Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: MENEKSE ILE HALIL, Ay Yapim|2007 Саб Окт 02, 2010 2:55 pm | |
| ЉУБОВ И ОДМАЗДА е турска теленовела во која главната улога му припаѓа на Киванч Татитлуг, турскиот Бред Пит. Содржина:Менекше е 20-годишна млада и убава девојка, ќерка на турски емигранти кои живеат во Берлин. Нејзиното семејство е традиционално турско, каде што таткото ги носи сите одлуки, па така и одлуката да неговата ќерка се омажи со Мустафа, пријател на Кедир, братот на Менекше. Она што нејзиното семејство не знае е дека срцето на Менекше припаѓа на друг човек. Во продавницата каде што работи, Менекше го запознала босанецот Халил, турски емигрант кој заминал на печалба во Германија и силно се вљубува во него. Семејството на Менкше ја прави нивната љубов невозможна така што Менекше ја мажат за Мустафа. Менекше не може да го прифати агресивниот Мустафа за свој сопруг и затоа решава да побегне во Турција заедно со Халил каде би започнале живот заедно. Мустафа и Кедир тргнуваат по неа. Времето поминува и семејството на Менекше се согласува на брак помеѓу Менекше и Халил. Останува Мустафа, кој по секоја цена сака да се одмазди за загубата на својата невеста... Улоги: Kıvanç Tatlıtuğ, Sedef Avcı, Murat Daltaban, Caner Candarlı, Hasan Küçükçetin | |
|