Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeСе‘ додека смртта не не’ раздели Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Се‘ додека смртта не не’ раздели

Go down 
АвторПорака
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeПон Мар 02, 2009 11:01 pm


Кратка содржина:

Шпанија, 1936.

Јудит со своите триесет и пет години ништо значајно не постигнала. Немала никаква кариера, ниту маж ни деца и се уште живее со своите родители. Од друга страна нејзините пријателки веќе одамна беа омажени. Која е причината заради тоа, ни самата Јудит не ја знаеше, но сепак едноставно не беше таква да брза како сите останати. Но, и таа потајно се надеваше дека еден ден сето тоа ќе го постигне. Само уште не и е времето.

Сепак, животот почнува драстично да и се менува кога нејзиниот татко Давид добива работа во Полска. Но поради тоа што во Шпанија моментално владеат нереди поради граѓанската војна, на Давид му се чини дека селидбата во Полска е одлична шанса да ја избегнат неприликата. Иако ниту на Јудит, ниту на сопругата на Давид, Дебора не и се допаѓа идејата за селидбата, сепак одат преку границата заблагодарувајќи се на некои врски. А никој од нив нема да му биде лесно да се навикнат на живот во држава каде што не познаваaт никого, посебно не за Јудит.

Меѓутоа, нејзиниот живот во Полска се променува кога го запознава згодниот Емануел. Нема да треба долго да помеѓу нив се развие љубов и да ја крунисат со брак. Животот на Јудит со тоа добива и нов смисол за живот, а потполната среќа ќе влезе во нивните животи со раѓањето на синот Арон. На Јудит сега навистина не и треба ништо бидејќи среќата и се насмевнала во секој поглед: има маж кој го сака, здраво дете кое го обожава, а и родителите и се огромна подршка.

Баш тогаш кога се се чини бајковито, власта во Полска почнува се погрубо да се однесува спрема Евреите. Наскоро започнува силно пренесување во логорите каде што многу од нив ќе ја дочекаат својата смрт. Ни Јудит нема да го избегне она дека таа и нејзиното семејство се Евреи заради што многу други ќе бидат разделени од своите сакани и ќе мораат да претрпат пекол каков што никогаш не го замислувала ниту во својата најлоша ноќна мора...

ЕКСКЛУЗИВНО!
Од хрватскиот писател на веб новели Матко, во Македонија со моја помош на превод,
доаѓа новата веб новела, за љубовта и несреќата
“Се додека смртта не не раздели”!

Наскоро!
На Ангели и СерииМк.





Последната промена е направена од Bobi на Нед Мај 31, 2009 3:35 pm. Мислењето е променето 2 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeПон Мар 02, 2009 11:13 pm


Смртта не постои.
Луѓето умираат дури кога сите ќе ги заборават.

-Isabel Allende.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Sinopsisslika
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeВто Мар 03, 2009 9:55 pm


Ентрада:




Насловна нумера:
DOWNLOAD

Shaila Durcal - Vuélvete la luna

Aunque estas lágrimas me digan lo contrario
y los días llenos de silencios no se van
aunque cada tarde trae sujetas tus palabras
y este viento fuerte grita que no estas

A pesar de todo lo que estoy pasando a diario
y a pesar de lo que nunca te pude decir
yo te doy las gracias por todo lo que vivimos
este amor tan grande se quedo conmigo

Prestame tus fuerzas dame tu ternura
déjame decirte que la vida es dura
quiero que tu sepas que aquí estas conmigo
aunque el cruel destino haya pagado mal
háblame en silencio quítame estas dudas
acaricia mi alma vuelvete la luna
para contemplarte y decirte te extrańo
para dedicarte todo lo que soy
porque son tus ojos con los que veo

Y si las distancias con los sueńos se hacen cortas
por estar contigo no quisiera despertar
y hoy quiero decirte que olvidarte es imposible
este amor tan grande vive aquí conmigo

Préstame tus fuerzas dame tu ternura
déjame decirte que la vida es dura
tengo la certeza de que estas conmigo
y que el tiempo nunca nos va a separar
háblame en silencio quítame estas dudas
déjame sentirte vuelveme la luna
para contemplarte y decirte te extrańo
para darte el alma con esta canción
porque son tus ojos con los que veo
y es que son tus ojos con los que miro yo
con los que miro yo
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeЧет Мар 05, 2009 9:54 pm

КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА ЛИКОВИТЕ

Се‘ додека смртта не не’ раздели Likovijudithio7
Јудит Перез – главна улога (ANDREA DEL BOCA)
Девојка со потекло од еврејска фамилија. Иако веќе и се наближуваат триесет и пет, Јудит се‘ уште нема работа, не се омажила и живее со родителите. Поради тоа често добива приговори од страна на својот татко, и иако тие приговори не ја погодуваат премногу таа и понатаму си тера по свое. Сака да се омажи еден ден, меѓутоа, смета дека уште не е доволно зрела за такво нешто. Нејзиниот живот потполно се менува кога заминува во Полска каде што ниту малце нема да се навикне, посебно кога ќе се сети каков живот дотогаш имала во Шпанија... Сепак... ќе ја запознае љубовта на својот живот кога најмалку се надевала.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Likoviemmanuelem3
Емануел Њунез – главен лик (JUAN DARTHES)
Брат на пријателката на Јудит, Софија, кој уште во раната младост заминува од Шпанија во Полска во потрага за подобар живот. Газдата е на мала книжара а и работата му иде сосема добро, но и покрај се, се чувствува осамено во туѓа земја. Писмата кои ги добива од својата сестра го чинат радосен, а насмевката на лицето ќе му ја донесе и Јудит која ја запознава сосема случајно, едно рано утро во фабриката за текстил. Нема да треба долго да помеѓу нив се развие пријателски однос а понатаму нешто повеќе. Една од работите која ќе ги врзи него и Јудит е тоа што и двајцата се Евреи, но впрочем тоа ќе им направи најголеми проблеми, болка и тага.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Likovidavidku2
Давид Перез (OSCAR FERREIRO)

Татко на Јудит, сопруг на Дебора. Првата жена, мајката на Јудит, ја изгубил додека неговата ќерка имала само неколку години. Не сакајќи да остане самохран вдовец, неколку години подоцна, се оженил со својата нова сопруга Дебора. Потполно е посветен на својата кариера и работа, а пред фамилијата сака да остане доста затворен, но неговите наредби мораат да се послушат. За време на граѓанската војна во Шпанија во 1936, е на страната на побунетите на чело со Франциско Франко. Заблагодарувајќи им се на врските од работата, за време на војната успева да замине од државата.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Likovideborahwv4
Дебора Перез (LEONOR BENEDETTO)
Сопруга на Давид, маќеа на Јудит. Личнот која е повлечена во себе и не сака да искажува емоции, а домаќинските работи ги сработува под конец. Сепак, искрено го сака својот сопруг и му била утеха кога највеќе му требало, а Јудит ја гледа како своја сопствена ќерка. Не и се свиѓа идејата на Давид да заминат во Полска, и се обидува да го предосмили од тоа, но кога гледа дека нема шанса, се откажува. За време на престојот во новата држава, и помага на Јудит да се навикне и ја предупредува дека поради лична сигурност би било подобро на никој да не им открива на која вера припаѓаат, што на Јудит тоа нималку не и се допаѓа.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Likoviephraimon2
Ефраим Тело (JOAQUIN FURRIEL)

Пријател на Емануел, му помага нему и на фамилијата на Јудот во бегството од нацистичката полиција која во времето на Втората светска воина ги носи Евреите го логори. И самиот Ефраим е во неволја поради своето потекло но тоа не го спречува да му помага на другите. Се додека не се случи она најлошото и не завршат како милион други луѓе, закачени на ланци на несреќа во концентрациски логори.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Likoviyemimajp4
Јемима Ларедо (MAGELA ZANOTTA)
Пријателка на Јудит, се запознаваат во фабриката за текстил “Petrowski” каде Мима се вработува недолго после Јудит. Тие се потпора една на друга, посебно бидејќи се единствени Шпанки во фабриката а и другите колешки не се баш посебно љубезни кон странците. Ниту неа ниту на Јудит нема да и биде лесно на работа, но Мима не допушта тага на своето лице и во се настојува да најде позитивна работа. Се труде да остане силна и кога тоа е невозможно, чија особина ја импресионира Јудит. Во Полска живее сама, уште од раѓање. Детството го поминала во сиропиталиште, но тој факт не влијаел негативно на нејзиниот живот, напротив, ја направил посилен и спремна на се.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Likoviilana
Илана Стефенсон (LYDIA LAMAISON)
Стара жена, нејзиното презиме носи корени од Америка но за тој крај не ја поврзува ништо повеќе. Скоро цел свој живот го поминала во Полска, нејзиниот сопруг неодамна умрел а двете ќерки се одселиле во Италија. Контактот со ќерките го одржува преку писма, како и Емануел со својата сестра Софија. Животот, како и на многу други и се менува од темел кога најпрво со другите Евреи ќе биде сместена во гето, во еврејските квартови, а подоцна одведена и во логор. И покрај страшните години кои ја чекаат таму, тоа нема да ја спречи да им помогне на другите кои таму ќе ги запознае и засака како свои сопствени деца, се додека има сила за живеење.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Likovisofiacopypa6
Софија Бенитез (VIVIANA SACCONE)
Пријателка на Јудит, сестра на Емануел. Веќе одамна е венчана и има деца, и дава потпора на Јудит околу заминувањето во Полска. Иако слушнала дека таму властите спрема Евреите стануваат се‘ погруби, настојува да не ја загржижува пријателката бидејќи е уверена дека таму ќе ја чека подобар живот него ли во Шпанија каде граѓанската војна се повеќе се шири. Со братот Емануел контактира само преку писмо, и се надева дека еднаш пак ќе се сретнат.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Мар 08, 2009 9:02 pm

СЕ‘ ДОДЕКА СМРТТА НЕ НЕ РАЗДЕЛИ
Епизода 1

12. октомври 1936. ; Мадрид, Шпанија

Будејќи се, очите на Јудит имаа што да видат: уште едно тмурно есенско утро. Се приближи до прозорецот да вдиши малку свеж воздух, но ладниот ветар ја натера да го затвори прозорецот. Замислено ги гледаше луѓето како одат по улиците на Мадрид. Чат пат ќе и застане поглед на неколку луѓе кои ги фаќаше полицијата. Самиот поглед и беше незгодно чувство, и се прашуваше што би направила еден ден да се најде на местото на тие луѓе. Навистина не и беше јасно како некој може да го зема човечкото основно право – слобода. И тоа поради политички уверувања. Од мислите ја прекинаа звуците кои допираа од дневната. Нејзиниот татко повторно се обидуваше да ја увери својата сопруга дека селидбата во Варшава е најдоброто што може да им се случи, и дека немаат друг избор. Граѓанската војна овде ќе остави големи последици на државата, а тоа ќе се одрази и на нив. Впрочем, тој доби понуда за работа во Полска, може и нивната ќерка ќе им се вработи. На тие зборови, Јудит ја затвори вратата од својата соба, немаше волја и понатаму да прислушкува. Давид повторно ја почна приказната дека таа треба најпосле да се венча, ако не тоа, барем да и најде работа. На негова потпора сигурно нема да живее цел живот. Иако не сакаше да се плетка во таа тема, Јудит понекогаш беше и те како свесна дека нејзиниот татко е во право. Во своите скоро 35 години никогаш не направила ништо додека некои нејзини пријателки веќе се венчани и имаат деца. Ни самата не ја знаеше причината за тоа. Единствена причина е можеби тоа што никогаш не ја сретнала личноста со која би била спремна да го помине целиот живот, а од друга страна бидејќи се‘ уште била незрела за такво нешто. Слушајќи го разговорот во собата, не имаше волја да стане, радо би го преспиела целиот ден. Станала тек за време на ручекот, празниот стомак ја доведе до столот. Откако се помолиле, Јудит не успеа да изеде ниту залак, а нејзиниот татко повторно започна тема за заминувањето од државата. Овој пат се чини дека зборуваше сам со себе, ниту таа ниту Дебора немаа веќе сила за разговор на таа тема. Можеби поради тоа што сфаќаа дека Давид е во право, состојбата со војнава овде од ден на ден се повеќе се слошува и најдобра опција би била селидбата во Полска. – Утре заминуваме. – кратко кажа Давид станувајќи од столот. Јудит ја погледна својата маќеа очекувајќи дека ќе каже нешто, барем да му се спротистави. Меѓутоа, Дебора продолжи да ја јаде супата правејќи се дека ништо не слушнала. Ваљда веќе се помирила со цела таа ситуација.

Следното утро се раздена со дожд. Додека Давид ги носеше куферите надвор, Јудит загрижено гледаше од прозорецот. Не и е лесно да се одвои од ова место каде порасна и ќе отиде во непознато каде нејзиниот живот ќе и биде сосема различен одошто го планираше. Во тој момент, погледна во својата пријателка Софија која се приближува до нивната зграда. Софија беше уште една причина поради што не и се одеше. Нејзе можеше да и се довери за се‘, од семејни па до љубовни проблеми. Накратко, таа и беше како сестра која никогаш ја немаше. Иако не и беше лесно на разделбата, Софија се трудеше да задржи каква-таква насмевка на лицето како би ја охрабрила својата пријателка. Ќе и биде подобро во Полска, таму барем не владеат ужаси како овде. Јудит не беше баш уверена во тоа, слушнала дека во Полска ги прогонуваат Евреите. На Софија не и беше драго што го слушна тоа, но ја исфрли помислата мислејќи дека тоа можеби е лага. Недолго откако Софија замина, Давид се приближи накај Јудит и Дебора дека мораат да одат. Во близина ќе ги чека кола со која ќе тргнат до станицата, од каде возот ќе ги однесе до Варшава. Ги предупреди дека таму мораат да бидат точно во пладне, тој мора најпрво да реши некои работи околу работата. Се чинеше многу едноставно, но во времето на војската, излез од државата скоро да беше невозможен, особено кога ќе се земе во обзир фактот дека Давид беше на страна на побунетите на чело со Франциско Франко. Изразот на лицето на Давид и беше доволен на Јудит да сфати дека работите се далеку од едноставно.

Поминуваше попладнето кога Дебора и Јудит чекаа на договореното место. Гледајќи ја маќеата, Јудит сфаќаше дека е сериозно загрижена. Ниту на неа не и се допаѓаше тоа што Давид се‘ уште го нема. Во тој момент Дебора нагло ја повлече за ракавот и веќе во следниот момент се најдоа скриени позади некакво прашливо место. Дебора и покажа со прст да молчи кога во близина се слушнаа некои чекори и насмевки. Срцето нежно им чукаше, ги затворија очите и чекаа полицајците што побргу да одат. Јудит одеднаш ја почувствува раката на своите раменици. Срцето почна уште појако да и чука, беше готово, ги открија. Во тој момент на мислите и помина оној поглед на апсење на луѓе кои ги виде вчера, сфаќајќи дека овој пат и таа се најде на исто место. – Опростите, ние сме... – се обидуваше да објасни. –Смири се! –ја прекина татко и. Невозможно е да се опише олеснувањето кога сфати дека тоа е Давид. –Полицијата помина, се‘ е чисто. Сега можеме да поминеме! –им кажа Давид. Нешто подоцна, веќе беа влезени во возот за Полска. Врските на Давид сепак нешто искористија, во спротивно не требаа да сонуваат дека ќе заминат од државата. Можеби најпосле сепак вредело да ги слуша сите оние негови досадни разговори за работата и политиката.

