Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
Home20 години без оргазам Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 20 години без оргазам

Go down 
АвторПорака
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

20 години без оргазам Empty
ПишувањеПредмет: 20 години без оргазам   20 години без оргазам I_icon_minitimeСаб Мар 07, 2009 3:17 pm

20 години без оргазам Kaliopi

Која е оваа жена и зошто истата немала 20 години оргазам?!
Дали е пребирлива?!
Дали нема пари за подарок од Валијант?!
Дали можеби е склона кон својот пол?!

Наскоро дознајте ја нејзината тајна...


20 A N O S S I N O R G A S M O

Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

20 години без оргазам Empty
ПишувањеПредмет: Re: 20 години без оргазам   20 години без оргазам I_icon_minitimeНед Мар 08, 2009 2:21 am

Вратете се на почетокот Go down
LucasScott
Модератор
Модератор
LucasScott


Male Број на мислења : 4543
Location : Nahuatzen
Registration date : 2008-08-13

20 години без оргазам Empty
ПишувањеПредмет: Re: 20 години без оргазам   20 години без оргазам I_icon_minitimeНед Мар 08, 2009 6:41 pm

20 ANOS SIN ORGASMO





Голема куќа која
морбидно потсетува на кулата на грофот Дракула, сместена во срцето на
Мексиканската метропола.Во неа, простран салон а на челниот ѕид, портрет од
туѓинка, жена која никој не ја видел, но секој се моли за истата.Маж во 50-ти
години со продирен длабок глас, кој кога говори како да пее шансона на
Павароти.


-
20
години!Утре ќе поминат 20 години исполнети со лаги!20 години како што ја кријам
вистината.Утре ќе поминат 20 години од убиството на Лезбијката, мајката на
Влакнестиот, на кој не му кажав дека мајка му е лезбијка.За убиството на
ЛезбИјката ја обвинија Вики, мојата сопруга, мајката на моите деца Марс и
Ѕвезда.Моите деца никогаш не дознаа дека мајка им е убиец, затоа морав да ги
уверам дека Вики е мртва!Марс и Ѕвезда не смеат никогаш да дознаат дека Вики ја
уби ЛезбИјката и дека за тој криминал е 20 години во затвор.Исто така ги
излажав дека Анхел им е брат.Боже каков лажго сум јас!Јас сум како политичар во
предвремени избори!


На другиот крај
од земјата, во затворот за жени и трансвестити, ВикТорија со две созли пролени,
масна коса на која навираат дузина седи влакна, гледа во празно во келијата и
ја споделува својата мака со цимерката Светлана ла Сербиана, осудена за
заработка на диво и продажба на црно на сопствените порно филмови.


-Утре полнам 20
години, - рече ВикТорија бришејки ги мрсулите со ракавот од униформата.


-Морам да ти
признаам дека изгледаш многу постаро, -и одговори цимерката Светлана, жена со
силиконска убавина и чуден акцент.


-Не!Утре полнам
20 години поминати во овој затвор!20 години плаќам за злосторството кое никогаш
не го извршив!


-Уште колку
години ти фалат за да ја исполниш квотата?- праша Светлана, потпевнувајки го
својот хит “Београд”.


-До крајот на
животот.


-Не бери гајле,
драга.Животот ќе ти помине додека да трепнеш.


-Најмногу од се
ме боли што не можам да си ги видам децата,- додаде ВикТорија потопена во
солзи.-Секој минат ден се прашувам што се случува со нив?Дали Ѕвезда ја добила
првата менструација?Дали Марс имал секс?Дали Анхел проодел?!





Назад во кулата
на грофот дракула.Хосе Антонио седи на каучот и со далинскиот управувач ги
менува каналуте на тв приемникот.Одеднаш наидува на “Не заборави стихове”, популарна емисија во која анонимци пеат стихови
од познати пејачи.И одеднаш генијална идеја се раѓа во неговиот ум.Ја подигнува
десната веѓа и гордо на сиот глас го изустува својот мнов проект.


-Каде беше
текстот.


Тогаш неговиот
поглед ќе падне на портретот на ѕидот и ќе помисли.


-Да беше
ЛезбИјката сеуште жива, ќе и направев трансфер во Шител.Немаше да дозволам така
да си поиграат со нејзината чест во А1, каде што Кучкарката и ја зеде емисијата
преку ноќ.


Помислата на
ЛезбИјката му ги врати мислите кај ВикТорија.


-Што ли прави
Вики сега?- не можеше а да не се запраша.-Дали е и удобно во келијата?Дали го
добила мојот подарок од Валијант кој и го пратив за 18 години изминати во
затвор?!


Се слуша врева и
во пространиот салон влегуваат неговите деца, младата Ѕвезда, сериозниот и
молќелив Марс и болежливиот Анхел.


-Што правиш
татко?- го праша Анхел.


-Размисувам за
тоа дека утре навршуваат 20 години од смртта на мајка ви.20 години сум сам.


-Сам?-скептично
го праша Ѕвезда, вртејки лижавче во устата.-А што сме ние?


-Копилиња,-
кратко одговори Хосе Антонио.


-Ѕвезда сакаше да
каже дека ние сме ти повеќе од деца татко.Ние сме ти пријатели,- додаде
Марс.-Како што беа Пауновиќ и Вуки.


-Не!-категоричен
беше Хосе Антонио.-Мојот најверен пријател е фирмата Виљареал Медина.


-Само сакаме да
ти кажеме дека ти не си сам тато,- Анхел го потапша по рамо, закашлувајки се жестоко.Одвај
успеа да дојде до збор, но сепак проговори.


-Ние сме со тебе,


-Да деца. Вие сте
со мене.Но јас сум младич кој е вдовец скоро 20 години.Се почесто размислувам
да се преженам, да играме пак на свадба, да донесам невеста која ќе меси и пегла во куќава.


-Да не си
помислил да донесеш нова жена дома, татко, -жестоко извика Ѕвезда.-Ние не
сакаме Маќеа.


Во тој миг во
салонот влего тетките на Хосе Антонио, Зорица и Бланка “la gitana”.


-Ѕвезда има
право, Хосе Антонио,- загрме гласот на доминантната Зорица.-Јас никогаш нема да
дозволам да доведеш нова жена во овој мансион.Ако ти треба жена, знаеш дека јас
сум секогаш тука за тебе.


Додека Зорица
зборуваше, Бланка сњамо стоеше зад неа како сенка и климаше потврдно со
главата.


-Како можеш да
зборуваш така?-ја запраша Хосе Антонио.—Па ти си ми само тетка.Јас сум ти внук.


-Милото има
право, Зорке,- се замеша Бланка.-Потребна му е жена која ќе го пере и пегла,
жена која ќе сака и ќе му биде верна додека смртта не ги раздели.


-Замолчи Бланка!-
извика Зорица.-Тоа што татко ми те посвои, ти го даде презимето Виљареал не те
прави помалку циганка.Ти си само мизерна ромка која по случај на околности
израсна како дама.


-Зошто ми
зборуваш така, Зорке?- со солзи во очите запраша Бланка.


-Затоа што
наделеку сум позната по тоа дека ја зборувам вистината и само вистината.Ти си
глупава циганка која не е крвно поврзана со нашата фамилија.Тоа што моите
родители те посвоија и ти дадоа христијанско име, не те прави моја сестра.


-Ве молам не се
расправајте, - ги замоли Анхел и почна да кашла толку силно што на подот исфрли
шлаем.Бланка загрижено му пријде и со гола рака го забриша околу устата.


-Анхел од ден на
ден е се полош, -рече Хосе Антонио.-Уште утре ќе го однесам на доктор.


-Не,мило, нема
потреба да го носиш на лекар, -рече Бланка.-Јас имам соодветен лек за
Анхелито.Веднаш ќе му донесам сенф помешан со топла вода.


-И со тоа ќе ми
помине кашлицата?-праша Анхел.


-Не, но пушти ме
да експериментирам малку.





Назад во
затворот.


ВикТорија наполни
кофа со солзи и пријде до кактусот да го полие, кога Светлана пријде до неа.


-Ајде ВикТорија.
Престани да плачеш.


-Како да
престанам да плачам , кога адвокатот ми кажа дека сум помилувана и дека ќе
бидам пуштена на слобода?!


-Ти ВикТорија за
се плачеш.Плачеш од тага, плачеш од радост.До кога само ќе плачеш?Почнуваш да
наликуваш на Викторија Руфо?


-Ти не сфаќаш
Светлана.После 20 години ќе се вратам во Мексико.Ах, Мексико.Мојата
земја.Сигурно напреднала многу изминативе 20 години.Сигурно повеќе нема
корупција, ни насилство, ни проститутки на секој агол...Зарем не сфаќаш
Светлана?Најпосле ќе ми се оствари животниот сон.Ќе одам на концерт на
Тимбериче!Ќе правам работи кои 20 години не можев да ги направам.


-Но зошто во
Мескико, ВикТорија?Зошто не одиш на Хаваите или почекај уште 6 месеци и кога
јас ќе ја одлежам казната , дојди со мене во Србија.Таму имам статус на дива,
јас сум единствена.На моите концерти пољаните се полнат а луѓето се качуваат по дрво само за да ме
видат.Дојди со мене Викторија.Ќе јадеме сарма и ќе изиграваме мафија во слободно
време.


-О,
Светлана.Колку и да звучи примамливо твојата понуда. Морам да се вратам во
Мексико.Морам да си ги повратам моите деца.Но пред се, да откријам кој ја уби
ЛезбИјката?!





П Р О
Д О Л Ж У
В А
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





20 години без оргазам Empty
ПишувањеПредмет: Re: 20 години без оргазам   20 години без оргазам I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
20 години без оргазам
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: Вебновели-
Отиди до: