Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Чет Фед 25, 2010 9:18 pm
Премиера: 05.03.2010 Режија: Тим Бартон
Од Волт Дизни и ексцентричниот режисер Тим Бартон, доаѓа новата 3Д фантазија/авантура, направена според една од најсаканите детски романи на сите времиња Алиса во земјата на чудата. Џони Деп го игра лудиот Шеширџија, а Миа Васиковска ја игра 19-годишната Алиса која се враќа во необичниот свет кој го открила како малечка, и каде што повторно ќе се сретне со своите пријатели од детството: Белиот Зајак, Твиди и Твидамом, Гасеницата, Мачката. Алиса се впушта во бајковитиот свет, со цел да ја пронајде својата судбина и да ја уништи Црвената кралица.
Последната промена е направена од NateArchibald на Пет Фед 26, 2010 8:15 pm. Мислењето е променето 1 пати
Гостин Гостин
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Фед 26, 2010 1:14 pm
Oдвај чекам да излезе филмови а додека излезе овој гледајте ја постара верзија
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Фед 26, 2010 6:40 pm
Мала исправка за насловот на темата... Alice in Wonderland. Без "the". :)
Филмов ОДВАЈ го чекам. Пред некој ден излегоа неколку клипови - ОДЛИЧНО! Штета што ќе мора да почекаме за да излезе двд рип. Убаво ќе биде да го видиме во нашиве кина, но не верувам тоа да се случи. :(
Burton is on his way! :)
Гостин Гостин
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Фед 26, 2010 6:47 pm
вчера била премиерата
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Фед 26, 2010 8:15 pm
Игор напиша:
Мала исправка за насловот на темата... Alice in Wonderland. Без "the". :)
Филмов ОДВАЈ го чекам. Пред некој ден излегоа неколку клипови - ОДЛИЧНО! Штета што ќе мора да почекаме за да излезе двд рип. Убаво ќе биде да го видиме во нашиве кина, но не верувам тоа да се случи. :(
Burton is on his way! :)
Ќе сменам сега. Иначе Игор вчера да беше онлајн некаде кај 17:30 ќе ти ги дадов линковите да гледаш live stream од Лондон премиерта на црвениот тепих. Сепак тоа не беше премиерата за гледачите, туку најверојатно само за глумците, затоа што светската премиера е на 05.03.2010. А зошто не веруваш дека ќе стигне кај нас? По сите светски хитови, а еве и денеска светската премиера и во Скопје на Скорсезовиот „Shutter Island“, веќе сум сигурен дека или во Милениум или во Рамстор би можеле да ја видеме Алиса.
Колку да напоменам до каде се напред нашите источни соседи, веќе им направија и официјална страна за филмот, чија премиера кај нив е исто на 5 март и тоа во 3D/Imax/и 2D
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Саб Фед 27, 2010 12:04 am
верзијата на Hallmark е многу убава оваа ќе биде уште поубава одвај чекам dvd rip
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Вто Мар 02, 2010 1:10 am
За бугарската премиера, во Софија во Кино комплексот во Sofia Mall, Бугарите направиле да ја доволат атмосверата пред премиерата, и се преправиле во главните ликови од филмската фантазија „Алиса“, секако обожавателите на филмот имале можност да се сликат
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Вто Мар 02, 2010 10:22 pm
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Сре Мар 03, 2010 11:28 pm
Како тоа неам коментар за филмов оставено? Без разлика филмов ќе биде закон, сигурен сум. ЕДВАЈ ЧЕКАМ. Инаку најсмешен дел од трејлерот ми е дијалогот помеѓу Хелена Бонам Картер и Џони Деп:
I need i pig here! Stop it! Seriously stop it!
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Мар 05, 2010 9:39 pm
НАСКОРО ВО КИНО РАМСТОР!
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Сре Мар 10, 2010 12:38 am
АЛИСА ги освојува 3Д кината!
'Алиса во земјата на чудата' во американските и светските кина постигна чудесни рекорди! Филмот има најдобро викенд отварање за еден 3Д филм, и со 116 милиони долари го надмина отварањето на 3Д премиерата на 'Аватар', кој по првиот викенд оствари "само" 77 милиони долари. Алиса во текот на тр дена заработи повеќе од било која заработка од било кој филм од 2010та, а има и најдобри викенд резултати во IMAX. Бајката на Бартон е на листата на најуспешни премиери, а рекордот уште го држи "The Dark Knight" кој во својот викенд освои 158 милиони долари.
Истовремено, Алиса ги зема гледачите на Аватар, бидејќи нема доволно сали за 3Д проекција па така се намалува и бројот на проекции на Аватар. Истражувањата покажуваат дека 39% од гледачите се деца и нивните родители, а преку половина од гледачите се жени и тоа помлади од 25 години. Причината е затоа што некои од кино ланците спомнуваа бојкот кон Дизни, најмногу затоа што Дизни порано го најавил ДВД изданието на Алиса, поради што кино сопствениците полуделе.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Сре Мар 10, 2010 1:43 am
Значи ова толку многу ме привлекува што едноставно морам да го гледам
Bojan Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 557 Birthday : 1995-07-01 Age : 28 Registration date : 2009-08-28
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Сре Мар 10, 2010 3:08 am
Мене ме привлекува се што е од Дисни.
Гостин Гостин
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Мар 12, 2010 1:27 am
Клиповиве мора да ги гледате имаа и преводи на Македонски (новата опција на youtube)
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Мар 12, 2010 1:36 am
И што оти има превод? Кога тоа е од Google Translate што не преведува точно . Подобро ќе си гледам оригинал, англиски барем можам да разберам се, за оние што не разбираат нека си читат непознат македонски јазик, затоа што преводот нема ништо врска, речениците не се точни склопени
Гостин Гостин
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Мар 12, 2010 1:37 am
NateArchibald напиша:
И што оти има превод? Кога тоа е од Google Translate што не преведува точно . Подобро ќе си гледам оригинал, англиски барем можам да разберам се, за оние што не разбираат нека си читат непознат македонски јазик, затоа што преводот нема ништо врска, речениците не се точни склопени
Приметив пола дава некој херогифи
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Мар 12, 2010 1:38 am
Google translate sucks!
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Пет Мар 12, 2010 10:04 pm
ОД ВИКЕНДОВ ВО КИНАТА ВО "РАМСТОР"
Игра "Алиса во земјата на чудата" на Тим Бартон
Кино Рамстор 14:00 16:00 , 18:00 и 22:00 часот
Една недела по светската премиера на најновата фантастична бајка на Тим Бартон "Алиса во земјата на чудата", од викендов ќе почне да се прикажува во киното во "Рамстор". Новиот холивудски хит првиот викенд заработи рекордни 210 милиони долари, што е близу до сумата на "Аватар". Во волшебната и инспиративна приказна, една од најомилените бајки на сите времиња играат, Џони Деп ја игра улогата на Лудиот Шапкар, и Миа Васиковска улогата на Алиса. Во актерската екипа на оваа филмска авантура за целото семејство се и Хелена Бонам Картер, Ен Хатавеј, Алан Рикман, Мат Лукас, Мајкл Шин, Криспин Гловер, Луси Девенпорт.
Екстравагантната приказна во оваа верзија трае108 минути, и на бајковит начин раскажува за познатата русокоса девојка во сино, во имагинарната земја во која ја води Белиот Зајак. Во фантазијата на Бартон Алиса не е мало палаво девојче туку полнолетна, 19 годишна девојка која, по смртта на нејзиниот татко, за жена ја бара Лордот Хамиш Аскот. На забавата вниманието на младата убава жена е привлечено од добро познатиот Бел Зајак и, следејќи го низ лавиринтот, Алиса паѓа во зајачката дупка во Земјата на чудата, во подземниот свет каде што сè е можно - метаморфози, халуцинации и, најмногу од сè, урнебесни закачки. Дистрибутер за Македонија е "Манаки филм".
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Саб Мар 13, 2010 5:32 pm
Луѓе знаете што? Само што читав во „Нова Македонија“ и пишува наслов „Алиса во чудата“ (баталето го насловов знам дека е грешен) нешто и пишува кратко резиме ваму таму и на крај од викендов во кино Рамстор каде цитирам „уживајте во бајковитата авантура со сите 3-Д ефекти“. Сто посто е лага ај дајте коментар на ова?
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Саб Мар 13, 2010 5:35 pm
McSteamy напиша:
Луѓе знаете што? Само што читав во „Нова Македонија“ и пишува наслов „Алиса во чудата“ (баталето го насловов знам дека е грешен) нешто и пишува кратко резиме ваму таму и на крај од викендов во кино Рамстор каде цитирам „уживајте во бајковитата авантура со сите 3-Д ефекти“. Сто посто е лага ај дајте коментар на ова?
Не верувам да има во 3-Д ефекти да биде во Рамстор . Како што слушам коментари, филмот едноставно е направен само за 3-Д, делувало доста глупо да го гледаш во обично кино, но сепак јас сметам тека подобро така него дома на ДВД, така да ќе го гледам следната сабота во Рамстор
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Саб Мар 13, 2010 5:38 pm
Е каде прочита дека од викендов ке иде, јас вчера видов под постерот НАСКОРО пишува сеуште
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: ALICE IN WONDERLAND | 2010 Саб Мар 13, 2010 5:42 pm
Chris напиша:
Е каде прочита дека од викендов ке иде, јас вчера видов под постерот НАСКОРО пишува сеуште