ТЕРА телевизија е една од првите приватни комерцијални ТВ станици во Република Македонија. Започна со емитување на сопствена програма на 07.04.1993 година. Првите неколку години како локална ТВ станица која го покриваше со својот сигнал градот Битола, а од 1996 година со пoставување на дополнителна предавателна мрежа ја прошири својата видливост покривајќи го Пелагонискиот регион
( Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар со околините)
ТЕРА телевизија креираше програмски концепт кој ќе биде во исто време и близок до своите гледачи, но и автентичен и различен од останатата ТВ понуда.Со својот одлично едуциран кадар, со сопствена ТВ продукција, со бројни награди и признанија дома и надвор.
ТЕРА Телевизија беше една од првите ТВ станици која ја започна сопствената кампања против пиратството, таа создаде автентичан ТВ израз кој бројни ТВ станици од Македонија подоцна почнаа да го применуваат. Од својот почеток работи на негувањето на своите човечки ресурси кои со своите индивидуални капацитети, но и со чувството за тимска работа ја водеа оваа ТВ станица, до зацртаните цели на нејзините стратешки развој.Отука и сите позитивни резултати на истражувањата на гледаност и рејтинзите кои долги години ја позиционираа во првите 10 ТВ станици во Република Македонија.
Орентирана кон продукција на извонредна информативна програма, забавни емисии, но и документарни проекти кои беа познати по нивната уметничка вредност и по третирањето на маргинализирани теми. Особено беше значењето на ангажманот во мултиетнички проекти кои од првиот миг ја афирмираамултилигвалноста на различните етнички заедници.
ТЕРА Телевизија секојдневно ја реализира својата цел да дава особено внимание на подигнувањето на јавната свест за теми и проблеми кои тангираат пошироката заедница.Таквите програмски содржини ја прават ТЕРА да биде во постојана комуникација со својот аудиториум.
Програмската ориентација на ТЕРА Телевизија произлегува од нејзиниот карактер на комерцијална ТВ станица со изразен информативен профил.
На тој начин се дефинирани и програмските појаси кои ја диктираат и целната публикаПриоритет при конципирањето на програмата има информативната програма, која е во функција на вкупниот демократски развој на државата.
Отука и силно изразената граѓанска оријентација во креирањето на овај програмски сегмент, чие средиште е граѓанинот со неговите права, слободи и одговорности.
Со новиот концепт на оваа ТВ станица цврсто одлучи детално да ја третира локалната проблематика, за вредноста на вкупното живеење што ја исклучуваат припадноста на дневно-актуелните политички опции. Со тоа опстојува на автономниот пристап да биде израз и одраз на развојните потреби на заедницата. За оваа нејзина мисија определувачка е интеракцијата со публиката. Телевизискиот третман на актуелните состојби во регионот освен во изданијата вести, се појавува и во магазинските, tаlk show програмите во која редовна е инволвираноста на граѓаните.