Серијата е
реализирана во десет продолженија во трање од 40-45 минути Сценариото е на Братислав Димитров, а
режијата на Томислав Алексов. Фабулата на "Обични луѓе" е приказна за
едно просечно македонско семејство, составено од три генерации. Поради
економските состојби во државата кои се рефлектираат и на нивниот
живот, мајката и таткото, заедно со своите деца решаваат да емигрираат
во Нов Зеланд. Меѓутоа, во моментот кога добиваат визи, нивната логика
се менува - родителите се вработуваат, децата се вљубуваат и решаваат
да останат тука. Нивниот живот е преполн со секојдневни, а се разбира
и несекојдневни настани кои се придружен дел на сечиј живот. Всушност,
тоа е современа реалистична драма со многу смешни и по некој тажен
момент. Главните улоги ги толкуваат: Дедото - Петар Арсовски, Бабата
- Катерина Коцева. Улогата на синот ја толкува Никола Ристановски, а
мајката - Софија Куновска. Децата ги толкуваат Драгана Костадиновска и
Славиша Каевски. Улогата на сосетката ја толкува Стојна Костовска. Во
другите улоги се појавуваат младата Марија Арсеникова, како и Драган
Спасов - Дац, Јовица Михајловски, Нино Леви, Митко Атанасовски, Трајче
Георгиев, Марија Кондова, и други познати артисти. Премиерното
емитување беше на 24 април 2005-та во ударен термин 19 часот. Сценографијата е на
Гордана Шпољариќ, а костимите на Жаклина Крстевска и Невена Тасевска-
Петровиќ. Продуцент на серијата е Питомир Деспотовски, уредник Соња
Јаќовска- Самарџиева, а одговорен уредник на секторот - Сектор за
играна програма на МТВ, кој е носител на оваа серија е Оливер
Бранковиќ. Мајстор на светло Ацо Стојановски.