Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: BLUE BLOODS|2010- Вто Сеп 28, 2010 12:37 am | |
| БРОЈ НА СЕЗОНИ: 1 (засега) | БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 13 (засега) ИМДБ | ОФИЦИЈАЛНА СТРАНАCBS е мрежа преполна со своите можни истражувачи, детективи, полицајци распоредени во милијарди различни прецедурални серии и нивни римејкови. Но, понекогаш се случува да се нарача серија која со својата серијализираност, оригиналност и квалитет отскокнува од другите. Минатата година ја добивме The Good Wife - оваа година тоа е Blue Bloods. Актерската екипа е една од подобрите од овогодишните пилоти (со The Event и No Ordinary Family), а како што и споменав, и екипата позади камерите има зад себе многу импресивна листа на проекти на кои работеле. Ја споредив со серијата The Good Wife - немојте криво да ме сфатите, Wife е милји пред Bloods, и уште е рано да се повлекуваат паралели, но ова е серија со многу потенцијал за која вреди да се одвојат 45 минути неделно, посебно ако сте фан на овој жанр. -Марин Кухариќ (Serijala.com) Серијата го следи њујоршкото семејство полицајци, на чело со Франк Реган (Tom Selleck) началник на полицијата. Франк веќе долго време е вдовец, а го изгубил и синот полицаец, кој загинал на работата. Неговите преостанати три деца се сите на некој начин поврзани со NYPD, Дени работи како детектив, Ерин е заменичка на државниот адвокат, а Џејми, најмладиот син, туку што станал полицаец. Иако оваа премиса можеби на прв изглед ви делува неоригинално и клише, авторите на серијата многу добро го поставиле темеолот на односите меѓу членовите на семејството во пилотот. Баш, тој аспект е вистинскиот т.е главен адут на серијата. | |
|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: BLUE BLOODS|2010- Вто Сеп 28, 2010 2:08 pm | |
| Одличен пилот, доста квалитетен и со неверојатна глума. Мислам дека ова е годинешнaта "The Good Wife". Ова е воедно процедурал, има различни случаеви секоја епизода, но поврзаноста меѓу семејството полицајци ми е многу пријатно раскажана, одлично одглумена и слично. Дени и Сандра се баш добар пар, ме интересира како ќе се задржат по неговото дипломирање како полицаец Мислев дека завршив со нови серии, но и ова се додава во мојата листа. Изгледа одлично, ако не редовно, наеднаш сигурно ќе ја завршам прва сезона. | |
|