15. декември 1936 (по два месеци). ; Варшава, Полска

Беше времето на Ханука и требаа да се подготват за божиќните празници. Веќе во раното утро, Дебора и Јудит се најдоа на пазарот. Градот наликуваше како да е покриен со бело ќебе, немаше ниту малку од земјата што не е покриена со снег кој последните денови не престана да паѓа. А очигледно немаше ни намера уште долго. – Што се би дала за едно сјајно сонце... – помисли Јудит гледајќи во капките снег кои паѓаа. И доаѓаа на нерви ладното и мразот, и се чинеше дека пролетта тука никогаш нема ни да стигне. Додека Дебора ставаше компири во вреќата, Јудит ги гледаше љубопитните луѓе околу себе. Подобро кажано, тие гледаа во нив. Иако овде се само два месеца, Јудит имаше чувство како да е со години овде, времето ужасно бавно поминуваше. Можеше да претпостави дека селидбата овде нема лесно да и помине. Но... кога-тогаш мора да се навикне на фактот дека ќе го помине животот овде, без разлика дали и се допаѓа тоа или не. Се заврти накај Дебора која и понатаму ставаше храна во вреќата. Една од работите кои ја вчудовидуваа кај Дебора беше нејзиниот едноличен израз на лицето што не можеше да сфати кога е лута, среќна или тажна... Секогаш еден ист сериозен поглед и став, потполно рамнодушна спрема се. Додуша, не беше нешто разговорлива па се случуваше цела ден да виде како робот и да ги врши куќните работи. Иако тие особини на Јудит не и се свиѓаа баш, таа сакаше барем на момент да биде рамнодушна спрема неа, да не и биде главна грижа како ќе се навикне на животот во Полска.

-Земи ја оваа вреќа, јас ќе ги земам другите две. –рече дебора земајќи ги полните вреќи во рацете. После заминувањето од пазарот, се упатија кон дома. Иако ветерот и нафрлуваше снегулки на лицето, Дебора не презборе ниту збор. Чудно!
-Секое утро иста приказна.
-Каква приказна?!
-Странците секогаш повеќе наплаќаат. Ваљда мислат дека ние се давиме во пари.
- На твое место јас не би платила повеќе од она што плаќаат и другите!
- Нема корист. Доволно е тоа што гледат што имаш на себе да ја проценат твојата финансиска состојба. Освен тоа, не сакаат Евреи. Се чини како да имаат нос за нив.
- Слушнав дека овде власта станува се‘ погруба кон Евреите. Страв ми е...
- Нема што да и биде страв. Држи го јазикот под забите и нема да има никакви проблеми. Никој не мора да знае дека сме Евреи. Подобро за нас.
– заклучи Дебора.
- Каков е тој живот кога не смееш да го откриеш својот вистински идентитет. Зар се живее во ваква држава?

За вечерата никој не проговори ни збор. Давид беше уморен од работата која му ја убие секоја желба за разговор, а Дебора како и обично беше молчлива. Гледајќи ги како само седат еден наспроти друг, задлабочени во своите мисли, Јудит се прашуваше што гледаат еден во друг па што се венчале. Единствен заклучок на тоа беше тоа дека после смртта на нејзината мајка, Давид не сакаше да стане вдовец и самохран татко. Не само да не остане осамен, туку би се морал да се откаже и од кариерата. А поради тоа што не го сакаше тоа, Дебора се најде во вистински момент за него и му била рамо за плачење. Седејќи така на столот, Јудит се трудеше да ја разбие незгодната тишина споменувајќи дека од утре оде на разговор за работа во фабрика за текстил. Давид само се насмевна. Конечно и од неа нешто корисно.

Раното утро, Јудит се најде пред канцеларијата на шефот на фабриката за текстил “Petrowski”. Се проѕеваше додека сонот и доаѓаше на очите, радо би заспала, но внимаваше да не потоне во сон. Тогаш се присети како во школото мразела англиски, и сметаше дека и е доволно да го знае сопствениот јазик. Меѓутоа, сфати дека без знаење на англискиот, не би имала што да бара овде. Наеднаш и привлече внимание момче кое седеше наспроти неа. Додуша, не беше младо момче, имаше сигурно некои 5-6 години повеќе од неа. Беше задлабочен во некоја книга и не мрдајќи седеше, не приметувајќи ги луѓето околу себе. Баш кога Јудит ги тргна своите мисли од него, тој стана и полека излезе надвор, не приметувајќи дека му падна некакво писмо. Иако не се осудуваше да се меша во туѓи работи, Јудит не одолеа а да не го земе пликото во раце. Изненадено погледна во името на личноста која го напишала писмото. И имаше зошто да биде изненадена. На писмото го пишеше имото на нејзината пријателка, Софија Бенитез, а писмото било упатено до Емануел Њунез. Тогаш се присети како Софија секогаш зборуваше дека се надева дека нејзиниот брат ќе постигна некоја си кариера во Полска, и да се врати во Шпанија. Сега се‘ и беше јасно. Типот кој цело време седеше пред неа и беше брат на нејзината најдобра пријателка!

Брзо излезе надвор да го застане Емануел на време и да му го врати писмото. За среќа не беше одалечен баш премногу од фабриката кога Јудит го стигна. Емануел беше прилично изненаден кога му се обрати на шпански, на прв момент му беше тешко да поверува дека овде се‘ уште има Шпанци. И се заблагодари на Јудит за писмото, а на лицето му се појави насмевка кога таа му се претстави како пријателка на неговата сестра. На неговото прашање што работи во фабриката за текстил, таа му објасни дека веќе некое време е во потрага за работа.
- Тогаш имаш среќа. Јас баш таму го чекав пријателот, Павло Петровски, сопственикот на фабриката.
- Ми се чини дека наидов на вистинската личност...
- Би можело да се каже.


За вечерата повторно никој не преговараше ниту збор. Ниту Дебора ниту Давид не изразуваа некое големо воодушевување тоа што ќерката им добила работа во фабрика за текстил. Дали тие луѓе воопшто знаат да се веселат?! Секогаш имаа исти сериозни фаци, како ништо да не се случува. Но овој пат Јудит не се грижеше околу тоа. Мислите и беа преокупирани за Емануел. Премногу и беше драго што сега има познајник во Полска. И се чини дека сепак нема да и биде толку тешко да живее овде.

21. април 1937. ; Варшава, Полска

Месеците и поминаа за час, мислите на Јудит веќе не беа преокупиран за тоа како ќе се навикне овде, а и стравот да не ги прогонуваат Евреите потполно исчезна и се покажа неправден. Напротив, овде Евреите можеа многу добро да напредуваат. Секако, не можеа да започнуваат некои големи работи како отварање на фабрика но од приходот од некоја мала продавница би можело пристојно да се живее. Вистински пример за тоа беше Емануел, кој имаше мала книжара со која заработуваше доволно за живот. Влегувајќи во книжарата, Јудит издишуваше како и секое утро, почувствува воздух исполнет со мирисот на книгите. Иако скоро секој ден беше овде, секогаш кога поново ќе ја видеше малата книжара, старинскиот стил едноставно ја фасцинираше. Во моментот кога ја слушна вратата, Емануел се најде пред неа.
- Одиме? –праша, на што Јудит ја климна главата. – Но овој пат јас плаќам! Не доаѓа во обзир да го трошиш она што едвај го заработуваш во фабриката. – полека се насмевна.

Набргу се најдоа во блиската гостилница пиејќи го утринското кафе. Поради тоа што Јудит од утрото не беше баш полна со зборови, Емануел се трудеше да го започне разговорот.
- Гледај... знам дека не ти е лесно... не му е на никој... но сепак е задоволство кога на крајот од месецот ќе примиш плата.
- Ма да но... се чувствувам исцрпено. Сега ми се враќа сето она што цел живот бев татина разгалена девојка, ненавикната на работа. Некогаш ми се чини дека еден ден кога ќе си дојдам од работа дома, ќе легнам во кревететот и никогаш нема да се разбудам.
- Нема врска тоа. Секој има доволно сила за работа, важна е само волјата. - Во тоа е и проблемот. Не го поднесувам веќе оној одвратен звук на машините, доста ми е за цел живот.
- Знам дека ти можеш. Па кој ми ги развеселуваше утрата последните месеца? Знаеш како се гажува, хероите никогаш не плачат, и кога губат, победуваат.
- Хех.. јас херој... нешто пресмешно...
- Зошто си така самокритична.
- Не, не сум... само се обидувам да останам приземена...


Недолго после тоа, Јудит се сети на зборовите на Емануел дека може се‘ со малку волја. Ги гледаше жените околу себе кои без зборови ги извршуваа своите должности, имаше чувство како и тие самите стануваа машини кои автоматски го сечат парчето ткаенина, како да се стопиле во тој безчувствителен метал за полесно да би го издржале секој нов ден на оваа работа. А Јудит и те како беше свесна дека не смее да биде тажна, е една од ретките кои доаѓајќи во Полска брзо најде работа и покрај тоа што е Еврејка, се вработи во една ваква фабрика. Имаше денови кога сакаше да проговори некој збор со колегите од работата дека е Еврејка, но ќе се сетеше на зборовите на Дебора дека најдобро е никој да не знае на која вера и припаѓа. Исто така, мрзеше да го крие својот вистински идентитет, како старата жена Олга, со која единствено разговараше откако се вработи овде. Олга секој ден и стануваше се‘ поблиска пријателка и ја сметаше дека доволно ја познава да и открие се. Сакаше да биде искрена спрема оние кои ги сметаше како пријатели. Тоа утро тоа и помина низ главата. Влегувајќи во кантината, Јудит беше меѓу првите во редот за храна. Кога дојде на ред, Олга гласно и рече:
- Првен Полјаците. Застани на крајот на редот.

Во таа ситуација, Јудит не знаеше што да каже. Она странци како што го нарекуваше беше толку ладно, безчувствително, што всушност сакаше да каже Евреи. Тогаш кога сакаше да ја праша зошто така се однесуваше спрема неа, Олга и рече дека веќе нема храна и да оди до дуќанот ако сака нешто да си купи. Гледајќи во полниот лонец кој стоеше позади Олга, праша:
-А она позади?
-Тоа е за шефовите, мислиш обичните работници ќе добијат толку обилен ручек?
–се насмеа Олга.

Сфаќајќи дека Олга веќе не сака да има работа со неа откако и призна дека е Еврејка, не се ни трудеше да бара објаснени за нејзиното однесување. Одлучи да го послуша советот на Емануел и да ги стисни забите, овој пат ќе ги пуште работите да течат како течат, и да помина преку ова. Со Олга нема повеќе да контактира.
Приквечер, после работата одлучи да сврати кај Емануел во книжарата пред да оде дома. Тој секогаш наоѓаше вистински зборови кои ќе ја расположат. Приближувајќи се, виде ужасен поглед : на полускршеното стакло пишуваше ‘Смрт за Евреите!’ а во внатрешноста се повеќе зафаќаше пламен кој малку по малку уништуваше се пред себе. На момент кога од шокот и се заврти, и поминаа мисли низ главата : Каде е Мануел? Дали му се случило нешто? Дали воопшто е жив, по ѓаволите?! Не беше ни свесна дека ова е тек почеток на пеколот кои ги чека...

КРАЈ НА 1. ЕПИЗОДА
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeСаб Мар 14, 2009 2:00 pm


Една година подоцна!
Што се случува?! Дали нивните соништа станаа реалност?! Почеток на нова љубов?

Не пропуштајте!
Недела, 19 часот само на Ангели и Сериимк!

Се‘ додека смртта не не раздели
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Мар 15, 2009 9:02 pm

Читавте: Јудит со својата фамилија се сели во Полска во надеж за подобар живот. На почетокот на навикнувањето на новата средина нејзе и станува тешко, посебно кога Дебора ја предупредува дека треба да кријат дека се Евреи. Работите почнуваат да се менуваат на подобро кога го запознава Емануел, а наскоро се вработува и во фабриката за текстил. Со сета работа во фабриката на Јудит не и беше лесно да се навикне на работата, а се јавува веќе и првиот случај на омраза спрема Евреите во ликот на куварката Олга, а состојбата тргнува кон полошо кога книжарата на Емануел е запалена и тој завршува во болница...

СЕ‘ ДОДЕКА СМРТТА НЕ НЕ РАЗДЕЛИ
Епизода 2 (дел 1)

Беше скоро ноќ кога Јудит се врати дома. Ги затекна Дебора и Давид како седат на столот, загрижени. Им падна камен од срцето кога го слушнаа звукот од вратата. Дебора брзо тргна кон Јудит, а Давид, гледајќи ја ќерката валкана од дим, ја прашува што се случило, зошто доцни.
- Беше... беше ужасно. Застрашувачки. Насекаде дим, пламен кој голта се‘ околу себе...
- Што се случило, по ѓаволите?!
- Ја запалија книжарата на Емануел, некој протест против Евреите, очигледно... Во болница е. Бев кај него, затоа и каснам. Има доста опекотини, но колку што успеав да се разберам со докторот со лошиот англиски говор, ќе се извлечи.


Јудит ги виде нивните загрижени погледи, сакаше да им рече во лице дека не се погрешила, нејзините сомнежи за жал се покажаа точни, односот спрема Евреите овде е се‘ полош. Сепак, се воздржа и полека тргна кон тоалетот да ги измее нечистотиите од лицето. Затварајќи ја вратата од тоалетот, го слушна шепотењето на Дебора и Давид. Дебора тврдеше дека за нив овде станува опасно, селидбата тука им била грешка, на што Давид по кратко размислување и одговори дека сега веќе нема враќање. Во Шпанија состојбата е дури уште полоша, зошто таму да ја ризикуваат главата? Овде сепак има помала опасност, и покрај тоа, нема потреба да бидат во страв, нив ништо нема да им се случи. Дебора повеќе не кажа ништо, но погледот кој му го нафрли, сакаше да каже: А зошто тогаш ова му се случи на Емануел?

Следните неколку недели Емануел престојуваше во болницата. Јудит доаѓаше секое утро пред работата, а кога порано ќе завршеше во фабриката, веднаш се упатуваше кај него. Во секој слободен момент што го имаше. Тек сега, кога беше готово на работ на смртта, сфати колку тој и значи. До тогаш не беше свесна дека секоја средба со него откога го запозна беше она што и даваше сила да продолжи понатаму, и покрај сите проблеми и потешкотии. Виде дека како без тие спомени, насмевки и погледи е сосема изгубена. Дебора знаеше за нејзините чувства спрема Емануел па се трудеше да ги зближи, и се однесуваше со почитување кон него. Секое утро би и дала на Јудит корпа со храна да му однесе на Емануел, болничката храна беше едноставно грозна, никаква. Емануел го воодушевуваше домашната кујна, посебно кога беше послаб него инаку. Едно утро Јудит му го донеси писмото кое таа го доби од Софија. Софија секогаш наоѓаше вистински зборови да го искаже своите чувства. Беше среќна што двајца луѓе кои се сакаат, нејзиниот брат и нејзината најдобра пријателка, се сретнаа и запознаа во толку голема држава како Полска. Сепак, на Емануел не му беше сеедно кога ќе прочиташе дел од писмото во кое Софија ги опишува ужасите во граѓанската војна во Шпанија, се плашеше за нејзиниот живот.

- Да беше овде подобра ситуацијата, веднаш би ја донел од Шпанија.
- И одговорив вчера на писмото. Не напишав ништо за твојата несреќа... не знам...
- Подобро е така. Нема потреба да се грижи со моите проблеми, ги има и таа доста.

Излегувајќи од фабриката навечер после завршената работа, Јудит се осеќаше изморено и единствената цел и беше што побргу да се вовлече во кревет и да заспие. Но, и покрај тоа, сакаше да го посети Емануел, знаеше колку го правеа среќен нејзините посети. Пред фабриката затекна млада девојка која скоро стоеше како здрвена и гледаше на часовникот, веројатно чека некого. Девојата сигурно имаше некои 25, најмногу 30 години, среден раст, прекрасна смеѓа коса и очи. Зрачеше со нешто што потполно ја потсеќаа на мртвите кои ги правеа луѓето од оваа фабрика. После што сите работници заминаа, се упати кон канцеларијата на шефот на фабриката.
- Веројатно оди на разговор за работа... – Ех кога би знаела само што ја чека овде.

