Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeЗајакнување на филмската култура во Македонија Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Зајакнување на филмската култура во Македонија

Go down 
2 posters
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Зајакнување на филмската култура во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Зајакнување на филмската култура во Македонија   Зајакнување на филмската култура во Македонија I_icon_minitimeПон Мар 01, 2010 12:27 pm

Зајакнување на филмската култура во Македонија Kino%20Milenium%2026.12.2009%20DP%20(6)


Филмскиот фонд деновиве ќе поднесе барање до Министерството за култура, домовите на култура да се пренаменат во киносали со што ќе се овозможи филмската публиката да ужива во проекции во секој град во државава. Годинава ќе имаме премиери на осум македонски филмови, а има само три кина во Скопје каде што ќе можат да се прикажуваат.
- Во време на економска криза не можат да се направат нови киносали, но домовите на култура можат да се пренаменат и за тоа нема да бидат потребни многу пари - изјави директорот на филмскиот фонд Дарко Башевски.

Оваа иницијативата ја поддржа и Друштвото на филмските работници.
Во Гостивар се отвори приватно кино со две киносали, меѓутоа на филмската публика од останатите градови и е одземена можноста да ужива во прикажување на филмови на големото платно.

До скоро време единственото кино што работеше во текот на целата година беше киното „Рамстор“. На крајот на минатата година почна да работи и киното „Фросина“, меѓутоа работи со нов концепт како кино и театар. Кинотека на Македонија го заживеа киното минатата година. Има своја редовна програма и публика, и дури и за некомерцијална програма се бара место повеќе бидејќи салата нема голем капацитет.
Киното „Милениум“ е под надлежност на Град Скопје и неговата определба е да прикажува филмови од холивудска продукција.

Превземено од spic.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Зајакнување на филмската култура во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зајакнување на филмската култура во Македонија   Зајакнување на филмската култура во Македонија I_icon_minitimeПон Мар 01, 2010 1:25 pm

Браво! Барем македонските премиери да ги гледаме годинава во Домовите на културата. Ние во Кавадарци имаме одличен театар, ни треба само за филмови како што имаше порано. Баш би било добро да ги дават истите филмови како во Скопје Зајакнување на филмската култура во Македонија 548993

Иначе... што има врска 35те спортски сали овде?
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин
avatar



Зајакнување на филмската култура во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зајакнување на филмската култура во Македонија   Зајакнување на филмската култура во Македонија I_icon_minitimeПон Мар 01, 2010 1:52 pm

NateArchibald напиша:


Иначе... што има врска 35те спортски сали овде?
Ни јас немам поима
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Зајакнување на филмската култура во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зајакнување на филмската култура во Македонија   Зајакнување на филмската култура во Македонија I_icon_minitimeПон Мар 01, 2010 2:09 pm

Па супер, мора да е многу глупо да одиш во друг град само за да гледаш филм
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Гостин
Гостин
avatar



Зајакнување на филмската култура во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зајакнување на филмската култура во Македонија   Зајакнување на филмската култура во Македонија I_icon_minitimeПон Мар 01, 2010 5:13 pm

Што убоо ќе биде да го гледам новиот филм на Милчо Манчески бо Тетово и тоа во Културниот Дом
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Зајакнување на филмската култура во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зајакнување на филмската култура во Македонија   Зајакнување на филмската култура во Македонија I_icon_minitimeПет Мар 12, 2010 10:01 pm

Мултиплекс кино нема ни во "Скопје 2014"

Од единствениот долгогодишен и најупорен кинодистрибутер "Манаки филм" велат: "Што да разговараме за дистрибуција, кога кина нема ниту во 'Скопје 2014'". Тие во информацијата за новата премиера "Алиса", како и за претходните неколку светски хитови кои ги дистрибуираа, напишаа дека ова е уште еден филм кој му се лизна на киното "Милениум" од програмата. "По правило, костимираните спектакли, филмовите со застрашувачки претскажувања, земјотреси, пропаст на светот или средбите со вонземјани се највисоко ценети кај кинопубликата, но овој пат тоа не е случај кај одговорните во МКЦ. А уште повеќе што овој филм беше предвиден да стартува како светска премиера - радост за секој дистрибутер и киноприкажувач, особено таму каде што има огромна пиратерија", пишуваат од "Манаки филм".

За неколку месеци тие ги дистрибуираат во кината во "Рамстор" филмовите кои го возбудуваат целиот свет, како "Аватар", "Во воздухот","Островот Шатер". Најавуваат дека ќе продолжат со исто темпо, како сите години наназад. Велат дека нивната програма со прецизни датуми ја понудиле во "Милениум", од каде што сè уште немаат одговор.
Од МКЦ, кој сега го работи Градското кино "Милениум", ни рекоа оти се отворени за соработка и дека чекаат предлог за начините за соработка, како и дека очекуваат успешна и долгорочна соработка со "Манаки филм" и со сите останати дристрибутери.

