Иако мислев дека Prva TV станува копија на Пинк, кога ги разгледав подобро, сепак мислам дека засега имаат најјака програма во Србија. Прајмтајмот од вторник до петок им оди некако вака:
18:00 Вести
18:20 Ексклузив
18:45 Дојди на вечера (кулинарско шоу)
19:40 Survivor - без цензура
20:10 Илјада и една ноќ
21:00 Сопствена продукција (Милионер, Пеколна кујна, Досие, Вечерно ток шоу)
22:00 VIP Survivor
Сакам да дојде во Македонија (ја има само на некои кабелски), има доста јака понуда на емисии. Освен што дава Ф1 (кај нас на Алфа) и натпревари на Црвена Ѕвезда (кај нас на Сител), мислам дека нема некои други програми што би требало по правило да се кодираат кај нас.