Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
| Предмет: THE X-FILES|1993-2002 Пон Мај 17, 2010 1:01 am | |
| Досиеја икс е наградувана американска научно-фантастична телевизиска серија создадена од Крис Картер. Првобитно е емитувана на ФОКС телевизија, од 10 септември 1993 до 19 мај 2002, комплетирајќи девет сезони. Во главните улоги настапуваат Дејвид Дуковни (Фокс Молдер) и Џилијан Андерсон (Дејна Скали), ФБИ агенти кои имаат за задача да истражуваат паранормални феномени, а чести заплети се теориите на заговор за вонземјаните и нивната врска со владата. Серијата стана многу популарна и популаризираше некои фрази како „Вистината е таму некаде“, „Никому не верувај“, „Сакам да верувам“. Обожавателите ги делат епизодите на епизоди со митолошки приказни, чија тема е инвазијата на вонземјани, и на епизоди т.н. „чудовишта на неделата“, чија тема се суштества и ситуации поврзани со паранормалното. Исто така, неколку епизоди се посветени на истражување на врската меѓу Молдер и Скали. Американскиот магазин TV Guide ја означи Досиеја икс како една од најпопуларните телевизиски серии на сите времиња, а и како втора култна серија на сите времиња, по Ѕвездени патеки.
Последната промена е направена од Burrows на Пон Мај 17, 2010 1:09 am. Мислењето е променето 2 пати. | |
|
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
| Предмет: Re: THE X-FILES|1993-2002 Пон Мај 17, 2010 1:02 am | |
| Не знам зошто, ама од поодамна ме „прогонува“ серијава и решив да погледнам како изгледа. Го симнав пилотот, па ако ми се допадне, летоска ќе си имам занимација во доцните саати. | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: THE X-FILES|1993-2002 Пон Мај 17, 2010 1:13 am | |
| Дали ова одеше кај нас? Мислам дека одеше или на канал 5 или на локалниве | |
|
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
| Предмет: Re: THE X-FILES|1993-2002 Пон Мај 17, 2010 1:18 am | |
| Можеби на Канал 5 има одено, до пред некое време и на ХРТ 1 одеше. | |
|
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: THE X-FILES|1993-2002 Пон Мај 17, 2010 12:41 pm | |
| Една од најдобрите мистериозни серии. Близу до рамништето на LOST. Инаку нема одено кај нас колку што знам. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: THE X-FILES|1993-2002 | |
| |
|