Веќе следното утро ја сретна девојката како работи на масата за шиење. Значи сепак била на разговор за работа, како што и мислеше Јудит. Ја потсеќаше на неа самата кога и беше прв работен ден овде, весела и полна со ентузијазам. Тоа и беше уште една причина по што се разликуваше од другите. Радосна и насмеана, додека другите работници чудно ја гледаа, да видат насмевка на лицето во оваа фабрика беше вистинска реткост. Сепак, ни таа, баш како ни Јудит, немаше доволно храброст да ги запознае другите работници, посебно кога некои ќе и упати поглед како да сакаат да и ги ископат очите. Понекогаш ја фаќаше страв од тие луѓе. За време на ручекот, додека Олга делеше храна, Јудит се упати кон продавницата. На новодојдената работничка тоа веднаш и привлече внимание, зошто Јудит не јаде овде како и другите туку оди во продавница? Ја застана таман кога беше на излезот од фабриката. Ја изненади тоа што девојката страшливо и пријде, Јудит се потруди да заполне разговор, сепак неа и беше полесно него на девојката која тек дојде овде. Гледајќи дека се обидува да зборува на англиски, мада и неа тоа не и одеше најдобро, Јудит сфати дека и таа не е од овде.

- Јемима Ларедо, драго ми е. Мима, за пријателите.
- Ларедо? Шпанка, Португалка можеби?
- Шпанка, како знаеш.
- И јас сум од Шпанија, веќе некое време работам овде.


На лицето на Мима веднаш се појави чувство на олеснуваше, такво како што Јудит чувствуваше кога за прв пат го сретна Емануел, и сфати дека и таа не е сама овде, во Полска живеат уште Шпанци, Деновите поминуваа за час, и малку по малку Јудит и Мима станаа блиски пријателки. За Јудит и беше како Софија, можеше да и се довери за се, а на Мими и беше драго што наиде на искрена личност како неа. После што и го раскажа инцидентот со Олга, Мима одлучи како и Јудит да купува храна од продавницата. Другите работнички беа љубоморни на нив, ниту една од нив не беа блиски пријателки. Нивното пријателство посебно не и се допаѓаше на Олга, љубомората ја јадеше секогаш кога ќе ја видеше Јудит насмеана. Една странка, освен тоа и Еврејка, може да биде посреќна и позадоволна од неа? Зошто таа не можеше да пронајде таква среќа? Веќе со години живее сама, бара подобар и полесен живот но секогаш се се сведува на истото : работа, работа и само работа. Скоро цел живот и поминал во работа, а за кого? Нема ниту деца, сето она што ќе го постигне, ќе отиде заедно со неа во гроб. Никој не помислуваше колку е осамена помеѓу четири ѕидови, на никој не му беше грижа...
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Мар 15, 2009 9:03 pm


(дел 2)
11. ноември 1938. ; Варшава, Полска
Јудит седеше во удобната фотелја и слушаше радио. Се слушаше познатата танго нумера од Роберто Фирпа, а потоа и од Бетовен. Лежерните и тивките звуци на музиката и годеа, очите полека и паѓаа и потона во сон. Нагло ги подотвори очите кога на радиото ги слушна најновите вести како зборуваат за “Кристалната ноќ” во Германија. Атентат на конзулот на германската амбасада во Париз кој пред неколку дена, 7. ноември го извршил Херсхел Грунспан, како велат вестите, во знак на одмазда, нацистичката група во Германија прогласила дел од светскиот Еврејски заговор, поради што се извршени противеврејски мерки, а многу од нив би можеле да бидат однесени во концентрациски логори. На очите и доаѓаа сцените од тие случувања, но црните мисли и го прекинаа звукот од вратата. Се појавија Емануел и Мима кои во рацете носеа некаков подарок.

- Мима имаше желба да те види. – се насмевна Емануел. – Дури сега ги дозна вестите.
- Кутија со слатки, да си го засладиш денот. – Мима и го подаде подарокот со насмевка. – Да не беше Емануел, не би ни дознала. Колку долго?
- Па тек месец дена. Има уште многу време до главниот момент. Знаеш, не ми е баш сеедно... заради годините...
- Ма какви години! Па ти си во најдобриот период од својот живот! Не грижи се, ќе се роди живо и здраво!
– ја охрабруваше Мима полека намигнувајќи, а Емануел додаде дека се надева на момче.
- Не е важно дали е момче или девојче, како што вели Мима, најважно е да се роди здраво. – во разговорот се приклучи и Дебора носејќи кафе.

Јудит и Емануел беа венчани веќе пола година. Дека се еден за друг, сфатија недолго откако Емануел беше пуштен од болница и се вработи во една книжара. Немаше доволно пари да ја обнови старата книжаеа, почнувањето на работата би го донело повторно на работ на финансиската состојба, па се одлучи за друга, а воедно и посигурна опција, иако немаше баш приходи како порано. За финансиската состојба не требаа да се грижат, куќата каде што живееше Јудит со Дебора и Давид беше доволно голема за да се пресели и Емануел. На Емануел на почеток не му се допаѓаше баш идејата да живее со нејзините родители бидејќи беше одлучен се што ќе има да го створи сам. Јудит успеа да го увери дека не треба да се чувствува ни малку вреден ако ова го добива на готово, без мака и работа, а и приватноста им е посигурна. Иако беше сигурна во својата љубов спрема Емануел, Јудит на почетокот се двоумеше околу бракот. Не беше сигурна дали е конечно зрела за такво нешто, но нејзината одлука да се венча ја придонесе Дебора уверувајќи ја дека нема од што да и биде страв за бракот, посбно не кога ја сака личноста за која ќе се венча. Сега и беше и те како благодарна, бидејќи освен тоа што се чувствуваше со Емануел среќна, сакана и сигурна, и детето беше на пат. Заради бременоста ќе мора наскоро да ја прекине работата во фабриката и да остане без додатен приход, но на ништо не сакаше да гледа негативно. Мима и засади мисла дека од се мора да го извлече позитивното. Беше среќна, вистински задоволна и исполнета. Имаше родители, најдобра пријателка која и дава подршка, сакан сопруг а наскоро и дете. Што повеќе би требало да посака?!

18. ноември 1939 ; Варшава, Полска

Во раното утро, Емануел и Јудит се пробудија од детскиот плач. Јудит полека, се‘ уште во полусон, стана и и пријде на колевката, детето веднаш престаната да плаче во мајчината прегратка. Детето веќе беше во четвртиот месец и за среќа, се роди живо и здраво, па стравовите на Јудит исчезнаа. Го нарекоа Арон, по таткото на Емануел. Давид сакаше детето да го носи името по детото на Јудит, но таа инсистираше името да го одбере Емануел. Велеше дека детето личело на таткото, додека Емануел тврдеше дека тоа повеќе потсеќа на Јудит. Јудит се забавуваше со нивните коментари. Па во таа доба бебето не личе уште на никого! Давид и Дебора беа горди на својот внук, посебно Давид кој се одвојуваше од него само кога би морал да оди на работа. Мима, како вистинска пријателка, ја посетуваше секој ден. И призна дека фабриката е празна откако таа веќе не работи таму, па дури и на Олга и недостасува, на што Јудит се насмевна.

Недолго откако детето престана да плаче, станаа Дебора и Давид, а потоа и Емануел. После појадокот, сите тргнаа кон полицијата. Носењето ознака на алиштата стана обврска за сите Евреи, сега темножолтата ѕвезда со шест краци го откриваше нивниот идентитет. Исто како што беше неизбежно за Евреите низ цела Полска и во соседните окупирани земји, така беше неизбежно и за нејзината фамилија. Сега веќе не можеа да го кријат својот идентитет, како што Дебора некогаш сакаше. Јудит беше свесна на она што ќе им се случи на останатите Евреи, било да е позитивни или негативно, ќе им се случи и нив. А работите стануваа се‘ полоши.

По месец дена, се случи она на кое што Дебора отсекогаш се плашеше. А ниту на Јудит не и беше сеедно. Беше тоа едно касно попладне, наизглед како и секое друго. Во времето кога Емануел уште беше на работа, Јудит седеше до прозорот со детето во рацете и го хранеше. Дебора чистеше некаква ваза додека пак Давид ја читаче книгата “The Lost Man” од Мери Шели. Во тој мирен, идиличен момент се слушна страшно чукање на вратата. Дебора веднаш престана да чисти, Јудит, по малку исплашена, силно го гушна бебето а Давид полека стана и тргна кон вратата. Беше полиција, како што и мислеа. Ги натераа да ги земат најбитните работи и да се иселат. Дебора почна да се тресе од страв и му шепна на Давид дека дојде нивниот крај, на што тој и нареди да ги смири нервите. Ставајќи ги работите во малиот ковчег, Јудит се грижеше како ќе му јави на Емануел каде се, а детето наскоро почна да плаче, како да ја чувствува мајчината грижа. Еден од полицајците со висок став и кратка плава коса и нареди да го смире детето, но малиот Арон упорно не престануваше да плаче. Тоа уште повеќе го изнервира и ја залета раката како да сака да го удри, но во тоа го спречи Давид. Во тој момент детето престана да плаче, а на вратите се појави Емануел. Јудит набрзина му пријде и го прегрна, а пред да стигне да му објасни што се случи, веќе беа надвор, на улица заедно со мнозина други луѓе. Никој од нив не знаеа каде ќе одат, никој не знаеше што ќе им се случи...

Беа одведени во гетото, во изолираниот дел од градот каде нацистите ги затвараа Евреите, а граѓаните кои овде претходно живееа, беа присилно иселени. Во тие мали згради беа собрани над илјада луѓе, без никакви хигиенски услови, без никаква помош... Дебора, Давид, Јудит и Емануел со малиот Арон беа сместени во соба во која што едвај беше доволна за двајца. Би можело да се рече дека за разлика од поединци имаа среќа, ако тоа може така да се наречи. На некои згради наскоро беа заѕидани прозорци и врата, а се подигнуваа и ѕодиво за потполно да бидат изолирани. Ситуацијата стануваше се‘ полоша од ден на ден, а во фамилијата на Јудит никој не се осмелуваше да разговара за тоа. Единствено Давид од време на време зборуваше за најновите вести за отпор на прогоните за Евреи во Италија или како во Холандија биле организирани генерални штрајкови за да се спречи депортацијата на Евреите. Емануел и Давид и покрај тешката ситуација, се‘ уште имаа работа и грижа за фамилијата, додека Јудит беше целосно посветена на детето, а Дебора се грижеше за храната и чистењето како и секогаш. Недолго после нивното доселување овде, во гетото се изгидна прашина. Очигледно на сиротите луѓе им беше доста од тоа што им го работат, посебно кога почнаа да се кружат приказни дека наскоро ќе бидат одведени во логори.

Заради лошите услови, луѓето во соседните згради почнаа да се разболуваат од секакви болести и да умираат. Згрозена од ужасите кои се случуваа, Јудит почна да се плажи за животот на своето дете.
- Што ако се разболи? Кој ќе му помогне. Се‘ уште е слаб да биде дел од разни болести кои се појавија...
- Немој сега да размислуваш за најлошото. Патем, Мима ќе ни помогне ако може.
– ја смируваше Дебора. Јудит беше изненадена од реакцијата на Дебора. Таа, која секогаш размислува за најлошото, која се караше со Давид за селидбата, беше потполно смирена. Не е можно сето тоа воопшто да не ја погодуваше. Откако беа префрлени во гетото не се имаше скарано со Давид. –Можеби ја смири раѓањето на малиот Арон. –мислеше Јудит. Како и да било, сомнежите на Јудит се покажаа вистините.
Една вечер, додека надвор повторно имаше гужва околу побуната, Дебора спомена дека нејзината најголема грешка што ја направила во животот е нејзината селидба во Полска. Давид, гледајќи на што таа мисли, не сакаше да молчи и исто така ја запраша дали и нивната женидба и е една од поголемите грешки. Кој знае, можеби нивниот брак, целиот живот е грешка. Дебора немаше намера да се кара пред Емануел и Јудит, но овој пат навистина не сакаше да му даде за право на Давид, и беше веќе доста од се‘, едноставно... пукна.

- А каде се сега твоите политички врски кои ги имаше откако се доселивме овде? Ова е подобриот живот за кој зборуваше?
- Знаеш и сама многу добро каква беше состојбата кога дојдовме овде! Како можев да претпоставувам дека ќе дојде до ова? Како?!
- Само сакаше да се залажиш дека состојбата беше добра, не сакаш да ја погледнеш вистината во очи бидејќи добро знаеш дека не би бил во право. Типично за тебе! Зар она што му се случи на Емануел не беше доволен знак дека нешто не е доволно, дека требаше да заминеме?!
- Каде би отишле? Назад во Шпанија да скапуваме од глад?
- Подобро би го прифатила тоа, барем би била слободна. Овде сме во затвор!
- Да, секако, сега се‘ е грешка. Можеби никогаш не требаше да се омажиш за мене! Не би ме чудело да сите твои убави зборови на утеха беа само дел од планот да се омажиш за мене и да го зграпчиш својот дел од колачот.


Зборовите на Давид беа капка која ја прели чашата. Дебора го зема капутот и истрча надвор, на ладната зимска вечер. Го слушна гласот на Давид позади себе како вознемирено ја прашува каде ќе оди, но овој пат не го ставаше на гајле. И беше доста од се‘, чекаше и чекаше работите да тргнат кон подобро но се случуваше она обратното. Не можеше повеќе, колку и да ги сакаше Јудит и малиот Арон, едноставно... и беше доста. Зошто мораше да испадне вака? Зар не беше добра сопруга и мајка? Додека тонеше во тие мисли, наеднаш се најде во гужва, помеѓу множина луѓе и полиција. Се вознемири и се обидуваше да се извлече, но во еден момент се најде на дното.

Гледајќи ја таа маса луѓе, полицијата како брутално ги тепа сите оние кои даваат отпор, Давид се обиде да ја довика Дебора, но од неа не беше ниту глас. Мноштво луѓе беа истиснати во камионите кои наскоро заминаа, а во мракот, беше скоро невозможно да ги препознаеш лицата. Многу подоцна, нередите полека се расчистија, некои успеаа да се извлечат но поголем дел од нив ги одвете полицијата.
Во темната ноќ, веќе немаше жива душа на улицата, Давид се‘ уште стоеше на исто место. Се обидуваше да ја најде Дебора, но таа веќе не се појави...

КРАЈ НА 2. ЕПИЗОДА

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeПет Мар 27, 2009 12:47 am


Болката никогаш не е толку тешка за времето да ја олесни, но не и за да ја избрише.
Трета епизода... оваа недела.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Promoepizoda3ng1
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Мар 29, 2009 2:15 pm

Поради приватни причини, денешната епизода ќе се најде на репертоарот во текот на утрешниот ден.

Поздрав!
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeПон Мар 30, 2009 5:22 pm

Читавте: Откако Емануел заврши во болница, Дебора сфати дека состојбата во Полска за нив станува се‘ поопасна, но Давид ја уверува дека нема од што да се плашат. Јудит со посетите кај Емануел полека се ближува со него, а во фабриката запознава нова работничка, Мима, со која наскоро стануваат најдобри пријателки. Недолго после излегувањето на Емануел од болница, тој и Јудит сфаќаат дека се створени еден за друг па нивната љубов ја крунисуваат со брак, а вистинска среќа во нивните домови им носи раѓањето на синот Арон. Сепак, тогаш нацистичката полиција ги води во гетото каде состојбата за нив станува неподнослива, а Дебора после една жестока кавга со Давид, заминува на улица и исчезнува меѓу гужвата каде се води еврејското побунување...

СЕ‘ ДОДЕКА СМРТТА НЕ НЕ РАЗДЕЛИ

Епизода 3 (прв дел)

Поминаа веќе две години од исчезнувањето на Дебора. Состојбата во фамилијата на Јудит станала напросто неподнослива, дури сега се виде се‘ како Дебора беше стубот во нивната фамилија, таа беше таа која ги имаше сите конци во своите раце. А сега се‘ се сруши. Нејзината одсутност најмногу го погодуваше Давид, кој и покрај обидувањата да ги скрие своите чувства, тага и загриженост заради исчезнувањето на сопругата, не успеваше во тоа. Беше понервозен од било кога, и најмалите ситници го погодуваа, а кога би се прочуле приказни за одведувањето на Евреи во логори, се прашуваше дали можеби и Дебора е меѓу нив. Поминувајќи покрај местото каде последен пат се видоа, често би застанал и би се понадевал како можеби повторно ќе се сретнат. Но... тоа никогаш не се случи. Сега му беше криво за се‘ она лошо што го имаше кажано, за сите кавги и расправии... Неопишливо му недостасуваше.