"Овде сме со еден императив, да ја вратиме публиката во киното. Тешка и макотрпна работа, која ако не беше таква, немаше да се нафатам да ја работам. Програмата е диктирана само и единствено од безмилосните и брутални параметри на светскиот бокс офис, па така за само 100 денари, публиката ќе има можност да ги гледа филмовите кои се на врвот", ни рече директорот на единственото кино со европски стандарди кај нас Златко Стевковски. На репертоарот на "Милениум" се: "Легијата", "Алвин и верверичките" и "Сите сме супер".
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Зајакнување на филмската култура во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зајакнување на филмската култура во Македонија   Зајакнување на филмската култура во Македонија I_icon_minitimeСаб Мар 13, 2010 4:23 pm

Филмскиот фонд ги објави резултатите од конкурсот за филмска дејност во 2010 година!

Пет играни, три краткометражни, четири документарни и два анимирани филма прифати Филмскиот фонд на октомврискиот конкурс за филмска дејност во 2010 година. Резултатите на прес-конференција ги соопшти директорот на Фондот Дарко Башески. Вкупниот буџет на Фондот за филмска продукција во оваа година е 110 милиони денари.

Зајакнување на филмската култура во Македонија Kino_9898

„Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов и „Децата на зимското сонце“ на Антонио Митриќески од Фондот ќе добијат по 30 милиони денари за снимање, што е и максимална сума за режисери веќе етаблирани и наградувани на фестивали. Останатите три играни филма - „Враќање“ на Кастриот Абдили, „Бучно“ на Анета Лешниковска и „Мал бог на љубовта“ на Жељко Сошиќ од Фондот ќе имаат по 12 милиони денари, што е лимит за автор кој снима прв долгометражен филм. Последниот е копродукција со Црна Гора, а главната улога ќе ја игра Никола Ристановски.

За да се приспособи на државниот буџет и трезорското работење, Филмскиот фонд на избраните филмски проекти овој месец со преддоговори ќе им префрли пет отсто од одобрениот буџет за снимање на филмот. За една година и најмногу три месеци продолжен рок авторите треба да ги најдат останатите пари (копродукциски партнери) и да ја затворат финансиската конструкција што ја пријавиле во Фондот. Откако ќе ги обезбедат сите средства, Фондот со нив ќе склучи договори и потоа етапно и според динамиката на снимање ќе им ги дотира останатите 95 отсто од износот што им го одобрил.

- Оние што први ќе го затворат буџетот, први и ќе снимаат, за да не ни се случи она од минатата година - никој не снимаше две години и одеднаш седум филма почнаа во исто време. Ќе влеземе во рамки на трезорскиот систем и оној што ќе го затвори буџетот во тековната година стекнува право за финансирање во наредната година, рече Башески.

Со по 900.000 денари Фондот ќе ги поддржи кратките „Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски и „Жарче“ на Томислав Алексов, а 600.000 денари ќе добие краткиот „Пари“ од Дарко Белев. Прифатени се и документарните „Сеништа“ на Скендер Рауфи, „Алхемија на звукот“ на Сузана Диневски, „Macedonia mon amour“ на Инго Лангер и „Дисидент“ на Петар Џуновски“, како и два анимирани филма - „Ego Death“ на Иван Ивановски и „Оазата“ - прв долгометражен анимиран филм на Борис Дамовски, кој ќе добие 12 милиони денари.

Трите кратки од оваа година, заедно со десетте кратки од минатата сесија, треба да бидат завршени до 1 ноември зашто тој месец во Скопје ќе дојдат селектори да изберат кратки филмови за Берлинале 2011.

Фондот планира во мај да распише конкурс за малцинска програма, т.е. за поддршка на филмови чии продуценти не се од Македонија, но за кои земјава има интерес поради отворање кон странски фондови. Во септември ќе биде следниот конкурс за македонска филмска продукција и во јануари ќе бидат познати резултатите.

Од минатогодишните проекти во завршна фаза се филмовите на Лабина Митевска и на Милчо Манчевски („Како бебе“) - кој, веројатно, ќе биде прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај. Филмскиот фонд ќе се претстави во Кан на заеднички штанд со уште седум земји од Југоисточна Европа.

Извор: Сител Телевизија
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Зајакнување на филмската култура во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Зајакнување на филмската култура во Македонија   Зајакнување на филмската култура во Македонија I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Зајакнување на филмската култура во Македонија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Филм :: Дебата за филмовите-
Отиди до: