Број на мислења : 53 Registration date : 2010-08-08
Предмет: EZEL, Ay Yapim|2009- Вто Ное 09, 2010 1:07 am
Е З Е Л Езел е криминалистичко-љубовна серија, снимена во повеќе локации како Турција, Кипар и Хрватска. Инспирирана од романот на Александар Думас „Грофот од Монте Кристо„, серијата Езел е приказна за завршувањето на безбрижниот живот на едно момче и почетокот на осветничката борба на разорачаниот човек. Интригантната тема за изиграното пријателство и невозвратената љубов успеа да го заинтересира режисерот Улуц Бајактар и продуцентската куќа „Ay Yapim„, која за овој проект ангажира познати турски актери. Насловната улога му припадна на Кенан Имирзалиоглу (Горка љубов), турски актер и модел. Езел успеа да ја надмине гледаноста на 1001 Ноќ на домашен терен. Исто така, бележи успеси во соседните држави, а почна да се емитира и во земјите од Средниот исток. Во Хрватска од 8.ноември се емитува на РТЛ Телевизија, а најавено е и емитување во Македонија на Алсат-М. Поради Езелманијата, во Турција серијата добива многу награди за најдобра драмска серија, режија, главен актер, оригинално сценарио, музика, најавна шпица и за незаборавните моменти од серијата, конкретно од наградите „Исмаил Цем Телевижн Авардс„.Освен тие награди, наградена е и со наградите „Златна пеперутка„, „Галатасарај„, „Бахчесехир„....
Содржина: Омер Унчар (Исмаил Филиз) е едноставно и искрено младо момче, предано на својата фамилија, но и на тројцата пријатели кои ги знае од своето детство. Али (Барис Фалај) и Џенгиз (Јигит Озшенер) се неговите најдобри пријатели, кои ги смета за свои браќа и за кои би го дал сиот негов живот, а убавата Ејшан (Чансу Дере) е љубовта на неговиот живот. По долгото отсуство поради војската, Омер се враќа дома во Истанбул, среќен што конечно ќе ја запроси жената од своите соништа и со која ќе оствари фамилија. Меѓутоа, судбината му предвидела друг пат - за време на неговото отсуство, неговите пријатели му осмислуваат лукав план за кражба во казино, убивајќи притоа еден од заштитарите и оставајќи доволно лажни докази кои ќе доведат до оптужба за Омер и осудување на доживотен затвор.
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Предмет: Re: EZEL, Ay Yapim|2009- Вто Ное 09, 2010 1:22 am
blabla, направив некои промени во твојот пост како додавање улоги, налсов и слика, средување на текстот.
Од денес почна серијата во Хрватска. Глуми тој од Горка љубов, а содржинава е видена безброј пати.
blabla Нов Член
Број на мислења : 53 Registration date : 2010-08-08
Предмет: Re: EZEL, Ay Yapim|2009- Вто Ное 09, 2010 1:34 am
Beauty напиша:
blabla, направив некои промени во твојот пост како додавање улоги, налсов и слика, средување на текстот.
Од денес почна серијата во Хрватска. Глуми тој од Горка љубов, а содржинава е видена безброј пати.
ја гледав првата епизода и тотално е нетипично во однос на досегашните турски серии кои ги знам/знаете.... убав концепт на приказната. секако ви препорачувам да ја погледнете, барем првата епизода. и фала на уредувањето на почетниот пост, заборавив да стаам наслов
MK fan Член
Zodiac : Број на мислења : 429 Birthday : 1993-05-01 Age : 31 Location : Велес Registration date : 2010-01-13