„Земи или остави“ 6 милиониСнимена е првата епизода од квизот „Земи или остави“. Вредеше да се биде
трпелив и да се почека зашто од петок, 20 март, Република Македонија ќе
гледа една од надобрите ТВ продукции видени досега во нашиот етер и,
секако квизот со најголемата награда - 6.000.000 денари.’Ксметлија
да биде првиот учесник во квизот „Земи или остави во продукција на Алфа
ТВ, беше Благица Василевска од Битола. Таа беше извонреден
натпреварувач која во емисијата донесе се што овој квиз донесува во
целиот свет, односно во повеќе од 100 земји каде што се емитува:
возбуда, неизвесност, драма и емоции и - најважно од се - вредна
награда за својот придонес.Затоа, гледајте во петок во 21 часот
и уживајте во програма измислена за најгледаните термини во
телевизиските програми и размислете уште еднаш зашто вие не би биле
еден од учесниците во квизот.
___
_______________________________________________
Игор Џамбазов:
КВИЗ ЗА ЉУБОВ НА ПРВО ГЛЕДАЊЕШто вели Игор за неговиот најнов предизвик – квизот „Земи или остави”?Е ова е навистина предизвик. Во последните неколку години кога се случи
оваа страшна експанзија на кабловските и сателитските оператори, јас
како и многумина граѓани голем дел од денот го поминував во сурфање со
далечинскиот управувач. Така, за прв пат успеав да ги видам сите
квизови, игри на среќа и ТВ Шоу програми од целиот свет. А кога за прв
пат го видов „Земи или остави“, сфатив дека е како роден за мене. Тоа
беше љубов на... прво гледање. Во меѓувреме, луѓето од АЛФА ТВ
успеале да ја откупат лиценцата за квизот и веднаш ме побараа. Како да
знаеја дека ова шоу е мојата слабост. Нашиот договор се случи за
помалку од две минути.
Што е тоа што овој квиз го разликува од другите?Пред се, неговиот генијален концепт. За разлика од другите квизови во кои
пресуден фактор е знаењето, лесно може да дојде до манипулации во однос
на тежината на поставените прашања. Во „Земи или остави“ е сосема
обратно. Прашањата што му се поставуваат на натпреварувачот во првата
фаза од квизот се, што би рекле ние македонците - од општа култура. Во
вториот дел од квизот, освен среќата на натпреварувачот, пресудни се и
неговата интуиција и храброст, како и логиката на споредба на
отворените, елиминари суми, и оние што сеуште се во игра. Квизот
изобилува со напнати моменти кои го прават еден од најзабавните
телевизиски проекти на планетава.
Што им препорачуваш на оние што сеуште размислуваат дали да се пријават или не?Им препорачувам да не се мислат премногу зашто начинот на пријавување за
учество во квизот е многу едноставен. Најпрвин се јавувате на телефонот
141514 или пуштате СМС порака на истиот со содржина алфатв. Потоа
следува апликацијата на веб страницата на Алфа ТВ со разни прашања
поврзани со вас и вашиот живот. Откако ќе завршите со овој дел,
останува да почекате да ви се јават официјални луѓе од АЛФА ТВ. Од сите
пријавени се прави кастинг од 50-на луѓе на кој се поставуваат прашања
според кои се дознава профилот на потенцијалните натпреварувачи и
дополнителните сознанија за мотивацијата за учество во квизот. На
крајот на кастингот, жири комисијата на „Земи или остави“ избира
кандидати кои се стекнуваат со право да учествуваат во некој од
изданијата на квизот.
Можеби делува замрсено, но морате да разберете
дека сепак се работи за најголемата награда во Македонија вредна
6.000.000 денари.
Се надевам дека успеав да Ви објаснам.