Јудит се обидуваше да разговара со него, да го утеши, но и се чинеше дека не успева да ги пронајде вистинските зборови. И не беше така само овој пат. Од мала чувствуваше преголема оддалеченост помеѓу нив двајца, дури и со Дебора можеше поискрено и поопуштено да разговара. Можеби не беше доволно отворена спрема него бидејќи многу мала ја изгубила својата мајка, и наместо поради тоа да станат поблиски, се случи она обратното. Ни сама не знаеше како. А сега беше преокупирана и со детето. Емануел се грижеше за нив двајца колку што можеше повеќе, а често добиваа писма и од Софија која им праќаше пари, бидејќи знаеше дека тоа ќе им биде итекако потребно. Парите мораа добро да се кријат, бидејќи ако некој од гетото случајно дознае што всушност им стигнува во писмата, ќе бидат ограбени. И Мима им помагаше колку е можно, купуваше храна и облека за детето.

-Мима, премногу те искористувам. Скоро се‘ што заработуваш го трошиш на Арон... Ќе ти се оддолжам некогаш, ти ветувам!
-Искрено да ти кажам, не жалам ниту малку од парите што ги трошам, го сакам како сопствено дете. Па пријателите си помагаат еден за друг, зар не? Знам дека и ти би ми помогнала мене ако се најдам во иста ситуација.
–и намигна Мима.

Неверојатно колку добродушност и оптимизам зрачеа од таа девојка. “Ангел на земјата”, ќе си речеше Јудит
.
Едно утро Јуди стана порано него иначе. Погледна надвор, облаците го криеја небото и очигледно се спремаше дожд. Малиот Арон веќе беше буден, го зема во своите прегратки и тргна надвор. Побрза до пекарата како би успеала навреме да купи леб, Емануел ја предупреди дека поради сопствена сигурност би било подобро помалце да се движат околу Полјаци, посебно сред бел ден. Да избегнат незгода, рече тој. Арон едвај чекаше да го зграбчи мекото пециво додека Јудит се надеваше кога тој ќе порасне, нема да мора да се крие од другите како нив. Ќе биде слободен. –настојуваше да се увери. Мора ова еднаш да се заврши.

Враќајќи се од пекарата, виде неколку полицајци како влегуваат во блиската зграда. Ни самата не знаеше зошто, но одлучи да почека некое време додека не излезат, ја интересираше што се случува внатре. Наскоро група луѓе кои очигледно неа станари во зградата, се најдоа на улицата, туркани од страна на полицијата. Тој поглед кон Јудит привлекуваше страв во коските па со Арон се скри позади еден ѕид и продолжи да следи што ќе се случи понатаму. Неколку луѓе им се спротиставуваа на пшолицијата па еден стар човек доби силен удар во главата и се сруши на земјата. Жена приближно со неговите години, веројатно негова сопруга, брзо истрча да му даде помош, но еден од полицајците сакаше присилно да ја турне во камион. Наскоро почнаа да се карат а полицаецот со пиштолот пукна во челото на жената и нејзиниот сопруг. Во истиот момент беа на земјата, мртви, околу нив се излеваше крв. Полицијата преостанатите луѓе набргу ги турна во камионот и исчезнаа без трага. Од ужасниот поглед, Јудит тогаш се сети на приказната за одведените во логорот за кои се зборуваше таму и се плашеше дека тоа би можело да биде вистина. Кога онака ладнокрвно ги убија оние луѓе, пто тогаш ќе се случи со оние кои влегоа во камионот? Дали ќе бидат одведени во логори? Дали и Дебора е одведена во логор? Не сакаше негативно да размислува, се обидуваше да се надева на подобра иднина но овој пат тоа не се случи.

Кога дојде дома, не му кажа ништо на Емануел за страшниот поглед кој го виде настојувајќи да не го загрижува, но не беше многу корисно. Веќе истата ноќ, Емануел враќајќи се од продавницата стигна загрижен дома.
-Да одиме! Не можеме повеќе да останеме овде. Ги носат луѓето во логори, само е прашање денот кога и нас ќе ни го сторат тоа.
-Каде ќе одиме?!
–праша Давид загрижено.
-Кај мојот пријател Ефраим, се‘ ќе ви објаснам.

Набрзина Јудит ги спакува работите и детето, и наскоро заедно со Емануел и Давид се најдоа на улицата. Беше застрашувачки ладно додека остатокот на месечината блескаше во водата. Присетувајќи се на утринската случка, Јудит помисли како би можело тоа да им се случи на тие луѓе. На улицата немаше скоро никој, но за во секој случај да ја избегнат полицијата, Емануел ги одведи во најбрза пареа.

Касно, околу полноќ, дојдоа кај Ефраим. Ефраим Тело имаше мала куќа на самиот раб во градот кој изгледаше како село, мирно и идилично. По потекло беше Полјак, исто така Евреин, но со Емануел успеваше да се разбери на англиски. Јудит со детето во рацете и Давид помалку исплашен стапија во куќата, на што Ефраин им објасни дека нема од што да се плашат, овде се сигурни. Им понуди вечера а покасно ги одведи на таванот каде беа два кревети, еден брачен и еден обичен. Освен креветите се наоѓаше и мал ормар и чешма со вода. Таванот не беше кој знае што, но можеше да се преноќува во него. Емануел им објасни на Јудит и Давид дека ќе одседат овде додека нередите не се смират, па затоа мораат да бидат внимателни. Ефраим ќе им носи храна додека само за хигиенски потребни ќе го користат долното купатило, со тоа што мораат да бидат сигурно дека нема полиција во близина бидејќи би можела во секој час да тропна не вратата на Ефраим. Давид не беше задоволен со ситуацијата, но сфаќаше дека не се може ништо, па во една прилика му се заблагодари на Емануел на помошта.

2. август 1942. ; Варшава, Полска
Мима веќе некое време беше загрижена за Јудит и нејзината фамилија, кога не ги најде во гетото се плашеше на она најлошото – пренесувањето во логорот. Таа, која секогаш настојуваше да биде песимистична, сега едноставно не можеше. Кога ја виде ситуацијата околу себе, знаеше дека опасноста ги демне на секој чекор.
Излегувајќи една вечер од фабриката, како и секогаш уморна од работата, одлучи повторно да отиде во гетото, можеби Јудит се вратила, иако беа мали шансите на тоа. Кога малку се оддалечи од фабриката, на полумрачната улица некој ја повлече за ракавот и набргу се најде во темнина. Се обиде да викне но силната рака и ја прекри устата и не можеше да испушти ни малце глас. Осети големо олеснување дека тоа е само Емануел. Пресреќна што го гледа, веднаш го праша за Јудит, загрижена дека им се случило нешто лошо. Емануел набргу и објасни каде се наоѓаат и дека никој не смее да ја виде кога би одела кон куќата на Ефраим, бидејќи работите ќе станат сомнителни. Мима вети дека ќе биде внимателна и рече дека на неа можат во потполност да рачунаат.

Веќе утредента ја посети касно навечер. Јудит ја прегрна од среќа и и кажа колку и недостасувала, а на тоа Мима и одговори дека сега е многу помирна откако пронашле скривалиште. Јудит и призна дека после згодниот живот што го имала, тешко да ќе се навикне овде. Но знаеше дека можеше да и биде уште полошо. Ни самата не знаеше што е полошо – да бидеш слободен и постојано да живееш во страв да не те фатат илио да бидеш заробен. Стравот дека би можеле да бидат откриени кој секојдневно го чувствуваше психички ја исцрпуваше заради што Мима ја советуваше дека најдобрата опција би и била потполно да му се посвети на детето и да настојува да не мисли на грди работи.

-Сето ова ќе помине некогаш, сигурна сум. –и рече Мима.
-Живеам за тој ден. Живеа за тоа што најпосле ќе живеам мирно со својата фамилија. Ќе бидам слободна.
-За добрите работи се исплаќа да чекаш, верувај ми. Кога ќе заврши оваа војна, уште повеќе ќе можеш да ги цениш малите работи кои претходно ти се чинеа неважни.


Навистина беше така. Оние работи кои претходно и изгледаа наважни, како обичното излегување на улицата, сега го сметаше како драгоцено. Помалку и беше смешно кога се сети на доаѓањето во Полска и како и беше тешко да се навикне на овој живот. Тогаш не ни сфаќаше дека животот носи многу поголеми проблеми и грижи од обична селидба. Сфати дека во овие неколку години стана позрела, и дури сега виде каков е навистина животот, далеку од онаа идила во каква таа досега живееше.

Мима настојуваше да ги посетува секојдневно и да им носи потребни работи, но кога тогаш не би стигнала заради работа. Колку и да се трудеше да биде внимателна и да не привлекува внимание, на некои му стануваше сомнителна. Олга го примети помалку чудното однесување на Мима кога не би заминувала порано од работата. Ја примети нејзината преголема одсутност, како да се плаши од нешто. А знаејќи за нејзиното пријателство со Јудит, би била и повеќе од сомнителна. Затоа една вечер после работата одлучи да ја следи. На Мима и беше чудно тоа што слушаше чекори позади неа, но кога се заврти немаше никого. –Веројатно само ми се причинува. –помисли и продолжи накај куќата на Ефраим. Кога стигна, пред вратата ја дочека Ефраи. Олга, скриена во мракот, гледајќи го погледот помисли дека тоа би можело да е само нејзин дечко. Сепак, се разувери кога вознемирено прегледа околу куќа.

Веќе следната ден полицијата затропа на вратата на куќата на Ефраим. Го прашаа за името и презимето, па набргу почнаа да му ја претресуваат и куќата. Кога дознаа дека е Евреин, му заповедаа дека мора да појде со нив на што Ефраим исплашено и се тргна од нивните раци и му кажа дека четири години и служел на полската војска. Неговото однесуваше нагло се промени и го замолија да му предаде потврда за служба. Ефраим, вознемирен, плашејќи се да не го изгубил документот, но најпосле го пронајде во една книга. Еден од полицајците го прегледа документот, а потоа исплашеното лице на Ефраим го скрена погледот кон документот. Животот на Ефраим дословно зависи од одлуката на полицајците.

-Во ред е. –накратко проговори. Полицијата потоа се упати спрема вратите, но еден од нив рече дека не го провериле таванот. Ефраим пробледе на тие зборови и се убеди да ги спречи да одат горе, но полицаецот го потисна и наскоро се најде на таванот. Ефраим знаеше што потоа ќе се случи – одведување на Емануел и неговата фамилија, а тој ќе биде уапсен поради криење на Евреи. Полека седна на столот и ја подигна главата, плашејќи се дека сега се‘ е готово. Очекуваше да ги виде Јудит, Емануел и Давид како се симнуваат од таванот и се предаваат во рацете на нацистичката полицијата.
Сепак, замислениот поглед не се случи. Полицаецот прв се симна од таванот и му рече на останатите двајца дека горе нема никого. Наскоро заминаа, а Ефраим се‘ уште изненаден од ситуацијата набрзо замина горе. И навистина, на таванот немаше никого. Тогаш виде дека еден од дрвените ѕидови се спушта надоле, а во тој момент се појавија Давид, Емануел и Јудит со детето.

-Илузија со лажниот ѕид. Неверување за очите, на тоа ме научи мојот татко уште пред многу години. –рече Давид.
-Имав чувство дека еднаш ќе ми послужи, иако отсекогаш мислев дека не постои никаква корист од таа дрцена маса која веќе долго стои овде на таванот. –додаде Ефраим.
-Полицијата ја провери оваа куќа, веќе не би требало да се враќаат овде. –се надеваше Давид на што Јудит го праша Емануел :
-Значи ли тоа дека најпосле сме слободни?
-Се надевам душо. Најискрено се надевам дека сме.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeПон Мар 30, 2009 5:23 pm

(дел 2)

27. септември 1942 ; Варшава, Полска

Во моментите кога се чинеше дека состојбата во државата полека се смирува и дека војната најпосле престанува, избија нови побуни кои би ја убиле секоја надеж. Емануел, Јудит, Арон и Давид се‘ уште се криеја во куќата на Ефраим, и веќе се навикнуваа на ваквиот живот. Иако Ефраим им даваше се што можеше, состојбата беше далеку од животни услови, посебно за време на летото кога владееја страшни горештини. За среќа, летото помина и температурите опаѓаа но Јудит сеедно беше загрижена бидејќи полека доаѓа зимата. Сепак, се сети на зборовите на Мима да не се обидува да гледа на ситуацијата околу себе и да му се посвети на детето. Гледајќи го Арон со играчките во раце, се насмевна, и во него погледна дел од себе и од Емануел. Се насмевна за прв пат после толку долго време. Виде дека како поради својата фамилија и саканите мора да го претрпи сето ова, но беше цврсто уверена дека сето ова ќе успее.

И баш кога доби нова сила за понатаму, се случи она што во потполност ја скрши, неа, Емануел и Давид. Едно попладне додека Емануел и Давид разговараа со Ефраим за најновите вести, Јудит примети дека Арон е необично мирен. Не трчеше ниту пак си играше како порано, туку без мрдање лежеше на креветот. Му пријде и допирајќи го по лицето, виде дека гори од температура. Брзо го повика Емануел и Давид, и му ставија ладни облоги но следните денови температурата не му се намалуваше. Детето одбиваше да јаде но Јудит сепак успеваше некако да го нахрани. Емануел предложи дека најдобро би било да повикат доктор, со што Давид не се сложи бидејќи знаеше дека така би можело да му го загрози неговиот а и животот на детето. Арон наскоро доби и пролив што состојбата тргна кон полошо. Никој од нив не знаеше што да прават, кога состојбата на детето наизглед почна да се подобрува. Проливот наскоро исчезна а температурата почна малку-помалку да опаѓа. Сепак, кога еднаш Јудит го спремаше за капење, му ја соблече мајцата, и примети необични црвени пликови на неговата кожа. Знаеше дека веќе не може смеат да чекат и дека мораат да го повикат лекарот!

Веќе истиот ден Ефраим го доведе својот пријател, др. Коун, во кој имаше потолна доверба и знаеше дека Јудит и нејзината фамилија нема да бидат во опаснот. Др. Коун, постар човек со бела коса и набабрено лице, се чинеше врло љубезен, но и поради препораката од Ефраим, сфатија дека можат да му веруват. Освен Давид, кој по обичај премираше и приговараше. Откако го прегледа Арон и ги слушна симптомите што ги има, работите не беа ни малку за ветување. Му објасни дека црвените пликови на кожата на детето се сигурно розеоле кој обично се појавуваат кај водените козички. Давид беше уверен дека тоа е се во ред, но она што го загрижуваше докторот беа она што Арон го имаше, пролив и грозница, што не е еден од симптомите за водени кожички. Му предложи дека најдобро би било детето да оди во болница поради детални анализи, но Емануел му ја објасни нивната состојба. Докторот беше загрижен на што Јудит го праша на што се сомнева, што му е всушност на Арон. Др. Коун му објасни дека се плаши детето да не е заразен од бактеријата Salmonella Typhi, од која може да се создаде стомачен тифус. Давид и Јудит пробледнаа на тие зборови на што Емануел одма додаде:
-Ако е така како што претпоставувате... има ли лек?
-Постојат антибиотици, но се‘ уште нема релативно нов лек. Ако состојбата на детето му се слоши, не би препорачувал лекови кои се во експериментална фаза.
-Нема да вршите обидувања на мојот внук!
–се разлути Давид. –По никоја цена!
Но... ако тоа е единствениот начин...
–се замисли Јудит.

