*Филмот е сниман во САД, Канада како и во познатото филмско студио „Бојана“ во Софија, соседна Бугарија. Со текот на годините, се‘ повеќе холивудски режисери доаѓаат во Бугарија да снимат дел од своите филмови. Мила Јовович се појавува во главната улога.
Кратка содржина:
Во 1972. година, се донесени мерки за внимание при средба со вонземјани. Откритието на НЛО се нарекува “средба од прв вид“. Собирањето докази е познато како “средба од втор вид“, контактот со вонземјаните ја означува “средбата од трет вид“, а последната фаза, киднапирањето, се нарекува од четврт вид. Моментално е најопасно во Алјаска, каде од година во година се‘ поголем број од населението се смета за исчезнато. И покрај константните истраги на ФБИ, вистината за нивното исчезнување никогаш не е откриена. Во овој осамен регион, психологот Др. Абигаил Тајлер, започнува да снима сеанса со трауматизирани пациенти и потполно случајно открива некои од највознемирувачките докази на киднапирање од страна на вонземјаните некогаш.
Официјален трејлер:
Ana-Marija Модератор
Zodiac : Број на мислења : 1477 Birthday : 1993-09-21 Age : 30 Location : Canada Registration date : 2008-09-08
Предмет: Re: THE FOURTH KIND | 2009 Саб Фед 27, 2010 1:09 am
Ова не е повише сцајнс фикшн?
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Па филмот велат дека е хорор, научна фантастика нема многу освен тоа што овие се грабнати од вонземјани, ама тоа малце го има во филмот мислам.
Едвај чекам да излезе добра снимка, овој морам да го гледам
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE FOURTH KIND | 2009 Пон Мар 01, 2010 3:18 am
Откако видов дека синоќа го имаше за симнување, веднаш се најде на торент листата. Во глобала сум задоволен од филмот, но очекував многу повеќе страшни сцени. (очигледно јас не ги одбирам вистинските хорори). Ете пробав во помалку осветлена соба и повторно беше исто чувството .
Приказната беше доста интересна, Мила Јовович фантастично ја одигра улогата на др. Абигаил Тејлор .
Језиви сцени беа само кои луѓето беа на сеанса, и кога лошите духови ги прогонуваа, па отскокнуваа од креветот, почнаа да лудуваат и слично, одлично изработено