| KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 | |
|
+4Chris sexandthecity15 AnDzII Beauty 8 posters |
Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пон Мај 03, 2010 11:51 pm | |
| ДОЛИНА НА ВОЛЦИТЕ - KURTLAR VADISIДолина на волците е турска криминалистичко - љубовна серија која кај нас се емитува синхронизирана на А1 телевизија. Се работи за серија што постигна одличен успех во Турција и покрај контроверзиите за сцените со експлицитно насилство и идеолошката определба на ликовите. Епизодите се емитуваат синхронизирани на македонски јазик, а гласовите ги позајмуваат Предраг Павловски, Јордан Симонов, Анастас Тановски - Таше, Марин Бабиќ, Нино Леви, Ердоан Максут, Салетин Билал, Бадија Беговска, Ана Костовска, Катерина Шехтанска и Душица Стојанова. Во серијата се појавува одлична актерска екипа предводена од Некати Шашмаз, Кенан Чобан, Гуркан Ујгун, Осман Вобер и Хисеин Авни Данјал. Шерон Стоун и Енди Гарсија се појавуваат како специјални гости во последните епизоди. „Долина на волците“ е снимена во три сезони, а вклучува и целовечерен филм, „Долина на волците: Ирак“, кој со заработка од 25,1 милиони долари стана еден од најпрофитабилните филмови во Турција. Долината освен војна по блоговите на интернет меѓу Израелците и Турците, неодамна предизвика и голем дипломатски скандал меѓу Турција и Израел. Стотици коментари и различни навреди секојдневно се разменуваат меѓу симпатизерите на серијата и Израелците. Војната на интернет се води, пред се, поради различните гледишта за серијата - за Турците серијата е една од најдобрите што се направени бидејќи има најголем рејтинг во земјата, додека за Израелците таа е антисемитска. Најгледаната серија во Турција ги налути Израелците бидејќи во неа се прикажува како израелски специјалци од Мосад одат во Турција и киднапираат турски бебиња за да ги претворат во Евреи. За Израелците најспорна е последната епизода од серијата кога главниот лик Полат Алемдар упаѓа во израелската амбасада за да ги спаси киднапираните турски деца, а при тоа убива и израелски агенти. Во последната сцена израелски агент го праша Алемдар дали знае дека се наоѓа на странска почва и дека прави воено злосторство, а тој одговара: „Само на тебе ти е дозволено да правиш воени злосторства“. Поради таквите сцени во серијата, турскиот амбасадор во Израел, Огуз Челикол, во јануари годинава беше повикан од израелскиот заменик-министер за надворешни работи Сани Ајалон - средба која прерасна во дипломатски скандал. Тогаш Ајалон беше принуден да седне на столче пониско од тоа на неговиот домаќин, а пред средбата тие не се ракувале, што беше забележано од фоторепортерите и од снимателите. Ајалон дури призна дека навредата била направена намерно. Заменик-министерот е фатен на снимка на телевизиската екипа кога тој му вели на снимателот: „Внимавај на тоа дека амбасадорот седи на пониско столче, дека на мојот стол има само израелско знаме и дека не се смееме“. По ваквиот настан Турција бурно реагираше и постави 24-часовен ултиматум да добие извинување за понижувањето на нивниот амбасадор или ќе преземе дипломатски мерки. По цврстиот ултиматум од страна на Анкара, до Турција беше испратено извинување. Серијата, освен во Македонија, е една од најгледаните телевизиски емисии во Дубаи и во арапските земји. „Долина на волците“, која во Турција почна да се прикажува во 2003 година, доживеа толку голем успех во земјата што беше инспирација во 2007 година да се сними спин оф сериијата , ,Долина на волците - заседа" и во 2006 година да се сними филмот „Долина на волците - Ирак“. За филмот се потрошени 14 милиони долари, што е најскап турски филм. Филмот се базира на вистински инцидент кој се случил во 2003 година кога американски војници уапсиле 11 турски војници во северен Ирак. Филмот наиде на жестоки критики од САД и Западот, кои го оценија како антисемитски, по што беше забранет за емитување во многу земји. Но, тоа не ги запира продуцентите на серијата и на филмот да одат понатаму бидејќи веќе е испланирано да се сними „Долина на волците - Палестина“.