Се одлучија да го послушат советто на докторот и да почекат уште некој ден, да видат дали состојбата ќе му се подобри. Јудит спиеше со детето и покрај забраната на докторот дека би можела и таа да се зарази од бактеријата. Кога повторно ги отвори очите, беше зора. Просторијата беше исполнета со темнина, поради малите сончеви зраци кои се проѕираа од прозорецот. Го скрена погледот кон Арон кој очигледно се‘ уште спиеше. Му се приближи и го погали по лицето, и осети дека е необично ладен. Во истиот момент ја фати паника, и се обидуваше да го разбуди, но не успеваше. Давид и Емануел набргу се пробудија, кога го слушнаа нејзиниот врисок.

-Емануел... –зборуваше со солзи. –Детето...

Не успеваше да проговори ниту збор кога падна на земјата, Давид силно ја прегрна додека Емануел се обидуваше да го оживее Арон. Недолго после тоа, се појави Ефраим со др. Коун кој набргу се обиде да го реанимира детето, како и Емануел, но немаше корист. Полека стана, и му соошти дека нема помош. Завладе тишина покрај која се скрши плачот на Јудит. Следните денови Јудит, Емануел и Давид беа како духови, никој не изговараше ниту збор, се слушаа само нивните чекори. Се чувствуваа изгубено, посебно Јудит, за која светот се сруши.

-Зошто Бог ми го прави ова? Ако е толку добар, зошто го зема него? Зошто детето, кое за ништо не е криво?! –се прашуваше.

Ефраим му овозможи телото на Арон да биде однесено во Мадрид, каде Софија би се погрижила за погребот. Во Полска скоро беше невозможно да направат погреб бидејќи веќе сите еврејски гробишта беа уништени. Давид сметаше дека единствениот начин е и најдобар, да гледаат како им го погребуваат синот, уште повеќе би ги скршил Јудит и Емануел. Огромната болка и тага настана во нивната срца и знаеја дека овие рани никој не ќе може да му ги излечи. Емануел, и покрај се, и беше голема потпора и утеха на Јудит, која беше скршена со смртта на Арон.

И вети дека никогаш нема да се разделат, и покрај времето, тешкотиите, нема да допушти ништо да ги скрши. Ќе го поминат сето ова, знае дека ќе чека среќна иднина во која ќе бидат заедно.
ЗАСЕКОГАШ!

КРАЈ НА 3. ЕПИЗОДА
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Апр 12, 2009 7:23 pm

Читавте: Давид тешко се носи со фактот дека Дебора исчезна, додека Јудит преживува ужас додека е сведок на една злобна смрт на двајца Евреи. Состојбата во гетото за фамилијата на Јудит станува ужасна, па засолниште им дава пријателот на Емануел, Ефраим Тело. И покрај доаѓањето на полицијата, Јудит и нејзината фамилија не се откриени, па почнуваат да се надеваат дека најлошото помина. Сепак, состојбата наскоро се слошува кога малиот Арон се разболува од стомачен тифус и умира...

СЕ‘ ДОДЕКА СМРТТА НЕ НЕ РАЗДЕЛИ

Епизода 4 (прв дел)

Беше доцно зимско попладне, полека се приближуваше времето за празниците. Давид, Јудит и Емануел се собраа околу масата во молитва додека малиот Арон весело трчеше наоколу.
-Арон, смири се. –го предупреди Јудит.

-Пушти го нека си игра, се‘ уште е дете. –полека и намигна Давид на што Јудит се насмевна и го прегрна синот. Емануел им пријде и го бакна Арон во челото, го стави на рамената и започна да игра со нив. Јудит беше воодушевена што ги гледа заедно, среќни, и покрај војната и несреќите. Беа фамилија таква каква што сакаше да ја има, скромна и задоволна. Знаеше дека сега има се‘, и покрај тоа што некогаш се плашеше од брак бидејќи беше уверена дека се‘ уште е незрела за таков чекор. Тогаш нагло ги отвори очите и погледна околу себе. Беше мрак насекаде, веројатно средината на ноќта. Го тргна погледот кон креветот на Арон и гледајќи празно, сфати дека тоа беше еден само обичен но толку посакуван сон. Не можеше да се воздржи од плач, уште ја болеше неговото заминување. Не можеше да се помири со фактот дека Арон повеќе го нема. Недолго после тоа, се пробуди Емануел. Полека и се доближи и ја гушна, тагата која ги затекна ги зближи уште повеќе. Иако поминуваа деновите за час, уште болеше за неговата смрт како и за она страшно утро.

Мима беше длабоко потресена од несреќата на Јудит и Емануел, се обидуваше да се сконцентрира на работата но не и одеше најдобро. Знаеше колку е важно да ја задржи оваа работа во фабриката, не само заради себе туку и поради тоа што би можела да им помогне на другите. Но кога тогаш навистина и беше доста, сфаќаше за што зборуваше Јудит кога се вработи во фабриката. Но една вечер, додека заминуваше од работата, ја загледа Олга како влегува во канцеларијата на шефот.

-Платите од неодамна се поделени... Што тогаш има толку важно да му каже на шефот? –беше сомнителна Мима, уверена дека Олга повторно нешто мати. Сомнежите се појавија веќе следниот ден кога Мима доби отказ од фабриката. Причината им била дека имаат повеќе вишок работници и некој морале да го отпуштат. Погледот кој Олга и го упати, и беше доволен да сфати кој стои позади нејзиниот отказ.

Јудит беше вознемирана поради таа вест, а Мима настојуваше да ја ублажи ситуацијата напоменувајќи дека сигурно наскоро ќе најде нова работа. Но, и двете добро знаеја дека за време на војна тоа е скоро невозможно.

-Опрости Мима! За се сум јас крива, доби отказ поради тоа што нас ни помагаше. Бидејќи им помагаше на Евреи.
-Да не си го спомнала уште еднаш тоа. За ова е крива зависта на една љубоморна личност, ништо повеќе. Во една рака, можеби е и подобро што конечно се тргнав од таа волчја колевка, и онака никогаш не се чувствував како да припаѓам таму. Беше само прашање кога ќе дојде оној ден кога некој од нив ќе накапат. Но, Бог еден ден ќе им наплати за ова, уверена сум.
-И мене ќе ми наплатат што не бев добра мајка. Бидејќи допуштив... да оде.
–Јудит беше готова да заплаче но успеа да се воздржи.

-Ни во лудило немој тоа да го зборуваш! Никој не е крив за неговата смрт. Таков бил Божјиот план, ние овде ништо не можеме.
–се обидуваше да ја охрабри и и се чинеше на моменти дека се смири. И беше тешко да ја гледа Јудит како се обвинува за смртта на сина си, знаеше дека треба да поминат години и години за да и се ублажи болката.

За Мима да добие работа, не и помогнаа ниту врските на Емануел. Иако некогаш беше добар пријател со Павло Петровски, сопственикот на фабриката за текстил, пријателските врски нагло пукнаа со првите побуни во државата. Кога во една прилика Емануел дојде да го замоли за услуга, му ја затвори вратата пред нос. За Емануел тоа беше ладен туш, но иако добро знаеше за што станува збор, после тоа никогаш не се обиде да го контактира.

Доцна навечер, додека Давид палеше две свеќи, една за сопругата, една за внукот, Јудит го затекна Емануел како пишува писмо.
- За Софија. Во случај ако ни се случи нешто...
- Мислиш... да не фатат? Значи се‘ уште не сме сигурни?
- Не сакам да кажам дека ќе не фатат... но... –застана за момент. -... за секој случај.
- Ќе не фатат нас еднап, уверена сум. Ова грозно предчувство еднаш ќе се оствари.
- Нема, не смее! Нема да допуштам да ни се случи нешто. Воглавно, Ефраим не штити, со него сме сигурни.


Неговите зборови беа искрени и Јудит сакаше да верува во нив, но сепак постојаше малку сомнеж кој непрекинато ја јадеше и не и допушташе да верува дека чека светла иднина. Имаше чувствто дека ова нивнот криење е само чекање на доаѓањето за извршената казна.

Неколку дена подоцна, Мима им донеси вести кои потполно ја изненадија.

-Ја нема веќе! Славната фабрика за текстил Петтовски е под земја.

Јудит во чудо ја гледаше на што Мима и раскажа дека се случиле уште неколку побудни на Евреите, очигледно една од поголемите досега, овој пат се упатиле кон фабриката. Сега е во прашање кога ќе го уништат следното место кое се смета за нацистичко.

-Се случи синоќа, таман пред завршувањето на работното време. Кршеа прозорци и палеа се‘ што можат. –со возбуда зборуваше Мима. –Дел од нив се извлекоа, но неколку работници беа сериозно повредени, меѓу нив и Олга. Нека ми прости Бога, не сакам на никому зло, но заслужи.
-Ова беше добра лекција да научи дека никој не може да изиграва Бог.
–се замисли Јудит.
-А и сите други. –додаде Мима. –Од ден во ден имаше се‘ повеќе побуни, можеби најпосле нешто ќе постигнат и оваа проклета војна конечно ќе заврши.

6. декември 1942 ; Варшава, Полска

Раното утро, Ефраим се враќаше од продавницата и вниманието му се упати кон дневните весници чии главни вести, како и секогаш во последните година-две беа оние за војната. Сега затварањето во логори веќе не беа само приказни и трачеви, дури и п весниците почнаа отворено да пишуваат за нив. Тоа беше само уште еден од оние знаци дека состојбата станува се‘ полоша, а читајќи како баш вчера биле уапсени неколку Полјаци кои им помагале на Евреи, пробледна. Беше свесен дека и на другите веќе им стана сомнителен, посебно на продавачот во продавницата каде што секојдневно пазаруваше. Му беше сомнително зошто купува толкава количина на храна, а и поради тоа што Ефраим беше Евреин, не му беше драго што доаѓа во неговата продавница. Ефраим знаеше дека не може уште долго да ги крие Јудит, Емануел и Давид, па затоа мораше да ги смести на сигурно.

Сепак, кога следниот ден слушна на вестите дека ниту еден Евреин, нема да биде поштеден, знаеше дека сега ни тој самиот не е сигурен, фактот што служеше во полската војска, сега беше само мртов збор на хартија. Им објасни на Јудит, Емануел и Давид дека веќе не можат да се кријат овде бидејќи и тој самиот е во опасност. Давид се вознемири кога дозна дека мора повторно да бара друго засолниште па почна да зборува дека не требало да доаѓаат овде, можеби и поради тоа Арон не би се разболил или умрел! Јудит заради тоа го опомена и рече дека мора да му бидат благодарни на Ефраим што досега им помагаше бидејќи се‘ беше само негова добра воља. Да не беше тој, веројатно одамна би биле во логори. Нејзините зборови го смирија, иако сакаше да и одговори но се воздржа поради тоа што знаеше дека таа е во право.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Апр 12, 2009 7:27 pm

(втор дел)

Следниот ден Ефраим им го изјасни својот план : вечерва заминуваат од Варшава бидејќи било каде во овој град за нив е несигурно. Ќе одат преку ноќта кога војската е помалку внимателна него преку ден па ќе се обидат да земјат воз за Краков. Тогаш доаѓа најтешкиот дел од планот : поминувањето преку граница. Сите беа сомнители спрема таа возможност но сфатија дека немаат друг избор и одлучина да одат на се‘ или ништо. Ќе се обидат да се префрлат во Чехословачка бидејќи таму далеку помалку се чувствуваат ужасите од војната и многу е поголема сигурноста за Евреите. На Јудит не и се свиѓаше ова селење од едно на друго место, игри на мачка и глушец, но Емануел ја уверуваше дека сето ова е привремено, и дека никој од нив не верува дека војната наскоро ќе заврши. Веќе истата ноќ ги спремија работите, а Ефраим им напомена да го земат она што го сметаат за потребно бидејќи не знае колку ќе трае овој пат.

-Прекрасно, ни самиот не знае каде не носи... –преговори Давид на што Емануел му одговори дека мораат да му веруваат на Ефраим.
-Ова нас и онака ни е единствена опција, не би било ништо од лошо да му бидете малку благодарни на Ефраим на се‘ што направи за нас.
-Гледај Емануел, знам дека ти е пријател само сепак сметам дека не би требале слепо на му веруваме и да правиме се‘ што тој вели. Сети се на Петровски кој те остави на цедило кога ти беше потребна помош.
-Зошто на се‘ гледате црно? Зар не гледат дека на сите ни го расипувате расположението со својот песимизам?! Сфатите, по ѓаволите, дека никој од нас не е крив поради тоа што Дебора исчезна!

Тие зборови го разбеснија Давид и почна да се кара со Емануел, но Јудит се обиде да ги смири велејќи дека мораат да одат и дека сега не е време за расправа. Сепак, Емануел се префрли дека овде никој веќе долго не се обидува тоа да го спомени, но факт е дека неговото непрекинато зборување и приговарање е резултат поради исчезнувањето на Дебора. Време е да се помири со тој факт дека можеби веќе никогаш нема да ја види, да се помири со тоа дека ја изгуби!

-Јудит и јас го изгубивме синот и покрај тоа, се обидуваме некако да се носиме со тоа, за разлика од вас кој веќе со години во ништо не гледа добро!

Давид тогаш замолчи и сфати дека Емануел и сите други се во право. Откако ја нема Дебора, тој веќе никогаш не се чувствува задоволен или среќен, а смртта на внука си само уште толку го потресе. Погледна како сето ова време беше себичен и мислеше само на својата несреќа, никогаш не помислуваше на тоа колку му е тешко на другите. На заминувањето, ги посети Мима која одлучи да им помогне да го извршат планот. Емануел и даде писмо кое беше насловено до неговата сестра и ја замоли да и го предаде писмото ако има можност. Вети дека ќе го прати, а потоа ја прегрна Јудит.

-Кој знае дали ќе се видеме некогаш пак... –мислеше Јудит.
-Секако дека ќе се видеме! Ајде сега, немој да ми цимолиш на заминувањето, не сакам емотивни испраќања. –и се насмевна Мима.

Беше веќе доцна вечер кога заминаа, а улиците беа празни него инаку. Кој знаеше дали воошто тука веќе имаше луѓе, можеби полицијата ги имаше одведено. Се упатија кон железничката станица со потајно да влезат во возот кој оттука оди за Краков точно во полноќ. На станицата беа неколку полски војници и им се чинеше невозможно да влезат во еден од вагоните, но стрпливо чекаа позади еден да го искористат неговиот момент на невнимателност. Беше веќе пет минути до полноќ и возот наскоро требаше да замине, а тие се‘ уште чекаа. Тогаш изненадно се појави Мима, ги излажа војниците дека само што сретнала Евреи и ги одведе на другата страна. Веднаш потрчаа со неа, додека Ефраим, Давид, Емануел и Јудит ја искористија приликата во претпоследниот вагон кој инаку служеше за превоз на робата. Давид на момент се вознемири и рече дека ова не може вака, нема сила за понатаму, едноставно да им се предадат на полицијата. Таман кога сакаше да се откаже, Ефраим го повлече назад во вагонот и му нареди веќе ништо да не прави непромислено бидејќи неговиот глуп страв може да ги чини животот.

Во тој момент возот конечно тргна за Краков, Јудит почувствува огромно олеснување. И покрај стравот кој го чувствуваше, беше уверена дека може да успеат да заминат од Полска. Па веќе го поминаа првиот чекор! Иако најтешкото ги чекаше, со доволно внимателност би можеле да успеат. Пред нив беше скоро цела ноќ патувања во Краков, и иако Емануел ја посоветува да се обиде да заспие и одмори бидејќи ќе и треба полно сила за она што ја чека, Јудит не можеше. Даските кои се наоѓаа во вагонот со нив беа претврди, а и сонот едноставно не и доаѓаше на очите. Давид, Емануел и Ефраим веќе потонаа во сон кога Јудит слушна некаков звук. Се стреси од тоа што го осети кога нешто и претрча низ ногата, па наеднаш се потргна.

-Емануел... –го пробуди.
-Јудит, обиди се да заспиеш. –и одговори низ сонот на што таа му рече дека има некакво животно во вагонот. Емануел наеднаш се тргна и повторно слушна звук кој Јудит најпрвен го слушна.
-Глушец. Го убив, сега спиј.
-Што ако пренеси зараза?
-Уште само неколку часа, Јудит. Мислам дека нема да умреме поради еден мртов глушец.


9. декември 1942 ; Краков, Полска

Утрото веќе беа во Краков, првиот дел од планот беше успешно извршен. Иако мораа да бидат внимателни кога излегуваа од возот, чувствуваа задоволство кое ги поттикнуваше да одат понатаму.

-Веќе кога дојдовме овде, убеден сум дека ќе успееме и преку граница. –задоволно нагласи Ефраим.
-Но, земи го во обзир и тоа што на границата има далеку повеќе војска, а и она синоќа беше потполна среќа. –додаде Давид но кога ги виде нивните погледи, сфати дека подобро е да замолчи.

Ефраим им откри дека овде бил неколку пати и знаел за едно напуштено скалдиште кое веќе со години не се користи, би можело добро да им дојде како скривалиште додека не заминат со воз за Чехословачка. Јудит и Давид ја прифатија таа опција, додека Емануел предложи дека можеби би било посигурно да одат пешки. Се откажа од идејата кога Ефраим му кажа дека војска има насекаде, би били невозможно да поминат граница покрај нив. Возот во секој случај бесе посигурен избор.

Недолго после тоа, се најдоа во складиштето за кое Ефраим зборуваше. Тоа беше огромен простор, празен и прашлив и не се користеше веќе сигурно некои десет години. Беше во сопствеништво на една угледна фирма но после распадот на фирмата, просторот бил запоставен. Сепак, заради тоа еден дел лесно можеше да ја привлече полицијата која го пребаруваше секој дел од градот. На тоа место поминаа скоро цел ден одлучувајќи како истата вечер ќе се обидат да влезат во возот за Чехословачка.

-Што ако не успееме вечерва? –размислуваше Јудит на што Емануел и рече дека може повторно да се обидат и утре. Во секој случај, мора да бидат внимателни и да не се одвојуваат ни под која цена. Ако фатат било кој од нив, лесно ќе ги пронајдат и другите. Денот поминуваше полека и немаше тешки ситуации. Неколку пати им се чинеше дека слушаа нечии чекори во близина, но им олеснуваше кога никој не се појавуваше. Единствена цел им беше да го преживеат овој ден и среќно да стигнат во новата држава каде што ќе го пронајдат она што долго го посакуваат – слобода.

Полека паѓаше вечер кога повторно слушнаа нечии чекори. Овој пат за жал не беа невистинити, Ефраим брзо погледна кон прозорот и виде два војници како се приближуваат до складиштето.

-Брзо, да одиме во возот! Веднаш! –ги забрза Ефраим. Војниците слушнаа звукови од складиштето и одлучија да проверат што се случува. Веќе после неколку моменти ги погледнаа Јудит, Емануел, Давид и Ефраим како трчат према патот кој преку брдото водеше во центарот на градот. Еден од нив викна да застанат но поради тоа што никој не застануваше, почнаа да пукат. Емануел цврсто ја држеше раката на Јудит и ја потсети дека не смеат да се одвојуваат, додека Давид и Ефраим беа одма позади нив. После еден истрел се слушна нечиј повик. Давид на момент се најде на земјата, беше погоден во ногата. Емануел, Јудит и Ефраим накратко застанаа додека војниците се‘ повеќе се приближуваа.

-Бегајте! Спасувајте се, не мора да се грижете за мене... –им рече Давид.
-Не можеме да го оставиме. Ќе го убијат! –извика Јудит со плач на очите.

Емануел набрзина истрча кон Давид и му помогна да стане додека војниците им беа за пети. Ни самите не знаеја накрај избегаа од војниците, и кога стигнаа до центарот на градот се криеја во близина на една црква. Оние двајца војници за среќа веќе не ги сретнаа, а Емануел успеа да му ја преврзи раната на Давид. Давид накратко му се заблагодари, и сфати дека сега на овој човек му го должи својот живот. Подобар човек за својата жерка не можеше да најде и иако не го покажуваше тоа многу, беше горд на нив. Беше мирен од помислата дека Емануел е секогаш со Јудит, знаеше дека неговата ќерка е заштитена. Многу подоцна, влегоа во возот. Повторно мораа да го преживеат истиот страв кој го чувствуваа и вчера, повторно ризикуваа, и имаа среќа. Возот за недолго време тргна од Краков. Лицето на Јудит беше исполнето со среќа кога сфати дека најпосле патуваат кон слобода, најпосле ги оставаат сите ужаси од војната позади себе. Се‘ уште не можеше да верува дека навистина и се оствати оваа цел, а Давид конечно му заблагодари на Ефраим за се‘ она што го направи за нив, и му се извини што на почетокот не се сложуваше со неговите одлуки. Ефраим со насмевка му рече да му се заблагодари дури откако ќе стигнат во Чехословачка, долга ноќ е пред нив.

Кога Давид и Ефраим заспаа, Емануел ја прегрна Јудит.

-Најпосле е готово.
-Ти ветив. Реков дека некаде далеку нас не чека подобра иднина.
-Знам... ми беше тешко да поверувам во тие зборови после се‘ што нас не снајде.
-Немој сега да мислиш на тоа, сега треба да се веселиш. Кога еден ден повторно ќе можеме да се вратиме во Шпанија, ќе имаме и друго дете.

-Но... –на момент застана и испушти солза. -... тоа нема никогаш да биде Арон.

Во тој момент возот застана. Јудит веднаш се запраша што се случува. –Веројатно сме на границата. –рече Емануел. Давид и Ефраим недолго после тоа се пробудија, исто како и Јудит беа зачудени од она што се случува. Ефраим им рече да биде тивко додека возот не тргне повторно. Во возот исполнет со темнина, не се слушаше ништо освен откуцувањето на нивните срца. Состојбата на сите им стана сомнителна кога слушнаа како се отвараат вратите од соседните вагони. Наскоро се слушнаа машки гласови, беа Полјаци. –По ѓаволите, ја прегледуваат робата која се пренесува во вагоните! –се вознемири Ефраим. Не успееја да изустат ни збор кога веќе во идниот момент ја отворија вратата од вагонот во кој беа скриени и кога ги откри нечија светилка. Заслепена од светлото, Јудит успеа да виде неколку човечки фигури, очигледно беа војници. Проговорија нешто на полски и присилно ги турнаа надвор во ладната зимска ноќ.

Сите молчеа додека војниците насилно ги туркаа пред себе. Гледајќи го вознемиреното лице на Емануел, Јудит сфати дека ова е нивниот крај. Сонот за слободата кого следниот ден требаа да го доживеат во нова држава, кој беше на дофат на рацете, се растопи како капките снег. Никој од нив не знаеше каде ги ноаст, дали ќе ги убијат во истиот момент или најпрвен ќе ги мачат, а на очите на Јудит и се појави погледот од утрото кога ја виде полицијата како уби двајца Евреи. Се стреси од самата помисла и не можеше да верува дека и покрај сите напори да се спасат, не успееја. Знаеше дека веќе никој не може да помогне.
Знаеше дека ги водат кон патот на смртта.

КРАЈ НА 4. ЕПИЗОДА

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeВто Апр 14, 2009 11:39 pm

Полека се приближува нивниот крај...

Не пропуштајте ја претпоследната епизода од веб новелата
СЕ‘ ДОДЕКА СМРТТА НЕ НЕ РАЗДЕЛИ

Се‘ додека смртта не не’ раздели Promoepizoda5dn3
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Апр 19, 2009 3:26 pm

Читавте: Состојбата во Варшава станува опасна и за Ефраим кој сфаќа дека веќе не може да ја крие Јудит и нејзината фамилија. Заради тоа тие заедно одлучуваат да побегнат преку границата во Чехословачка во потрага по сигурен живот. Со помош на Мима, Давид, Јудит, Емануел и Ефраим успеваат да стигнат во Краков откаде потајно влегуваат во возот кој оди преку граница. Во моментот кога им се чини дека ужасите од војната конечно ги оставаат позади себе, на границата ги фаќа нацистичката полиција...

СЕ‘ ДОДЕКА СМРТТА НЕ НЕ РАЗДЕЛИ
Епизода 5 (прв дел)

Полицијата ги одведе на ширината каде со неколку камиони се наоѓаа и многумина луѓе. Изгледаа бледо и преплашено, како да го изгубиле чувството за време и простор. Додека мајките цврсто ги држеа своите деца во прегратките, мажите настојуваа да не се одвојуваат од нив за да не им се приближе никој. Ноќта беше језиво ладна, а многумина од нив едвај имаа по некое парче облека на нив. Една жена од средни години седна на камионот кога и пријде еден од војници и ја викна, веројатно и заповеда да стане. Кога не му одговор, пушката ја турна по рамената и како кип се сруши на земјата. Беше мртва, изморена и измрзната не успеа да ги издржи напорите кои ја чекаа.

Тогаш почнаа да ги туркаат во камионите, настана гужва и хаос кои некои од нив се обидоа да го искористат како бегство. Но, никој од нив немаше среќа. Ниту една личност не успеа да избега од полицијата и војската. Емануел, Јудит, Давид и Ефраим беа во камионот со уште триесетина луѓе. И покрај ладното, внатре стануваше пеколно жешко и загушливо како сред лето. Камионите недолго после тоа тргнаа, никој од нив не знаеше во кој правец одат. Додека одеа, Јудит погледна во жената која умираше од ладно и исцрпеност, беше оставена таму како некое животно. Како е можно никој да не се гриже за неа? Како можеле таму да ја остават? Емануел ја држеше цврсто Јудит за раката, се обидуваше да ја охрабри, иако и самиот беше свесен дека целава ситуација не оди кон добро.

-Не плаши се, со тебе сум.
-Емануел, што ако нас не разделат?
-Нема да не разделат... нема да им допуштам.
–застана на момент. –И да се случи тоа, знај дека секогаш ќе бидам со тебе. Ќе те чувам.
-Не... тоа нема да го поднесам. Би било премногу.
-Само верувај дека после ова не чека нешто подобро. Сети се како зборуваше Мима дека никогаш не смееме да се откажеме од надежите.


Зборовите на Емануел звучеа како разделба и и дадоа до знаење на Јудит дека сега мора да биде спремна и на најлошото. Дури и Емануел, кој секогаш им беше како поддршка на другите, веќе не беше сигурен во ништо. Не беше сигурен дали ќе го преживее она што е пред нив.

Ноќта траеше долго, се чинеше како бесконечна. Никој од нив не се осудуваше а не се ни трудеше да проговори ниту збор, посебно не Јудит или Емануел кој се чувствуваа како потполни странци меѓу сите Полјаци. Иако никој не изусти ни збор, нивните лица зборуваа се‘. Го одржуваа она чувство кое се пробуди во Јудит кога ги фатија. Чувство како надежта умира и дека веќе нема шанси за спас. Тишината го прекина плачот на детето. Мајката го нишаше во прегратките но детето не престануваше да плаче, очигледно беше гладно. Јудит се сети дека има парче леб кое и остана во џебот од вчера. Иако знаеше дека нејзе ќе и биде и тоа како потребен, му го даде на детето. Мајката на детето проговори нешто на полски, но иако Јудит не разбираше, нејзината насмевка на лицето беше доволна да сфати дека сака да и се заблагодари.

Беше четири часот во ноќта кога камионите застанаа, очигледно стигнаа на одредиштето. Излегоа од камионите на железничката станица каде за тргнување беа спремни два воза, очигледно во различни правци. На Јудит тогаш низ главата и поминаа мислите за приказните кои кружеа во гетото, приказните за возот на смртта. Така ги нарекуваа оние кои водат до концентрациските логори бидејќи многу од заробените не го преживеале патот. Сепак, тогаш пред очите и дојде слика од лицето на Мима и се сети на нејзините зборови. За чудо, во ваква тешка доба на момент осети олеснување. А во тоа, мораше да признае, дека најмногу придонесоа зборовите на Емануел кои ја наведоа да верува дека се‘ ќе биде во ред.

Тој мал среќен момент го прекинаа грубите зборови на војникот. Започнаа туркањата во возот и пред него што беше внатре, Јудит беше одведена на страна. Сфати дека се случува она на што се и плашеше: ги одвојуваа мажите од жените и децата. Се обидуваше да го пронајде Емануел, Давид, или Ефраим... било кој од нив! Во неа се појави грозно чувство дека можеби никогаш повеќе нема да ги виде. За некое чудо, во тој хаос, успеа да го ивде Емануел и го повика. Брзо потрча накај него и го прегрна. Двајцата за момент почувствуваа олеснување, а таа очајнички го молеше да не ја пушта од себе. Емануел цврсто ја држеше во себе се‘ додека не се случи оној кобен момент. Неколку војници присилно го одведија Емануел меѓу останатите мажи и заедно со Давид и Ефраим беше веќе во возот. Иако Јудит беспомошно ги преколнуваше и молеше да не ги одвојуваат, немаше смисла. На никој не им беше гајле за нејзините зборови, никој не ја разбираше.

Од тој момент кога ги испушти рацете на Емануел, се‘ се прекина. Во тој момент ништо повеќе не чувствуваше, беше празна, како дух. Не сфаќаше што се случува додека околу неа не се најдоа другите жени и деца. Тие моменти како да не ги чувствуваше, се обиде да ги заборави. Сепак, мораше да се соочи со суровата реалност. Сега беше потполно сама. Никој веќе немаше до себе, ниту сопругот, ни татка си, ни пријателот... И беше потполно сеедно што понатаму ќе и направат. И зедоа се: фамилијата, домот, слободата... веќе немаше што да загуби.

10. декември 1942 ; околината на градот Освицием : концентрациски логор Аушвиц

Во зората, Јудит со уште десетина други луѓе беше одведена во Аушвиц. Едвај одеше, изморена од патот. Во рацете имаше торба која цврсто ја држеше бидејќи во неа се наоѓаше нешо малку храна, а знаеше дека луѓето сега се способни и да убијат за да се спасат себеси. При влезот во логорот, го примети написот “Arbeit macht frei”.
-Работата ослободува... зар некој се зеза со нас? –помисли Јудит.
Просторот беше огромен, а до него се наоѓаше уште еден помошен логор, Бикернау, заради што всушност полното име на логорот е “Концетрациски логот Аушвиц-Бикернау”. Влегувајќи внатре во самиот логор, примети група жени како копаат јама, имаа сиви алишта и изгледаа помалку застрашувачки, како живи костури. Целиот тој поглед беше језив но мислите и ги прекина војникот кој ја турна да иде понатаму и да не се загледува.

Тогаш им беше наредено да ги дадат сите прстени, обетки, часовници... се‘ што беше злато. Јудит мораше да го предаде и венчалниот прстен, мораше да им го предаде дури и симболот на љубовта и бракот со Емануел. Тој прсен кој толку многу и значеше, кој за неа беше многу повеќе од парче злато, ќе заврши кој знае каде и ќе биде претворен во нов накит. Како да сакаа да го избришат она што ги спојуваше со Емануел. Ниту обетките кои татко и и ги подари за 20от роденден не смееше да и задржи.
После тоа, им испечатија броеви на десната рака, како да ги извршиле најголемите злосторства и како да не заслужуваат да бидат луѓе. Како да не е доволно она што разделија толку семејства, па дури сакаа да им ја избришат и нивната сопственост. Сега веќе не беа личности, беа само бројки. Бројки чии судбини ги имаа во своите раце и можеа со нив да прават што сакат, како Бога.

Потоа ги одведија во друга просторија каде мораа да се соблечат. Таква срамота Јудит никогаш во животот не доживеала, беше тотално скршена, на работа на нервите. Сакаше да вика, плаче... но не можеше. Сето ова премногу ја погоди. Зар одвојувањето од фамилијата не беше доволна казна? Во тој момент слушна остар звук на ножици кои малку по малку и минуваа низ косата. Замислено гледаше како нејзината долга, бујна, цврвеносмеѓа коса полека паѓаше на земјата. Гледајќи ги прамените како паѓаат еден за друг, се присети на зборовите на татка си кои и ги зборуваше уште кога беше дете. Секогаш ја фалеше дека има прекрасна коса, како мајка и. Недолго после тоа, ги повикаа и ги селектираа во групи. Постарите и немоќните беа одбирани за полесни работи како перење додека другите воглавном беа одбирани за копање. Болните набргу ги убија со причина дека не смеат да преносуваат зарази. Им дадија иста облека која ја носеа оние жени кои Јудит ги сретна на влезот на логорот. На некои жени им ги вадеа и златните заби, бараа се‘ што може да се искористи.

