Ја отворив темава бидејки штотуку го изгледав првиот диск од скратената верзија и немав каде да коментирам :)
Серијата е типична Лароса:) Ама буквално во секој детал. Како да гледам Las vias del Amor again :)
Човекот има неколку нешта по кои е карактеристичен а тие се; раскошни вили наспорти сиромашни станови каде што доминираат празни ѕидови, семејни портрети, кревети прекриени со најлон и секогаш вклучени ТВ приемници. Тоа го забележав и во Перла и во LVO, во секоја сцена каде што е снимена во нечиј дом мора да е пуштен тв приемникот и да се мешаат гласовите.
И она по што најмногу е карактеристичен е што голем дел од ликовите во неговите серии зборуваат спенглиш (шпански со многу англиски жаргони).=}}
Да не зборувам колку сите актери преглумаваат се хистеризираат, се потресуваат, колку се ефтино облечени и нашминкани. So like Larosa.
Приказната е каша попара (да не се повторувам, како и сите на Лароса).
Анхелика Вале ако ја мразавте како грдата Лети овде ќе ја презирате. Со тој нејзин иносенте лук, вона би пејачка и актерка. Па како зборува, со сите сељачки жаргони.
Прво е заљубена во Роберто, потоа ќе отиде во Америка и ќе се заљуби во Френк, тој ќе се обиде да ја силува а таа ќе го остави и ќе го сретне Џони - новата љубов на нејзиниот живот, за пак да се заљуби во Роберто. Трагично.
Химена е исто болно иритантна. Никогаш не сум бил фан на Људвика (која разлика со сестра и) но во серија на Еми Ружа е катастрофална.
Адамари Лопез како Офелија е најмалку иритантна (можеби бидејки и најмалку ја има од сите четири).
Врвот на преглумавање е Мишел Вит. Доказ зошто никој повеќе не и даде главна улога по оваа серија. :)
Нејзината приказна е и најлоша. Ќе се заљуби во постар човек 30 г. од неа. Подоцна ќе дознае дека и е татко. Во тоа време ќе се резаљуби во неговиот син именик (Роберто џуниор е како резервна даска во серијава, сите ко немаат во кого се заљубуваат во него), па ќе дознае дека старецот не и е татко па ќе се вери за него.
Премногу ликови, премногу приказни, премногу небулози, но барем е динамична и добра за тепање време.
Денес ќе го почнам вториот диск.