Меѓутоа, сите овие контроверзии како да придонесуваат за успехот на франшизата, која со несмален интензитет продолжува да ги заковува гледачите пред телевизиските екрани. Серијата постигна голем успех меѓу арапските народи, кои се задоволни од квалитетот на продукцијата, приказната и од музиката во серијата. Извршните продуценти веруваат дека експозитурата на „Долина на волците“ се одразува и на туризмот во Турција, што веќе станува очигледно. Повеќе од два милиона арапски туристи минатата година ја одбраа Турција како локација каде што ќе го поминат годишниот одмор. Се очекува овој тренд да продолжи, со оглед на тоа што дејството во серијата се случува во Истанбул и во други популарни турски локации. СОДРЖИНА:Службеникот во Министерството за одбрана, Али оди на Косово во рамките на мировната мисија. Во Турција, започнува теророт на мафијата што ја раководи безмилосниот лидер Мехмет Караханли, познат по прекорот Баронот. Неговата десна рака е Томбалаџи кој има метод на сурово справување со противниците, а најопасен во мафијата и најкрволочен е мафијашот Тештрет кој прекарот го добил по суровите методи на ликвидација на оние кои и стојат на патот на мафијата. Младиот Али во нивните редови влегува откако е регрутиран од страна на тајната служба на цело со Аслан, кој го подложува на пластична операција со која целосно му го менуваат изгледот и гласот за да може да го инфилтрираат во редовите на Баронот и така да ги откријат сите операции кои се одвиваат во Истанбул. Али со новото име Полат Алемдар се зближува со Сулејман Чакар и преку него успева да дојде со видните челници во мафијата. За да го постигне тоа, тој се обучува за безмилосен ликвидатор и со првите убиства и акции, неговото име станува препознатливо и страв и трепет за локалните мафијаши кои се борат за превласт со Баронот. Со неговиот втор идентитет, Полат повторно се зближува со неговата љубов Елиф, која живее со верувањето дека тој е мртов во несреќата на Косово. Таа станува и негов адвокат, а со тоа се доведува и себеси во опасност. Нејзината колешка Џанан е во постојана опасност од манијакот Ердал, душевно пореметена личност со трауми од детството од неговиот татко. Полат го запознава и семејството на Чакар, сопругата Несрин, дедото Љаз Зија, еден од мафијата на Баронот и помалата сестра Мерал која му задава и најголема мака на семејството. Полат станува нивен пријател и заштитник, а Чакар го смета за свој брат. При една акција, Чакар загинува, а Полат го завзема неговото место, убивајќи ги сите негови конкуренти и успева да му стане и десна рака на Баронот. Но, ваквата вест не ја дочекува и неговиот шеф Аслан, кого новата руска мафија ги ликвидира за да не им попречува во нивната намера да го ликвидираат Баронот, кого тие го имаат за мета.