Многу подоцна, беа одведени во просторијата што беше нивна спална. Просторот беше ужасно тесен, загушлив и неудобен, едвај можен за живот. Ретки беа оние кревети кои имаа покривачи додека поголем дел од нив немаа ништо освен обична тврда даска. Внатре ги дочека поголема група жени и деца кои очигледно беа донесени овде уште пред тоа. Јудит седна на својот кревет и ја подигна главата. Не сакаше да гледа околу себе бидејќи погледите уште повеќе ја депримираа, иако тоа беше неизбежно. Се‘ уште ја болеше рабата која ја чувствуваше на раката која ја задоби при отпечатувањето на бројките. Но, што е таа болка наспрема онаа која ја чувствуваше внатре? Ништо... баш ништо. Тогаш внимание и привлече една жена со избрчкано лице која седеше на креветот при дното на спалната. Го препозна тоа бледо лице, тие големи смеѓи очи. Тоа беше Дебора!
-Мамо! –потрча кај Дебора викајќи со зборот како никогаш пред тоа. Дебора не можеше да им верува на своите очи дека ја гледа Јудит, цврсто ја прегрна и заплака. Знаеше дека Бог повторно ги спои. И покрај се‘, сега се имаа една за друга. Јудит веќе не беше сама, сега имаше на кој да се потпре. Некое време се гледаа без зборови, уште во неверување дека се сретнаа.
-Што ни се случи? Зошто ова ни го чинат? –се запраша Јудит.
-Веќе одамна престанав да барам одговор на тие прашања кои немаат смисла. Ништо повеќе нема смисла.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Апр 19, 2009 3:27 pm

(втор дел)
22. декември 1942. ; Мадрид, Шпанија

Софија Бенитез, сестрата на Емануел, само што го послужуваше ручекот за децата и загрижено гледаше во часовникот чекајќи го да дојде сопругот од работа – Конечно! – помисли кога го слушна ѕвончето на вратата. Сепак, отварајќи ја вратата, не го виде сопругот туку симпатична девојка со смеѓа коса и ковчег во рацете.
-Се извинувам на сметањето...
-Ма нема никакво сметање. Него, кого го барате?
-Вие сте Софија Бенитез?

-Да... одговори помалку сомнително. –Се познаваме од некаде?
-Мима Ларедо, пријателката на Емануел и Јудит.
–и пружи рака на Софија која беше топло изненадена од нејзината посета. Ја внеси внатре и ја праша што ја води овде, белки не се случило нешто со Емануел или Јудит кога допатувала дури од Полска. Мима настојуваше да биде посмирена и да не ја загрижува Софија изнивувајќи и се дека се обиделе да избегат преку граница. Ни самата не знаеше каде се сега, се надеваше дека го оствариле својот сон. На Софија не и беше сеедно кога ги слушна вестите, но Мина и објасни дека всушност бегството е единствениот начин да се спасат, во спротивно ќе бидат одведени во логор или ќе ги убијат.

-Но... овде ме води и нешто друго. Сакав да го посетам гробот на Арон, Јудит ме замоли кога ќе имам прилика да се помолам во нејзино име.
-Престрашно е тоа што се случи. –се растажни Софија. –Секогаш мислев дека Емануел, кога ќе ги оствари своите работни планови конечно ќе има живот таков каков што сакаше. Но ете... се чини дека Господ имал други планови.
-Ме замоли да ви го предадам ова. –рече Мима вадејќи писмо од торбата.
-Не знам што пишува, претпоставувам нешто во смисол дека не сака да ве загрижува...


Софија набргу го отвори писмото и започна со читање. И помина една солза низ окото кога го прочита, се чувствуваше потешко него ли претходно. Емануел во писмото ја моли дека ако некогаш му се случи нешто, да биде закопан до неговиот син.
-Зар ова значи дека ќе ги убијат? Емануел никогаш не грешеше со претчувствата, интуицијата никогаш не го излажала.
-Не значи ништо, можеби веќе се во Чехословачка. Емануел во тој момент бил загрижен како и сите ние, постапи како и секој нормален човек. Верувајте, ќе се вратат. И тој и Јудит!

И се заблагодари на Мима за потпората и и вети дека попладнето ќе отиде со неа на гробот. И понуди смештај но бидејќи и онака имаа вишок соби, но Мима и рече дека веќе резервирала и платила соба во пансион, би било штета да пропадне. Сакаше да и се оддолжи за парите кои ги потрошила на патот до тука, на што Мима и рече дека не жали за парите, Јидит и Емануел се скоро единствените вистински пријатели кои некогаш ги имала и не бара ништо за возврат.

28. јануари 1942. ; околината на градот Краков ; концентрациски логор Пласцов


Емануел, Давид и Ефраим беа сместени во истиот логот каде што состојбата не беше ни малку пдообра од Аушвиц. Стануваа уште во 5 наутро и одеа на работа, и тогаш кога беа болни мораа да молчат ако не сакаа неприлики. Емануел потполно се повлече во себе, веќе немаше никаква желба за разговор, ни тогаш кога Ефраим се обидуваше да го расположи.

-Ми недостасува. –призна Давид. –Нема ниту еден месец откога сме овде, а чувствувам дека сме разделени со години.
-Потполно те разбирам, ова што ни го прават нема зборови. –се замисли Давид кој полека од ден во ден губеше сила, годините полека го совладуваа. Но не сакаше да се склони пред нацистите, слабоста можеше да го чини многу.
-Знаеш Емануел... откако дојдовме овде се обидувам да ти се заблагодарам за тоа што ми го спаси животот кога бегавме.
-Ма би го направил тоа за секого.
-И знам дека бев себичен бидејќи мислев само на мојата несреќа. А не видов колку ти и Јудит патите.
Емануел не бараше никакво извинување, и сфати дека зборовите на Давид се искрени. Иако не се однесуваше како треба, на време сфати за своите грешки. Емануел се чувствуваше поблиску со Давид него ли претходно, истата тага за саканите уште повеќе ги спојуваше. Но секој од нив знаеше дека сега немаат на кој да се потпрат и мораат да бидат еден за друг.
-Да не види сега Јудит...-помисли Емануел и се насмевна - ...би била горда тоа што нејзиниот сопруг и татко толку добро се сложуваат.


31. јануари 1942. ; околината на градот Освицием ; концетрациски логор Аушвиц


Беше стара нова година, но за Јудит секако тоа беше како и секој друг ден. Ден исполнет со напорна работа и секојдневна борба за преживување. Единствени кои славеа во овие моменти беа нацистите. Тоа утро, додека копаа, Јудит чувствуваше како губи сила и дека секој момент ќе ја изгуби свеста. Дебора го примети нејзиното чудно однесување и веднаш се заргижи, но Јудит и рече дека ќе биде добро, нема потреба да се загрижува заради мала слабост. Сепак, во следниот момент се најде на земјата. Дебора и уште неколку жени се обидоа да ја вратат при свест додека некој од војниците примети што се случува. Веднаш им пријде на жените и им кажа да продолжат да работата. Гледајќи го бледото лице на Јудит, ја праша што се случува на што Јудит лажеше дека не и е ништо. Наредничката набргу замина, а Јудит до крајот на работата едвај се држеше на нозете. Знаеше дека не смее да поклекне заради болеста, бидејќи би била следна на мета за погубување.

Многу подоцна, кога се вратија во спалната, повторно се појави наредничката. Јудит помалку се исплаши кога ја види, но белки не е таа причина што патот ја носи наваму? За откри која е болна? Сепак сомнежите исчезнаа кога наредничката ги прочита имињата и броевите на личностите кои мораат точно вечерва да дојдат во просториите на војниот одред. На листата беа 40 имиња, а Јудит и Дебора не беа помеѓу нив. Многу од нив се прашаа поради која прилика може да дојдат, зар ќе би ослободат?
-Подготвуваме голем настан. –рече наредничката на заминување.
Вечерта набргу дојде, а одбраните личности се појавија каде што им беше кажано. Беа истерани надвор на чистинката како и многу други, беа околу илјада. Збунето се гледаа и прашуваа што ќе им се случи, со која причина беа доведени овде? Буката се прекина кога дојдоа чета војници. Откако ги проверија дали се на број, ги наредија по ред. После неколку моменти тишина, се слушнаа болни и пискави звуци на жртви. На никој не штедеа, дури ни на децата, ги погубија сите до еден од кои го одбраа. Во просториите на војниот одред се слушаше пеење до касно вечерта, додека во спалните владееше гробна тишина. Се‘ уште потресени од страшниот настан, никој не се осуди ни да прозбори. Зошто баш нив? Зошто ги одбраа тие личности?
Јудит сфати дека нацистите кој најпрвен а кој напосле ќе бидат убиени. Им беше потребно да ги истребат сите Евреи.
Сфати дека е прашање денот кога и таа ќе дојде на ред.

Крај на 5. епизода

Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Апр 19, 2009 4:54 pm

Промо за последната епизода!
Не пропуштајте, за само седум дена!


Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeСре Апр 22, 2009 10:57 pm


26 април, Не пропуштајте ја последната епизода.

Се‘ додека смртта не не’ раздели Elgranfinalgy3
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Апр 26, 2009 3:21 pm

Читавте: Откако ги фати нацистичката полиција. Јудит беше одвоена од Емануел, Ефраим и Давид. Наскоро ја одведија во концентрацискиот логот во Аушвиц каде ги преживува најлошите моменти од својот живот, но не сака да се откаже пред пеколот кој ја чека и со помош на Дебора, која ја среќава во логорот, успева да се задржи на нозе. Мима оди во Шпанија кај Софија и и го предава писмото од Емануел. И Јудит и Емануел тешко го поднесуваат тоа што се разделени додека нацистите на староновогодишната ноќ вршат масовно погубување на Евреите...

СЕ‘ ДОДЕКА СМРТТА НЕ НЕ РАЗДЕЛИ
Епизода 6 (прв дел)
GRAN FINAL!


28. мај 1943. ; концентрациски логор Аушвиц

Рано во зората, додека другите се‘ уште спиеја, Јудит не можеше ни око да склопи. Полека излезе надвор и погледна како се буди денот. На момент ги затвори очите и се обиде да се замисли како да е дома, со саканата фамилија, среќна и задоволна... Во реалноста набргу ја вратила ладниот воздух и одвратниот мирис кој се ширеше околу логорот, мирисот на смртта. Иако во логорот веше веќе пола година, се‘ уште се прашуваше како можеше толку брзо да изгуби се‘. Како можат да постојат личности кои се радуваат на туѓата несреќа? Зар никој, баш никој во оваа проклета војна нема обзир спрема другите. Зар сите толку брзо заборавија што значи да се човечко суштество?!
Сега, кога скоро се‘ изгуби, и останаа само спомените на саканите и зборовите за утеха од Емануел кои и ги упати на разделбата, зборови кои и го одржуваа животот на ова страшно место. Од моментот кога ја одвоија од Емануел не знаеше ништо за него. Ни каде се наоѓа, како е, дали е воопшто жив. Исто како и за Давид и Ефраим. Ги мразеше нацистите и војната која ги раздели. До тогаш не знаеше да мрази, но овде го запозна тоа чувство. Гледајќи ги злосторствата кои им ги прават на илјадници луѓе, ги мразеше од дното на душата и се надеваше дека еден ден за се‘ ќе платат.

Од мислите ја прекинаа присутноста на Дебора, ни таа очигледно не можеше да заспие. Заедно гледаа во бескрај како сонцето полека излегува. Гледаа во слободата која им беше толку близу, а пак толку недостижна. Витканата жичена ограда ги одвојуваше од првата со кој секој човек е роден. Од слободата. Погледот на разденувањето беше единствен, скоро една убавина која можеше да се види во овој пекол.

Враќајки се во спалните, на Јудит и привлече внимание камионот кој тукушто доаѓаше, камион со натпис Degesch. Со заинтересираност гледаше што се случува кога Дебора нагло ја повлече за раката и ја однесе назад во спалните.

-Што правиш? Не можам ни да замислам што би ни се случило ако не видеа! –возмирено рече Дебора. –Знаеш дека ќе останеме без глави ако видеме дека знаеме што се случува таму. Се‘ се држи во строга тајност.
-А да ми објасниш што се случува? Какви се воопшто тие натписи на камионите?
- “Германско друштво за борба против вредностите”. Ете, сакаше да знаеш. Сега знаеш! Никој не е потполно сигурен што носат во нив, но бидејќи доаѓат овде рано во зората да не ги приметат, не може да биде ништо добро. Се зборува дека носат експериментални лекови со кои ќе вршаат некои обиди на нас.
-Обиди
... –помисли Јудит - ... доволно долго сум овде за да бидам свесна дека тоа е само параван да не убијат нас и да не исполнат со грозотата која ја прават.
-Колку што слушнав, се‘ оди по наредба на др. Менгела. По негова наредна доаѓаат камионите и се извршуваат обидите. Некои зборуваат дека досега убиле околу 200,000 луѓе, а никој не се ни обидел да истражува.

-Секој никој дека нема да истражува кога сите му помагаат во злосторствата. Видов дека неколку спални беа испразнати, кој знае што им направиле на жените и децата.
-Нас не ни преостанува ништо друго освен да се молиме на Бога да не бидеме меѓу групата луѓе кои ќе бидат одвезени во ординацијата на др. Менгела.
-Да го молиме Бога... Да не е жално би било смешно
. –помисли Јудит. –Зар ова е доказ за постоењето на Бога? Смртта на илјада луѓе?

6. јуни 1943. ; концентрациски логор Пласцов

Давид се пробуди почувствувајќи болка во коските, даските на кои спиеја го бодеа како игли. Како да не го ослабиле доволно годините, сега се најде и ова за да го уништат до крај. Ефраим замислено лежеше на креветот, како и останатите, веројатно се присетуваше на животот пред логорот и сето она што сега му беше недостапно. Давид се чудеше кога не го затекна Емануел на местото каде што тој иначе беше, низ главата му поминаа црн мисли. Не сакаше да поверува дека Емануел беше еден од најновите жртви, но мораше во обзир да ја земе и таа мисла. Нагло тргна и го праша Ефраим кој му одговори дека не го видел Емануел од утрото. Издиши кога наеднаш низ вратат од спалната се појави Емануел.

-Па каде одиш ти, по ѓаволите? Знаеш дека е опасно да шеташ наоколу. –му приговараше Давид.
-Не шетам никаде, не грижи се. Планирам нешто.
-Планираш? Зар овде може нешто да се планира?
-Востание.
-Какво... –праша Давид кога Емануел нагло го прекина и му рече дека мора да го снижат тонот.
-Веќе месец дена се договарам со другите овде да се дигне нагло востание на војската. Ако ги затекнеме неспремни, имаме шанси.
-Да не си полудел? –се вклучи во разговорот и Ефраим. –Знаеш дека нема шанси да ги победиме, па ги има барем двојно повеќе!
-Слушај, од ден на ден сме се‘ послаби. Ако не се обидеме сега додека се‘ уште имаме барем какви-такви сили, додека сме повеќе, подоцна веќе нема да имаме шанса. Зарем не гледате дека сите нас ќе не погубат? Сите.
-Вистина... но ова е безвредно.
-Не е. Подобро ќе умрам обидувајќи се нешто да направам него ли ништо да не направам. –беше одлучен Емануел. –А и верувам дека има доста што ќе избегат. Многу од нив се веќе со мене, барам само ваша потпора ништо повеќе.


