Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: COMPLETE SAVAGES|2004-2005 Пет Aвг 13, 2010 3:46 pm | |
| ПОД МАШКИ ПОКРИВ е американски ситком, кој се прикажуваше на ABC од септември 2004 до јуни 2005 година и кој се врти околу Ник Севиџ и неговите 5 непослушни синови. Иако беше одлично прифатена кај публиката, серијата беше укината по првата сезона, поради слабите рејтинзи и нејзиното лошо рекламирање. Кај нас можевте да ја гледате на Канал 5. 1 сезона: 19 еп. Кратка содржина:Ник Севиџ e самохран татко, кој напорно се обидува сам да ги одгледа неговите непослушни синови, Џек, Крис, Сем, Кајл и Ти Џеј, чија мајка ги напуштила пред 10 години. Тој работи деноноќно, на повик, како пожарникар, заедно со неговиот брат Џими. Неговите синови постојано предизвикуваат проблеми и запаѓаат во неволји, создавајќи непредвидливи околности и ситуации за целото семејство, од кои тешко можат да се извлечат. Улоги: Кит Керадин, Ерик фон Детен, Ендру Ајден, Шон Сајпос, Еван Елингсон, Џејсон Доли, Винсент Вентреска... | |
|