Последната промена е направена од Beauty на Нед Окт 10, 2010 8:26 pm. Мислењето е променето 3 пати. | |
|
| |
AnDzII Член
Zodiac : Број на мислења : 286 Birthday : 1996-04-27 Age : 28 Location : somewhere over the rainbow..... Registration date : 2010-05-29
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Јун 04, 2010 5:57 pm | |
| Долина на волците е најубава турска серија баш таква како јас што сакам, криминалистичка серија, поинаква од другите | |
|
| |
sexandthecity15 Нов Член
Zodiac : Број на мислења : 140 Birthday : 1995-01-15 Age : 29 Location : Kumanovo Registration date : 2010-08-14
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Саб Окт 16, 2010 7:33 pm | |
| Зарем е толку слабо коментирана серијата? Фала богу! Најодвратно нешто што имам гледано досега. | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Саб Окт 16, 2010 7:39 pm | |
| Мене ни малку не ме влечела содржината на оваа серија. Турски мафии и турска политика Само да не ја откупат и другата серија | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Саб Окт 16, 2010 7:41 pm | |
| | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Саб Окт 16, 2010 7:44 pm | |
| Па прва е оваа серија на А1 што оди - Долина на волците, па потоа се снимила серијата Долина на волците: заседа и филмот Долина на волците Ирак. Филмот го даваа, па можно е и Долина на волците заседа да ја даваат. | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Саб Окт 16, 2010 7:46 pm | |
| | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Ное 05, 2010 2:25 pm | |
| Отсега Долина на волците ќе има реприза во сабота и недела (наместо Лисјата), а вечер има маратон од 21.30 до сабајле | |
|
| |
mk06808 Нов Член
Број на мислења : 55 Registration date : 2010-03-09
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Ное 05, 2010 2:31 pm | |
| Уште малку до крајот на Долина на волците, вчера се емитуваше 82 епизода, од оваа трета сезона остануваат уште 4 епизоди, и уште 11 епизоди од 4-тата последна сезона, значи се на се 15, можно е да ја имаат откупено и Долина на волците-заседа, пошто некако имам впечаток ко да брзаат овие од А1 да ја завршат серијата. | |
|
| |
Phillip Член
Број на мислења : 325 Location : Kocani Registration date : 2010-09-05
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Ное 05, 2010 5:03 pm | |
| - Beauty напиша:
- Отсега Долина на волците ќе има реприза во сабота и недела (наместо Лисјата),
а вечер има маратон од 21.30 до сабајле ццц..колку се..наместо некој филм да дадат тие ми даваат Долинан на волците.. | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Ное 19, 2010 2:17 pm | |
| Во следните епизоди специјални гости ќе бидат Шерон Стоун и Енди Гарсија.Завршува идниот петок | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Ное 19, 2010 2:45 pm | |
| Зар сите епизоди ги иземитуваа? Или има и друга сезона? | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Ное 19, 2010 2:47 pm | |
| Уште цела серија, спин оф на оваа - Долина на волците заседа | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Ное 19, 2010 2:57 pm | |
| - Beauty напиша:
- Уште цела серија, спин оф на оваа - Долина на волците заседа
И кога ќе ја пуштат таа? Се распитувам волку дека другар ми ја гледа па да го известам | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Ное 19, 2010 3:52 pm | |
| E тоа не знам Можеби одма по оваа. Читав дека таа Заседа многу повеќе се концентрирала на тероризам и политика отколку оваа, па затоа и била забранета некаде да се прикажува | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Сре Дек 01, 2010 11:21 pm | |
| Kaко што и претпоставувавме, од утре почнува Долина на волците Заседа | |
|
| |
Phillip Член
Број на мислења : 325 Location : Kocani Registration date : 2010-09-05
| |
| |
sexandthecity15 Нов Член
Zodiac : Број на мислења : 140 Birthday : 1995-01-15 Age : 29 Location : Kumanovo Registration date : 2010-08-14
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Дек 03, 2010 12:49 am | |
| | |
|
| |
Phillip Член
Број на мислења : 325 Location : Kocani Registration date : 2010-09-05
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Дек 03, 2010 1:49 am | |
| Се изненадив кога ја видов новата сезона..стварно било како што викаа некој со МНОГУ поголем буџет била оваа сезона..и била со подобар квалитет од претходните кои беа мизерни.. | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Дек 03, 2010 7:01 pm | |
| И јас видов разлика во камерата и квалитетот на снимката. | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Пет Дек 03, 2010 8:50 pm | |
| | |
|
| |
Mimito861 Нов Член
Број на мислења : 19 Registration date : 2010-12-04
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 Нед Дек 05, 2010 7:23 pm | |
| | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 | |
| |
|
| |
| KURTLAR VADISI, SineGraf|2003-2009 | |
|