Идејата навистина се чинеше луда, никој од нив не успеаа да му се спротивстави на нацистите. Да се дигне востание беше скоро сигурно поаѓање во смртта но... што им преостана воопшто? Би ги убиле кога-тогаш и единствено што би можеле е да се борат до крај. Веќе следниот ден одлучија како ќе ја остварат својата идеја. Во логорот се дигна метеж и бука, спалните почнаа да горат додека секој се обидуваше да спаси жива глава. Нацистичката војска се обидуваше да го прекине хаосот но никако не им одеше низ рака, што повеќе Евреи убиваа, толку повеќе логораши се спротивставуваа. Иако се обидоа да се држат заедно, Ефраим и Давид на момент се раздвоија од Емануел. Се обидоа да го повикат но во гужвата која настана тоа беше скоро невозможно. Војската ги туркаше логорашите во спалните кои беа исполнети со оган, убиваа се‘ пред себе додеке се нижеа жртви до жртви. Давид и Ефраим успееја да се излечат од гужавата и да побегнат надвор од логорот. Застанаа на чистинката кога немаше никој и гледаа како во далечината логорот гори.

Емануел! Каде е Емануел?! –панично праша Ефраим на што Давид не знаеше да одговори.
-Не знам... откако се одвоивме од него, не го видов. Се плашам дека останал таму...
-Не! Мораме да се вратиме по него... –тргна Ефраим кога Давид го прекина.
-Сфати! Ако останал таму, веќе нема помош.

12. јуни 1943. ; концентрациски логор Аушвиц

Јудит се‘ уште не можеше да го избрише од мислите погледот кој го доживеа пред неколку дена. Една од жените кои присилно беа одведени во ординацијата на Др. Менгела, кој овде го нарекуваа Ангелот на смртта, при враќањето од ординацијата се здоби со рани низ целото тело, кои наликуваа на опекотини. Жената не можеше да го издржи напорот па се сруши во јамата која ја копаа. Јудит и Дебора тргнаа да и помогнат, но наредничката ги натера да ја остават и да ја закопат како би се спречила понатамошна зараза. Беше неиздржливо она што им го правеа, копаа јами во кои кога-тогаш ќе бидат закопани и нивните тела. Ги копаа сопствените гробови.
Од црните мисли, внимание и привлече доаѓањето на Илана. Илана скришно неа и на Дебора им даде парче леб што веднаш го зграбија, после што недела дена веќе ништо не јадеа, ова за нив беше гозба.

-Не прашувајте како го набавив. Ако овде тоа се прочуе, веќе нема да бидам во можност. –ги предупреди Илана.

Илана Стефенсон беше постара госпоѓа, блиска пријателка на Дебора. Се запознале при доаѓањето на Дебора во логорот и од тогаш си беа голема поддршка една на друга. Иако беше родена во Америка, Илана не ја привлекуваше многу тамошниот живот бидејќи скоро цел свој век го поминала во Полска. Тука пораснала, ја запознала љубовта на својот живот и ја преживеала убавата младост, добила деца а подоцна го закопала и сопругот. Многу работи ја врзуваа кај својот крај. Сепак, нејзините две ќерки ја пронајдиле својата среќа во Америка и од тогаш поретко ги гледала, контактот со нив го одржуваше воглавно преку писма. И покрај нивните наговарања да се пресели во Америка, таа одбиваше. И сега се наоѓа во логорот, со многумина други борејќи се за сопствениот живот. Но, никогаш не се покајала што не заминала во Америка иако имаше прилика. Никогаш не сакаше да се врати назад и да се запраша што би се случило ако постапеше поинаку.

-Завршен е. –им дошепна на што Јудит збунето ја погледна и ја запраша на што мисли. Илана им објасни дека од своето доаѓање во логорот смислила начин како да побегнат оттаму. Заблагодарувајќи се на нејзината идеја, неколку работнички тајно копаа тунел кој водеше надвор од логорот, на слобода! Минатата ноќ неколку жени успееја да побегнат. Иако многу ја уверуваа дека се мали шансите за бегство, Илана ги увери во спротивното и им докажа дека со помош и волја се‘ се може.

-За една недела доаѓа нова група. Мораме да бегаме во помали групи за да не приметат дека сме помалку и да се посомневат.
-Сакам да одам!
–беше одлучна Јудит. –Одиме! –рече гледајќи ја Дебора. Дебора беше сомнителна спрема целиот план, се плашеше дека нема да го издржи напорот кој би требало да го поднесат после бегството. А и надвор би можеле повторно да ги фатат и да ги вратат во логорот. Зар воопшто има смисла да бегат?
-Дебора има право. –придодаде Илана. –Може да се случи да те фатат после бегството, заради тоа мораш да бидеш внимателна што повеќе. А потреба е и сила за бегството што јас веќе ја немам и тоа е една од причините поради тоа што веќе не заминав.
Сепак тоа не ја предомисли Јудит да се откаже од идејата, ниту Илана која ја предупредуваше дека ако избега, надвор мора да се снајде сама. Немаше што да изгуби и не сакаше да допушти војната да ја докрајчи. Ќе се бори се‘ додека има сили да дише. До крајот.
[/center]


Последната промена е направена од Bobi на Нед Апр 26, 2009 3:25 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitimeНед Апр 26, 2009 3:24 pm

(втор дел)

Концентрациски логор Аушвиц ; неколку дена подоцна


Јудит се пробуди само со една мисла : следното утро ќе го помине во слобода. Веќе се‘ беше спремно за бегство, дури и успеа и Дебора да ја наговори да дојде со неа. И иако знаеше дека го ризикува сопствениот живот но зар воопшто имаше избор? Во логорот беше прашање само денот кога ќе ја одведат на обидите кои ги вршеше др. Менгела, кога ќе ја убијат. Иако во последно време престана да верува во Бога, тоа утро се помоли да и даде сила како би го издржила она што ја чека.

Кога мораа да трнат на работа, виде дека со Дебора не е се‘ во ред. Ја фаќаше грозница, едвај можеше да се помрдне. Беше неспособна за работа, но како што не смееше да и каже на наредничката дека не и е добро, Јудит успеваше да ја крие и некако тој ден да ја извлечи од работа. Кога Јудит навечер се врати во спалната, состојбата и се подобри но се‘ уште беше далеку од идеално. Илана успеа да и донесе ладна вода како би ја намалила температурата.

-Вечерва требаше да одиме... –се растажи Јудит. –Кој знае дали подоцна ќе има воошто прилика.
-Оди. –тивко и рече Дебора. –Не грижи се за мене. И онака не би го издржала патот.
-Не можам да те оставам...
-Мораш! Спаси се себе, јас своето и онака го проживеав.


Јудит не сакаше да оди без Дебора но Илана и вети дека ќе се погрижи нејзината мајка да оздрави и да не и се случи ништо. Зборовите на Илана ја смирија Јудит на некој начин, и беше полесно кога знаеше дека позади Дебора има некој. Сепак, почувствува немир пред заминувањето. Кога се поздравија, Илана и даде парче леб за по пат и и посака среќа.

-Ќе се видеме повторно. Ти ветувам. –и рече Дебора на збогувањето.

21. јули 1943. ; Мадрид, Шпанија

Додека нејзиниот сопруг и децата вечеруваа, Софија немаше апетит. Чепкаше по тањирот и се обидуваше да јаде некој залак, но едноставно не и одеше.

-Се грижеш без причина. –и наметна сопругот. –Знаеш и самата дека твојата грижа и немир не можат да ги спасат ниту Јудит ни Емануел. Додека тој продолжи да зборува без прекин, во Софија уште повеќе се ствараше немир се‘ додека не му се изнавика на него.
-По ѓаволите, брат ми е! Имал малку сочувство! Како можеш воопшто да бараш од мене да не се грижам?!
Некое време ја гледаше се‘ додека не ги прекина ѕвончето на вратата, добија итна телеграма. Софија набргу ја грабна веста во рацете.
-Од Мима е... –рече гледајќи во писмото. После неколку секунди мртва тишина, почна да плаче читајќи ја веста.


Варшава, Полска

Мима беше веќе во длабок сон кога слушна тропање на вратата. –Некој навистина нема обзир спрема другите. –помисли одејќи во полусон спрема вратите. Уморно издиши отварајќи ја вратата и отпрвен не можеше да познае кој го гледа. Веќе во следниот момент погледна добро познато лице.

-Мима... –проговори тивко Јудит. Мима од среќа ја прегрна во неверица дека се‘ уште е тука, пред неа. Иако беше изморена од патот, на лицето на Јудит се појави насмевка. Сакаше да заплаче од среќа, зар најпосле ја оствари својата цел. Зар конечно е слободна?! Имаше толку работи да и раскаже на Мима, но во тој момент не знаеше што да каже. Солзите радосници се појавија на нејзиното лице.

Во следниот момент, се слушнаа звуци во собата на Мима.

-Некој е тука? –ја праша Јудит.
-Не стигнав да ти кажам...

Мима не успеа да ја доврши реченицата кога се појавија Ефраим и Давид. Јудит некое време ги гледаше шокирано, а потоа силно истрча во прегратките на Давид.
-Дете мое, никогаш повеќе нема да те напуштам. –рече Давид настојувајќи да ги задржи солзите.
-Тато... –зборуваше Јудит бриејќи ги солзите - ... те сакам. Најпосле успеа да му го каже она што го криеше цел живот, она што никогаш не се осуди да му го каже и заради што може на некој начин немаа однос татко и ќерка. Најпосле успеа да ја превлади препреката која беше помеѓу нив од смртта на мајка и на Јудит. Двајцата сфатика дека највредно нешто што го имаат е фамилијата, и дека ништо, ама баш ништо, не смее да им биде поважно од неа.

-А Емануел? –се запраша.


***
Во септември 1944. Хеинрих Химлер, заповедникот на СС и Гестапо еден од најмоќните луѓе во Германија издаде наредување да престанат со ликвидацијата на Евреите. Сепак, до ослободувањето од страна на Советот уште десет илјади умреа во логорите од глад и зараза. Холокаустот зад себе остави трајни последици. Се претпоставува дека е убиено околу 6 милиони Евреи, скоро третина од Евреите кои пред Втората светска војна живееја во светот. Сликата на Европа константно се промени, посебно во Источна и Средна Европа каде еврејските заедници престанаа да постојат. Најголем дел од преживеаните одлучиле да емигрират во САД, односно во Палестина, каде е создадена и еврејската национална држава, Израел.

Со Евреите, истребуваа и Роми, а бројот на жртвите во широка смисла на зборот (значи, да не се исклучиво Евреи) се проценува до 11 милиони, додека некои проценуваат и до 26 милиони. Многумина не се помирија со тоа дека холокаустот потекнува од цивилизираните држави како Германија и дека за масовното погубување е користена најмодерната наука. Сепак, холокаустот не би бил можен да не имаа поддршка од страна на нееврејските граѓани, најмногу во окупираната Полска каде изгинаа околу 3 милиони Евреи.

Дебора со Илана, беше една од ретките кои го преживееја Аушвиц. Веднаш после депортацијата од логото, беше префрлена во болницата каде ги одлежи наредните неколку месеци до лекувањето. Заедно со Јудит и Давид се врати во Мадрид во 1946. каде се обидоа да започнат нов живот. После завршувањето на граѓанската војна во Шпанија, состојбата во Мадрид почна да се поправа и да се подобруваат животните услови што им помогна многу да започнат одново после стравот кој го преживуваа. Давид виде дека многу малку внимание им посветуваше на својата фамилија пред тоа што заминаа во Полска и сфати дека Јудит и Дебора се највредното нешто во својот живот.

Мима и покрај финансиските потешкотии, заблагодарувајќи и се на Мима осигури живот во Мадрид. Доби работа во едно сиропиталиште каде се грижеше за деца, а во посета често и доаѓаше Јудит која гледајќи во сите тие деца се присетуваше на Арон, можеби и тоа беше единствениот начин да заборави на својата тага и на моментот кој се исклучува од реалноста. Мима во слободното време се занимаваше со пишување на книга во која опиша се‘ она што нејзините најблиски проживееја за време на холокаустот, но не беше потполно сигурна дали ќе ја даде да се објави. Јудит и даде поддршка да се одлучи на тој чекор, и сметаше дека луѓето мора да дознаат за стравот кој нацистите им го направија.
Иако Ефраим го запозна подобро после неговото бегство од логорото, кога му помогна да тргне понатаму, често мислеше на него. Некогаш ќе се запрашаше дали е можеби можно да има нешто помеѓу нив двајца, но поради тоа што тој остана во Полска и таму си осигурал живот, го отрфрлуваше од мислите. Но... беше сигурна во едно : никогаш не знаеш што ти носи судбината.

После излегувањето од логорот, Илана се бореше да го врати својот дом. Власта најпосле и ја врати куќата која ја имаше пред војната. Ја развеселуваа писмата кои Јудит често и ги праќаше и во кои и се заблагодаруваше за нејзината помош што успеа да избега од логорот. Поради неа, таа и Дебора го преживееја холокаустот. Во својата куќа, Илана живееше следните неколку години, а потоа почина. Но, умре среќна и задоволна, онака како што сакаше – во својот дом.
А Олга... Олга се опорави после несреќата во фабриката, и набргу се вработи во друга фабрика каде што работеше се‘ до пензијата. Стекна каков-таков имот, доволно да прожиеве за својата убава старост. И покрај тоа, и понатаму беше сама. Немаше никого со себе, никого на некој што ќе му недостасува кога веќе ќе ја нема. А самотијата понекогаш е и полоша и од самата смрт.

***

12. септември 1946. ; Мадрид, Шпанија

Беше тоа еден тмурен есенски ден. Капките дожд полека паѓаа во лисјата додека ветерот дуваше и малку-помалку ги откинуваше преостанатите листови.
Влегувајќи во гробиштата, погледот на Јудит беше празен, поминувајќи покрај гробовите се чувствуваше одсутна, скоро мртва. Во еден момент застана и испушти два букети со бели ружи на гробовите. На едниот гроб се наоѓаше името на нејзиниот син, додека на гробот до него беше сликата на Емануел. Гледајќи во нив, не можеше да се воздржи а да не испушти солза. Полека со раката помина низ сликата на Емануел и ја бакна. Дури сега, гледајќи во неговиот гроб, сфати дека веќе го нема. Она грдо предчувство кое и се претвори во неа во оној момент кога ги разделија се исполни, знаеше дека тоа беше последен пат кога ќе се видат. И покрај времето кое поминува, неопишливо и недостасуваа. Сфати дека ништо, дури ни годините, нема да ја излечат оваа болка, празнина која ја чувствува длабоко во себе.
Ги изгуби двете личности кои ги сакаше најмногу на свет, причината заради што живееше. Често се мразеше самата себе поради тоа што остана жива, сметеше дека смртта би била помала казна сега кога Емануел го нема. Во еден момент кога имаше се‘, и го одземаа она што најмногу го сакаше. Тоа никогаш нема да му го опрости, на никој! Единствен факт кој ја тешеше беше она што Емануел беше закопан веднаш до својот син, како што и сакаше. И беше премногу благодарна на Софија што му ја исполни последната желба на Емануел.

Заминувајќи од гробиштата, почувствува допир на рамената. Кога се заврти, не виде никого. Знаеше кој ја допре. Знаеше дека Емануел се‘ уште ја чува и е со неа, баш како што и вети. Го почувствува со себе, веруваше дека никогаш нема да ја нашушти.
Потоа погледна во небото и виде како дождот полека престанува и низ тмурните облаци полека излегуваа сончевите зраци. Се сети на зборовите на Емануел за поддршката и надежта во подобра иднина. И самата сакаше да верува во тоа. Гледаше со надеж во иднината која беше пред неа и го чекаше денот кога конечно ќе биде со својот сопруг и син таму каде што никој не може да ги раздели.
Во вечноста.

КРАЈ НА СЕРИЈАТА

Се‘ додека смртта не не’ раздели Final

ИМ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ШТО ЈА ЧИТАА ОВАА НОВЕЛА.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Се‘ додека смртта не не’ раздели Empty
ПишувањеПредмет: Re: Се‘ додека смртта не не’ раздели   Се‘ додека смртта не не’ раздели I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Се‘ додека смртта не не’ раздели
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Вебновели-
Отиди до: