Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeПоезија Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Поезија

Go down 
АвторПорака
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Поезија   Поезија I_icon_minitimeПон Aвг 23, 2010 9:35 pm

„Круната на литературата е поезијата“.
- Метју Арнолд

Ваши мислења за поезијата, ваша омилена поезија, ваша поезија.
Овде. Поезија 871427
Вратете се на почетокот Go down
Игор
Топ постер
Топ постер
Игор


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 1371
Birthday : 1989-11-07
Age : 34
Registration date : 2008-03-05

Поезија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија I_icon_minitimeВто Aвг 24, 2010 2:39 pm

Нема заинтересирани за поезија? =))

Ајде јас ќе почнам со една од најубавите љубовни поеми од македонската книжевност.

„КОГА ЈА ЉУБЕВ ДЕНИЦИЈА“
Петре М. Андреевски

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.

Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот
на тилот од смилот и трендафилот.

Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.

Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше.

Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.
Вратете се на почетокот Go down
 
Поезија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Општи теми од животот :: Литература и Драма-
Отиди до: