Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Филмски новитети Пет Ное 19, 2010 1:28 pm
НОЕМВРИ
19 ноември
Хари Потер и Даровите на Смртта (1 дел) Режија: Дејвид Јејтс Улоги: Даниел Редклиф, Руперт Гринт, Ема Вотсон акција, фантастика
Во првиот дел од епското финале, Хари, Рон и Хермиона тргнуваат во опасна мисија за да ја откријат и уништат тајната за бесмртноста на Волдеморт. Сами, без водство од своите професори и заштита од Дамблдор, тројцата пријатели мораат да се наслонат еден на друг. Во меѓувреме светот на волшебниците станува опасно место за сите противници на Господарите на Темнината. Војната од која долго се плашеа започна. Тој и понатаму го бара она највредното - Хари Потер. Одбраните стануваат прогонети, а Волдеморт го сака жив. Хари ја открива заборавената легенда за даровите на смрта. Ако легендата се покаже вистината, би можела на Волдеморт да му загарантира апсолутна моќ. Хари се приближува до задачата за која се подготвуваше уште од моментот кога влезе во Хогвартс - конечната пресметка со Волдеморт.
Следните три дена Режија: Пол Хагис (Crash) Улоги: Расел Кроу, Елизабет Бенкс, Лиам Нисон трилер, акција
Џон Бренан имал совршен живот се‘ додека неговата сопруга Лара не ја притворат поради убиство, за кое таа кажува, дека не го извршила. Три години по нејзиното затварање, Џон се бори за да ја одржи фамилијата на собир, да го одгледа нивниот син Лук и да го подучува за на колеџ додека истовремено прави се‘ за да ја докаже нејзината недолжност. Кога ја одбиваат нејзината последна жалба, Лара станува суицидна и Џон гледа само единствено решение - да ја извади од затвор. Не мислејќи за малите шанси или сопственото неискуство, Џон смислува детален план за бегство и влегува во опасен и непознат свет ризикувајќи се‘ за жената која ја сака.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Филмски новитети Пет Ное 19, 2010 1:55 pm
Базиран на класичната приказна објавена во 1812 година од Браќата Грим, напишана во духот на "Снежана" и "Пепелашка", филмот раскажува приказна, која е преработена на поразличен и посовремен начин, за да се доближи до поновата генерација. Долгокосата принцеза Рапунцел го поминала целиот свој живот во една кула, но кога го здогледува случајниот минувач покрај кулата, кој всушност е разбојник, таа се вљубува во него. За да ја пронајде љубовта, принцезата треба да излезе од кулата и да се соочи со надворешниот свет за прв пат.
Љубов и други дроги Режија: Едвард Цвик (The Last Samurai, Blood Diamond) Улоги: Ен Хетавеј, Џејк Гиленхал, Кетрин Виник драма, комедија
Меги е привлечна и отворена жена, која не дозволува никој да ја ограничува. Таа ја сретнува својата половина во лицето на Џејми, чиј едноставен и слеп шарм му служи да стои добро со жените, како и во бескруполозниот свет на фармацевските продажби. Нивната врска изненадувачки станува под дејство на најсилната дрога - љубовта. Филмот е базиран по мемоарите на Џејми Рејди „Hard Sell: The Evolution of a Viagra Salesman”.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Кралски говор Режија: Топ Хупер Улоги: Колин Фирт, Џефри Раш, Хелена Бонам Картер драма
„Кралски говор“ ја раскажува приказната за мажпот кој станува крал, Џорџ VI или Алберт (Колин Фирт), таткото на Кралицата Елизабет II (Хелена Бонам Картер). Откако брат му абдицира, Џорџ го превзема тронот без вистинска желба. Попречуван од ужасното петелчење, тој се смета за недоволно добар за да биде крал, па ја прифаќа помошта од логопедот Лајанел Лог (Џефри Раш). По неколку сериозни болки, и дијафрагматично дишење, меѓу двајцата се раѓа пријателство, Џорџ успева да го добие гласот и да ја воведи земјата во војна.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Филмски новитети Чет Ное 25, 2010 5:45 pm
Али Роуз (Кристина Агилера) е убава девојка од длабоката провинција, која доаѓа во космополитскиот Лос Ангелес, каде што судбината ја одведува во кабаре клуб, раководен од бившата танчерка Тес (Шер). Некогаш, клубот бил вистинско место за собирање на осамените, но сега Тес се наоѓа пред сериозни финансиски проблеми. Но, дали новата келнерка Али Роуз, која се докажува со сјаен вокал, ќе ја врати славата на клубот?
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Црниот лебед Режија: Дарен Аронофски (Requiem for a Dream, The Fountain) Улоги: Натали Портман, Мила Кунис, Винона Рајдер, Винсент Кесел, Барбара Херши драма, трилер
Њујоршкиот балет го продуцира балетот Лебедово езеро и режисерот Томас Лерој решава да ја замени прима балерината Бет МекИнтајр (Рајдер) со балерината Нина (Портман). Нина живее со Ерика, нејзината арогантна мајка и поранешна балерина. Но, Нина се соочува со нејзината ривалка, новата танчерка Лили (Кунис). Лебедовото езеро бара балерина која ќе мора да го игра невиниот Бел Лебед кој и е доделен на Нина, и сензуалниот Црн Лебед, кој и е доделен на Лили. Ривалството помеѓу танчерките преминува во бизарно пријателство, и Нина започнува да ја истражува нејзината мрачна страна.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: Филмски новитети Пет Дек 03, 2010 7:47 pm
10 декември
Туристот Режија: Флориан Хенкел вон Донерсмак (Das Leben der Anderen) Улоги: Џони Деп, Анџелина Џоли, Пол Бетани, Тимоти Далтон драма, трилер
Франк (Џони Деп) е американски турист, кој ја посетува Италија за да го лечи своето рането срце. Елиза (Џоли) е неверојатна жена која му го пресечува патот за свои сопствени цели. Исто така таа трага по својот бивш љубовник Александар, криминалец кој е баран во 14 земји поради крадење пари од гангстер. Најпрвен мисли дека ќе влезе во една романса во Венеција но Франк и Елиза всушност влегуваат во вртлог на манипулации, лаги и дознаваат дека се еден вид на шпиони управувани од невидлив конспиратор.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Тепачот Режија: Дејвид О. Расел Улоги: Марк Волберг, Кристијан Бејл, Ејми Адамс драма, биографија, спортска
Иако најпрвен беше планирано Дарен Аронофски да се појаву како потпишувач на режијата на овој филм, и Мет Дејмон и Бред Пит како главни глумци, сепак Дејвид О. Расел се потруди оваа драма да го направи своето најдобро, а Марк Волберг беше трениран две години за улогата на боксерот од Ирска, Мики Вард, и неговиот животен патопис до освојување на светската титула во полусредна категорија. Достигнувањето до тој успех ќе му биде потпомогнато од неговиот полубрат Дики Екланд (Бејл) бивш боксер а сега негов тренер.