Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: TERRA NOVA|2010 - Чет Јун 24, 2010 10:39 am | |
| Terra Nova е акцијски - авантуристички спектакл кој го следи животот на едно обично семејство кое се наоѓа на едно необично патување во предисториската доба на земјата, точно 85 милиони години во минатото. Семејството кое ќе не води низ ова необично патување, ќе биде само дел од многуте ликови кој ќе се обидат да го спасат човековиот род. Во годината 2149 светот умира, планетата е пренатрупана и презагадена, земјата е дојдена до работ на пропаста, но сепак има надеж. Знаејќи дека нема друг излез, генијалците од тоа време креираат портал преку кој влегува одредена група на луѓе, тие патуваат во минатото и ги менуваат погрешните човекови одлуки кои биле причина за распаѓањето на светот. Семејството кое ние ќе го следиме во серијата ќе го носи презимето Шенон. Џим, татко и сопруг, ќе ги води своите низ тој свет на мистерија, ужас и страв. Елизабет е сопругата на Џим, а тука се и нивните деца Џош и Меди. Кога се работи за актерската екипа, по две недели поминати во преговори, Џејсон О'Мара конечно постигна договор со FOX во кој ја доби улогата на таткото на Џим Шенон, во семејството на кое ќе се обрне најмногу внимание во оваа серија. Ова нема да биде прва серија каде Џејсон ќе мора да патува во времето, тој исто така работеше и на серијата "Life on Mars" која излезе од продукцијата на ABC. На оние кој што се загреани за оваа серија им останува да го дочекаат денот 23.07 кога ќе се објави првото промотивно парче од оваа серија, наречено "behind the scenes". | |
|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: TERRA NOVA|2010 - Чет Јун 24, 2010 11:36 am | |
| Затоа што се крева прашина, малце ќе се дистанцирам од оваа серија, ќе ја ѕирнам кога ќе почне па ќе утврдам дали ќе ја гледам. Иако ветува, доста ветува, но мене очајно ме потсетува на Аватар | |
|
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: TERRA NOVA|2010 - Чет Јун 24, 2010 12:22 pm | |
| И мене ме потсети на Аватар, ама сепак мислам дека ќе биде ок | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: TERRA NOVA|2010 - | |
| |
|