Ради вас и сета Glee манија вчера гледав две-три епизоди. Моето мислење остана непроменто. Серијата се изработува професионално, каде-каде подобро од CW серии да речеме, интересна е бидејќи ликовите се некако од една страна воопшто нестереотипни а друга престереотипни и lovable.
Има смешни дијалози, добра од глума од Џејн Линч само ради неа и би гледал, но клише е се тоа со Фин и Рејчел, со Вил и жена му (лаже дека е бремена мислам хелоу) итн. Но во главно е гледлива и има некој чуден „магнетизам“ што би те натерало да ја гледаш. Да ја даваа на телевизија ќе вртев од време на време. Кога има тематски епизоди (Гага, Бритни итн.) ќе ги гледав само ради песните.
Заклучок: за редовно симнување, да лудувам, да се поистоветувам со ликовите и да се газам од смеење - НЕ! Некако е се преизвештачено и има некои нереални ликови со демек смешни особини. Потоа американците упорно ставаат акцент на геј-популацијата, демек треба да го сакам тој. Искрено глумецот не глуми воопшто лошо ниту пее лошо, и е пријатен да речам (и кога беше водител на Teen Choice Awards исто мислев за него), но е хомо и не можам да го прифатам како најнормално нешто. Темата популарност-непопуларност, таа навивачката е бремена, жена му на овој крие дека е бремена ми е премногу американско и неприфатливо. Серијата е добро направена во филмска и кореографска смисла, но изобилува со клише елеменити и нема нешто што ме тера да ја гледам. Да ја даваа кај нас ќе гледав од време на време, инаку НЕ!