Уште се води како пробен период. Оние 60 дена кои ги најавија за да се среди програмата не се поминати. Логото е без минусот, а форшпаните што ги даваат со „-“. Треба уште многу работи да се средат. Ама не е се така црно. Не гледам и јас многу Пинк ама почнати се со емисии на македонски, оние што се на Пинк+ на српски овде се со македонски водители, а гости од секаде. На пример City/ City club има македонски водител не знам како се вика, а гости има и од Македонија и од Србија.
Фарма треба да заврши месецов така да ќе се ослободи термин за нови емисии или пак можи со Дворец ќе почнат одма.
Како и да е не можи да се очекува во почетокот нешто најдобро затоа што и почетокот беше малку избрзан. Во други држави со години се спрема влез на телезивијата, а кај нас практично преку ноќ беше