SCOUNDRELS е нова американска драма-комедија, која започна да се прикажува на ABC на 20 јуни. Серијата е базирана на новозеландската серија Outrageous Fortune и се врти околу семејството криминалци Вест, кое решава да се повлече од тој бизнис, откако таткото ќе заврши во затвор.
Кратка содржина:
Семејството Вест е семејство на криминалци, кое е составено од мајката Шерил, нејзиниот маж Вулф и нивните деца, близнаците Логан и Кал и двете ќерки, Хедер, која сака да стане модел, и младата и паметна Хоуп. Близнаците се потполно различни, Логан е одличен адвокат, а Кал е мрзлив неработник, кој се занимава со матни работи. Откако Вулф ќе добие казна 5 години затвор, Шерил одлучува да го насочи семејството кон прав пат т.ш. ќе престанат со илегалните работи. Но, секако, работите не одат баш така.