Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeTop Chef Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Top Chef

Go down 
3 posters
АвторПорака
Rebellious angel
Топ постер
Топ постер
Rebellious angel


Female Zodiac : Leo Број на мислења : 1799
Birthday : 1989-08-22
Age : 34
Registration date : 2008-09-23

Top Chef Empty
ПишувањеПредмет: Top Chef   Top Chef I_icon_minitimeСре Јун 30, 2010 5:18 pm

Top Chef TopChefbanner

Топ Шеф е американско реално тв шоу, кое се прикажува на кабловската телевизија Браво и во кое готвачите се натпреваруваат меѓу себе во кулинарски предизвици. Тие се оценувани од професионални готвачи и други истакнати луѓе од светот на храната и виното. Наградата е уредувачка функција во списанието Храна и Вино, појавување на Food & Wine Classic во Аспен, Колорадо и 125 000 долари. Шоуто е продуцирано од Magical Elves Productions, креаторите на Проект Писта. Во Америка моментално се прикажува седмата сезона, а кај нас половина од првата сезона се прикажуваше на Скај Нет.

Планирани се и 4 Топ Шеф спин-офа. Браво го нарача Top Chef Junior, чии натпреварувачи се во раните тинејџерски години. Вториот спин-оф, Top Chef: Masters, започна да се прикажува во јуни 2009, вклучувајќи едни од најсјајните ѕвезди во светот на храната, наградувани и познати готвачи. Третиот спин-оф, Top Chef: Just Desserts е исто така нарачан, а четвртиот, Top Chef Canada, е продуциран од Food Network Canada и е закажан за 2011 година.

Секоја епизода, освен финалето, има по два предизвика.

Во Quickfire предизвикот, секој готвач треба да зготви јадeње со посебни барања (на пример, употреба на одредени состојки) или да учествува во предизвик поврзан со кулинарството (на пример, тестирање на вкусот). Тие најчесто имаат најмногу 1 час да ја завршат задачата. Гостински судија избира еден или повеќе готвачи како најдобри во предизвикот. На почетокот на сезоните, победниците во овој предизвик добиваат имунитет за следниот елиминационен предизвик. Со намалување на бројот на натпреварувачи, тие веќе не добиваат имунитет, туку некоја друга награда, како на пример, да бидат капитен на тимот за наредниот предизвик.

Во предизвикот на елиминација, готвачите треба да подготват едно или повеќе јадења, во однос на барањата. Некои од овие предизвици се индивидуални, а некои тимски. Тимовите се бираат на различен начи, но најчесто со влечење на означени ножеви. Готвачите имаат од неколку часа до неколку дена да ја завршат задачата. Состојките се најчесто ограничени на оние кои ги има во оставата на Топ Шеф и на тоа што ќе си купат во продавницата, имајќи ограничен буџет. Сепак, некои предизвици може да го ограничат бројот на состојки кои може да се користат, а некои бараат нетрадиционални методи на собирање состојки, како на пример, прашување на луѓе од врата на врата. Натпреварувачите готват за четирите судии, вклучувајќи еден судија-гостин, но често готват и за група гости или муштерии (на пример, каубојите во Колорадо). Сите тие ја пробуваат и оценуваат храната.

По елиминациониот предизвик, готвачите се донесени пред масата на судиите, каде што тие ги разгледуваат коментарите на гостите и ги бираат најдоброто и најлошото јадење. Најдобрите тимови или готвачи се повикани и понекогаш прашувани за нивните јадења. Еден од нив е победник и може да добие награда од судијата-гостин. Потоа се повикуваат најлошите и по сличен разговор се избира најлошиот готвач, кој треба да си ги спакува ножевите и да си оди.

Шоуто продолжува на сличен начин уште 10-13 епизоди, се до финалето.

Специјални предизвици

На средината на секоја сезона, натпреварувачите учествуваат во елиминационен предизвик наречен "Restaurant Wars" (или нешто слично). Тие се поделени во 2 тима, креирани од победникот на Quickfire предизвикот или со влечење ножеви. Во овој предизвик, готвачите мора да претворат празно место во ресторан за одредено време и со ограничен буџет, избирајќи име, тема, декор и мени.

Во финалниот предизвик, преостанатите 2 или 3 готвачи подготвуваат ручек или вечера, составена од повеќе јадења со помош на други готвачи. Овие помошни готвачи се или некои од претходно елиминираните или некои познати готвачи. Победникот се бира според неколку фактори, квалитетот на храната, способноста да ги водат избраните готвачи и работата за време на целото шоу.
Вратете се на почетокот Go down
https://www.facebook.com/anapetrovik89
Maxime
Успешен Член
Успешен Член
Maxime


Male Zodiac : Taurus Број на мислења : 755
Birthday : 1994-05-11
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2009-07-12

Top Chef Empty
ПишувањеПредмет: Re: Top Chef   Top Chef I_icon_minitimeСре Јун 30, 2010 7:03 pm

Одамна сакав да отворам тема за шоуво. Супер што ти текна Top Chef 996773 Инаку го обожавам, сите реални шоуа на Браво се законски. Штеташ што Проект: Писта веќе не е нивно, но сепак они го создаа... Никогаш не мислев дека ќе ми биде интересно шоуво, ама стварно е заразно и не може да се гледа а да не се јаде во исто време, со тоа сосовите храната нивна мислам дека ја пробав... Top Chef 24632 Top Chef 24632 Top Chef 24632
Вратете се на почетокот Go down
Chris
Администратор
Администратор
Chris


Male Zodiac : Leo Број на мислења : 13381
Birthday : 1989-07-29
Age : 34
Location : Скопје
Registration date : 2008-02-13

Top Chef Empty
ПишувањеПредмет: Re: Top Chef   Top Chef I_icon_minitimeСре Јун 30, 2010 8:47 pm

Колкава екипа се овие бе? Top Chef 493672
Вратете се на почетокот Go down
http://forum.tvpaket.com.mk
Rebellious angel
Топ постер
Топ постер
Rebellious angel


Female Zodiac : Leo Број на мислења : 1799
Birthday : 1989-08-22
Age : 34
Registration date : 2008-09-23

Top Chef Empty
ПишувањеПредмет: Re: Top Chef   Top Chef I_icon_minitimeЧет Jул 01, 2010 6:31 pm

Не се многу, 15ина. Top Chef 871427

Инаку, го обожавам шоуво, супер е, баш е интересно. Top Chef 871427 Штета што не го дадоа до крај на Скај Нет. Top Chef 367812 Може ќе си ги досимнам преостанатите епизоди наскоро. Top Chef 996773 Мојот фаворит победил. Top Chef 996773 Сега си ја гледам/симнувам редовно седмата сезона, бидејќи новите летни серии ме разочараа. Top Chef 367812 Ова е 100 пати поинтересно и позабавно од нив. Top Chef 996773 Ептен се навлеков. Top Chef 136792 Top Chef 996773 Фаворит ми е Eнџело, најинтересен ми е, а и го бива за готвење. Top Chef 871427
Вратете се на почетокот Go down
https://www.facebook.com/anapetrovik89
Sponsored content





Top Chef Empty
ПишувањеПредмет: Re: Top Chef   Top Chef I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Top Chef
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Телевизија :: Реални шоуа, странски емисии...-
Отиди до: