Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: DAHIL MAY ISANG IKAW, ABS-CBN|2009 Саб Окт 23, 2010 7:45 pm | |
| Срца од Филипините е теленовела која доаѓа од Филипините, снимена во 2009 година, а заедно со аргентинската Ciega a citas е номинирана за наградите Еми за 2010 година. Насловната песна Ikaw ја исполнува Martin Nievera. Во серијата учество зеде и Лорна Толентино, легендата на филипинската глума која долго време не глумела во ниедна серија. Она што сепак е посебно за оваа серија е главниот актерски пар - Кристине Ермоса и Херико Росалес, најпосакуваниот телевизиски пар на Филипините. Претходната нивна серија, снимена пред неколку години достигнала огромна гледаност во земјите од Азија и Африка каде се прикажувала па затоа процуентите повторно по долго време ги ангажирале за да го остварат истиот успех. Серијата е веќе откупена во многу земји а освен досегашната тема за љубовта и сплетките, во серијата се прикажуваат и лошите страни на животот и владеењето на Филипините. СРЦА ОД ФИЛИПИНИТЕБрој на епизоди - 105 Новелата ни ја раскажува приказната за децата кои се жртва на трговија со луѓе, киднапирани од нивните фамилии и понатаму искористувани за цели на Синдикатот. Малата Анџела е една од нив, жртва на Синдикатот. Киднапирана како бебе и дадена на одгледување на една проста и злобна жена, Анџела детството го минува во работа, а доколку не донесе доволно пари за Синдикатот, брутално е тепана. Анџела спас бара во реката за која мисли дека и ги исполнува желбите и фрлајќи парички таму, го запознава малиот Мигуел кој живее крадејќи по улици и криејќи се на бродовите. Двајцата одат во градот да крадат, но тогаш една кола ја удира Анџела. Полицијата го приведува Мигуел, а Анџела ја носат на посвојување кај една богата фамилија. Анџела останува да живее и работи во таа куќа само за да побегне од тоа што ја чека дома иако на почетокот богатите нема да ја прифатат новодојдената. За разлика од неа, Мигуел и неговото братче завршуваат во поправен дом од каде ги вади адвокатката Тереса Рамирез. Тереса Рамирез е позната и почитувана адвокатка која го решава секој случај, особено случаите со злоупотреба на деца. Но нејзината најголема борба е потрагата по нејзината изгубена ќерка и поради тоа ќе реши да им даде работа на Мигуел и брат му. Поминуваат годините... Анџела не може да го заборави другарчето од детството, а ни тој неа. По многу години, Мигуел е вработен во адвокатската фирма на Тереса каде работа бара и Анџела и така повторно се среќаваат. Така Анџела започнува да ги учи правните работи, да помага и истовремено да биде покрај Мигуел. Она што никој не знае е дека Анџела е вистинската ќерка на Тереса и Хаиме, човекот кој ја вдомил. Сите заедно започнуваат борба за да докажат како се злоупотребувани децата од страна на Синдикатот во земјата. Улоги: Kristine Hermosa, Jericho Rosales, Gabby Concepcion, Lorna Tolentino, Chin Chin Gutierrez, John Estrada,Sid Lucero | |
|
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: DAHIL MAY ISANG IKAW, ABS-CBN|2009 Саб Окт 23, 2010 7:46 pm | |
| А што те натера да отвориш тема за неа? Мора нешто да има. | |
|
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
| Предмет: Re: DAHIL MAY ISANG IKAW, ABS-CBN|2009 Саб Окт 23, 2010 7:56 pm | |
| Е уште филипинска немавме на ТВ. Барем има солидна приказна и штом е номинирана за Еми мора да е барем високобуџетна. Ми се допаѓа многу фонтот на насловот. | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: DAHIL MAY ISANG IKAW, ABS-CBN|2009 Саб Окт 23, 2010 8:07 pm | |
| - Chris напиша:
- А што те натера да отвориш тема за неа? Мора нешто да има.
Еее... Се зезам, сакав да отворам тема за некоја непозната пред некој ден, а денес видов дека оваа со аргентинската е номинирна за еми и затоа изборот е оваа. И мислам дека не ни фали уште ваква серија зошто мене ми изгледа како индиска серија. А филипинскиве се секогаш номинирани за Еми | |
|
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: DAHIL MAY ISANG IKAW, ABS-CBN|2009 Саб Окт 23, 2010 8:18 pm | |
| Па и мене насловот ме натера да помислам дека е индиска, пред да влезам и да прочитам за што се работи. | |
|
Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: DAHIL MAY ISANG IKAW, ABS-CBN|2009 Нед Окт 24, 2010 12:10 am | |
| Ми изгледа интересно ова барем според содржината, за друго не можам да отценувам | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: DAHIL MAY ISANG IKAW, ABS-CBN|2009 | |
| |
|