ПОЧИНА ТАТКОТО НА САРА МАЛДОНАДО
Во еден од најдобрите моменти од нејзината кариера и баш првата недела од „Aurora“ од Телемундо, во која има главна улога, Сара Малдонадо ја прими најлошата вест во нејзиниот живот, смртта на нејзиниот татко, Марио Малдонадо, кој одеднаш имаше срцев удар во петокот на 29 октомври и беше хоспитализиран во болница.
Сара, која се наоѓаше на снимање во студијата на Телемундо во Мајами ја прими веста дека нејзиниот татко е хоспитализиран и, од страв, се онесвести, при што и таа беше одведена во клиника за да се провери што е. Поради тоа, убавата актерка не можеше веднаш да патува за Мексико за да биди со нејзиниот татко во последните мига.
Но, тоа што никогаш не можеше да го замисли Сара, беше дека неколку дена подоцна, на 3 ноември, веста ќе биде полоша, кога ја информираа дека не само што не му се подобри состојбата, туку дека починал ненадејно.
„Татко ми ако ме гледа од небото, денеска заедно со семејството и пријателите, знае дека се опростуваме од него со многу голема болка, но секогаш ќе живее во моето срце„, напиша Сара Малдонадо на својот Twitter.
И речиси веднаш потоа, испрати посветеност на човекот кој и го даде животот и без сомнеж ги потресе оние што ја прочитаа: „Ќе те сакам засекогаш, тато. Таму чекајме, наскоро ќе те стигнам за пак да се смееме и прегрнуваме“.
Со голема болка и придружена од нејзиниот сопруг, Сара зеде дозвола од Телемундо и сета подршка од нејзините пријатели, како и од директорите да замине и да се опрости од татко и' и да е поддржи мајка и', која беше мажена повеќе од 35 години со Дон Марио. Сара Малдонадо патуваше нис Халапа, Веракруз (Мексико) за да присуствува на последното збогување на нејзиниот татко.