот свет ме обземаше студенило, страв и незаштитеност. Насилството кое го трпев од мојот сопруг Густаво рефлектираше голема болка во мојата душа, неспособна бев да се спротиставам, чувствував недоверба, опасност и страв, повредена бев затоа што јас бев доброто јагне, а тој волкот во таа "бајка". Ме тепаше, ми забрануваше секакви блиски односи со било кои луѓе, но фактот дека сум се омажила за егоист и материјалист го сфатив доцна во годините поминати во брак. На некој начин се чувствував виновна, превземајќи ја вината за неговите недостатоци. Неговата бездушна мајка Карлота ја обележала неговата судбина, а тој мојата. Во тие мигови на очај и безизлезност го запознав Хосе Мануел Ваљадарес, роднина на семејството на Густаво. Ваљадарес е богато големо банкарско семејство чија глава во куќата се дон Хулио и доња Јоланда, а шеф на банкарската корпорација - Хосе Мануел, нивниот син вдовец. Хосе Мануел беше доминантен, способен и навидум благороден човек, но вистинската привлечност ја почувствува кон Бернардо, неговиот мил и внимателен син. Бернардо ми го покажа светот од другата страна, од онаа светлата, ми покажа дека вистинската љубов постои и дека љубовта е чиста, а не како онаа која ја доживеав со Густаво. Покрај Бернардо се чувствував среќна и исполнета, но Густаво дозна за моите чувства кон неговиот роднина Бернардо. После многуте тепања, ме киднапираше, но во обид да побегнам од канџите на ѕверот, Густаво падна од карпата и умре. Неговата мајка вината ја впери кон мене.Од тој момент започна уште поголема трагедија во мојот живот. Хосе Мануел го покажа вистинското лице, ме наведе да се омажам за него уценувајќи ме дека ќе каже дека сум го убила Густаво и ќе ме прати во затвор. Но јас не го убив Густаво, тој сам падна во таа мешаница кога сакав да му побегнам, но никој не можеше да го докаже тоа, па и затоа Хосе Мануел го искористи тоа. Во бракот со Хосе Мануел сфатив како е да се живее без трошка љубов, криејќи голема тајна која никој не ја знае, тајната за мојата љубов со Бернардо. Од друга страна и Бернардо се почувствува изневерено од моја страна, но не смеев никако да му откријам зашто сум се омажила со неговиот доминантен и злобен татко. Во тој живот, во таа куќа станав таинствена жена, криејќи ја љубовта која морав да ја повратам и да докажам постепено за вистинската смрт на Густаво, а со тоа да се ослободам и од стегите во бракот со Хосе Мануел и да ги откријам сите тајни кои постојат во тоа семејство. Во моите мечти живееше Бернардо кој го гледав во истата куќа. Тоа беше мојата најголема тајна, мојата најголема мистерија, но воедно и мојата најголема заштита, врска која беше забранета. Улоги: Каролина Техера, Хуан Карлос Вивас, Луис Фернандез, Маријано Алварез, Алба Роверси, Карлос Камара, Мариа Кристина Лозада, Ерминија Мартинез, Антонио Куевас, Карлос Маркез | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Пон Јан 18, 2010 3:22 am | |
| Серијава немала тема?! Една од најдобрите стари венецуелски серии, со деф. поинаква содржина која во денешно време ја прават бразислците или аргентинците... Значи пионир во тематика која обработува сексуално малтретирање, однос -сопруг/сопруга, прељуба... Штета што никаде немам наидено на линкови за симнување, ова деф. vale la pena ver de nuevo. Заборавив да додадам дека темата Como un Haleluya на Серхио Далма до ден денес ми се вбројува во една од најубавите нумери, не само од теленовели, туку воопшто. Плус Каролина и Луис Фернандес беа преубав пар. Не толку го обичав оној шо и беше љубовник Х.К. Вивас. едит Дани, од каде ти е преубавиов вовед во темата? | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Пон Јан 18, 2010 3:11 pm | |
| Мислиш на делот со информациите или делот на содржината? Од википедија ми е делот со општите информации, додека пак исто на википедија видов во неколку редови дека е дадена содржината на серијата како еден вид исповед (дневник) на главната јунакиња Евгенија и врз основа на тоа со мои сеќавања за серијава ја напишав содржината. За прв пат вака е напишана содржина на една тема, интересно делува, всушност низ директно зборување на јунакињата, дознаваме за содржината во серијава. Инаку и мене ми беа супер пар Евгенија и Густаво, многу го засакав тој глумец уште од Љовисна. Не ја следев многу редовно серијава како што тоа го правев со другите постари венецуелски, затоа што имаше доста доцен вечерен термин (22.40 - Скај Нет), а бев помала и не секогаш можев да ја гледам. Инаку воопшто не ми текнува, дали она го сакаше овој постариот Х.К. Вивас, или баш затоа што он ја уцени дека ќе каже дека она го убила маж и, па затоа реши да се омажи за него? Овој Бернанрдо, главниов ми е многу благороден лик, али некако по ставата не ми одговараше како партнер на Каролина Техера. @Инаку, и во оваа серија имаше големо семејство, па сепак изгледаше многу пристојно за разлика од нејзините следбенички понатака (Валентина, Анастасија, Презир) кои исто така се одликуваа со големи фамилии. | |
| | | Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Пон Јан 18, 2010 10:43 pm | |
| Ја гледав серијава и на ништо не се сеќавам од неа, освен ова што е напишано во синописот. Мислам дека Каролина прво ја гледав овде па во Кралица на срцата или обратно беше. Во секој случај тогаш ми се допаѓаше серијата. Ако се сетам уште нешто ќе допишам | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Пон Јан 18, 2010 10:55 pm | |
| Имав слушано за новелава, но никогаш не знаев дека се прикажувала кај нас. Воведот е преубаво, дефинитивно еден од најубаво напишаните синопсиси на форумот, секоја чест Дани. Зошто немаме шанса да гледаме репризи од стариве новели? | |
| | | LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Пон Јан 18, 2010 11:48 pm | |
| - Missy напиша:
- Мислам дека Каролина прво ја гледав овде па во Кралица на срцата или обратно беше.
Прво се даваше Кралицата па Таинствена жена, иако и двете одеа во иста (2001) година, но временски, Кралицата одеше попрво. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Вто Јан 19, 2010 1:04 am | |
| Навистина локалниве треба да даваат репризи од старите прикажувани серии. Во Охрид ете се даваше Во туѓа кожа, може сега одат други репризи, не знам. Навистина стариве венецуелски се Нема милион глупави ликови кои вриштат на сите страни и кои се облечени полошо од било каде. Во туѓа кожа можам да кажам дека за мене е сега можеби и најдобра венецуелска серија откако по толку години видов каква е навистина серијата. Таинствена жена и јас тогаш не ја гледав редовно, но уверлива глума имаше како и во сите постари венецуелски. | |
| | | Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Вто Јан 19, 2010 1:53 am | |
| Можи на Скај Нет во терминот на Руби да даваат стари серии кои 100% би биле со поголема гледаност од новите. За локалните барем во Прилеп не знам колку е возможно оти има само една локална телевизија и моментално серијата Љубовници оди на неа. | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Сре Јан 20, 2010 5:08 pm | |
| Уште оди Љубовници таму? Скај Нет нема да дава стари серии, тоа е сигурно, телевизијата нема врска со старата Скај Нет. Исто така освен во А1 и Сител, гледам почнавме да се надеваме и во Скај Нет за новели. Сепак Скај Нет не е јака телевизија па да очекуваме нешто бразилско на неа или нешто најново. Како и да е, во секоја венецуелска, без разлика дали е добра или невиден кич, има убави луѓе, Венецуелците се убава нација. | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 Пет Јан 22, 2010 3:51 am | |
| Многу ми е познат насловот мора да сум го гледал ова | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: MUJER SECRETA, RCTV|1999 | |
| |
| | | | MUJER SECRETA, RCTV|1999 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|