Извини погрешмо сум те разбрал. Е, да црнецот излезе ама како у право си? Леле, стварно сеа ме збуни! Ај ако знае некој нека кажи како излегоа кога претходно беше затворено. Нели на Бони баба и умре плус за да никогаш веќе не биде отворено. Стварно не знам.
Инаку Ана ми најомлиен лик. Нејзе и Џереми ги имав со недели на Аватар и како потпис...
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Изгледано финалето на најпозитивното изненадување од сите серии изминатиот период. Мистерии, премногу тајни од минатото, сплетки, убиства, љубов, омраза, посвоени деца, исчезнати родители итн во една претопла атмосфера - тоа што најмногу го сакам го најдов во оваа серија Доста работи ми се разјаснија во последните епизоди околу Џон, Изабел, но сепак останаа и некои незавршени мистерии околу Емили вештерката и појавувањето на Кетрин. Не очекував дека таа што се бакна со Дејмон е Кетрин. Добро е што не е Елена, зашто толку добра хероина како Елена одамна немам видено. Единствено што и симнувам капа на Кетрин е што го уби Џон, тој човек не го поднесував во серијата. Сите други ликови ги засакав премногу и можеби затоа што немаше иритантен лик, затоа и толку ја сакам серијата.
Финалето беше интересно и изненадување беше последната сцена, но едно не ми е јасно. Џон рече дека имал некаков извор од вампирите кој му кажал дека ќе напаѓаат вечерта во градот. Кој бил тоа? Ана умре, Џереми ќе стане вампир. И она што во последните епизоди ме зачуди е преобразбите на Стефан. Откако ослабе, му притреба крв и затоа посакуваше да напаѓа. Но дали откако ќе се напие со крв, потоа може да се контролира и затоа стана стариот нормален вампир?
Тејлор и татко му не се вампири. Што се?
Од прва до последна епизода немаше досадна сцена, бравос за серијата
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Стварно ми е мило што заврши со гледање. Одлична серија и гледаш дека е добро што ни ја послуша препораката. Инаку Тајлер и татко му се врколаци ! Во десеттата епизода кога те прашав дали примети нешто, тоа беше - после тепачката на Џереми и Тајлер, Тајлер стоеше сам и камерата ја потенцираше полната месечина...
И сега за втората сезона ќе ни ги престават врколаците, кој фала богу нема да бидат ко од Твајлајт, туку ќе бидат ко што треба - агресивни и луди кои се претвараат само на полна месечина. Вујко на Тајлер - Мејсон Локвуд, го опишуваат како шармантен и мистериозен лик кој доаѓа со Кетрин по смртта на неговиот брат. И ќе се бори да стане градоначалник иако мајка му на Тајлер ќе биде привремена.
Инаку Стефан кога беше претепан од вампирите од гробницата, Елена му даде крв нели. И он по толку време пробувајќи човечка крв не можеше да се одвикне, додека не се смири по расчистување на минатото.
Инаку Дани гледај го сега трејлерот/промото за втората сезона, насловено The Year of the Kat! Едвај чекам следната недела да дојде да гледам...
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Мое мислење е дека како што ќе оди понатаму, серијава ќе ја заплеткаат многу повеќе, со врколаци, па потоа со други тајни и измешани љубовни врски. Многу веројатно е дека тоа ќе се случи..
Сега малку ќе се позанимавам со 90210, за потоа ќе видам
G.Sparks Член
Zodiac : Број на мислења : 221 Birthday : 1992-05-17 Age : 32 Registration date : 2010-03-07
Ееее колкав NOOB сум значи... Пуштив на страницата на cw и случајно го погледнав трејлерот...Не го изгледав цел но сепак сега знам отприлика нешто од нешто што ќе се случи, и целиот кеф ми се расипа... Уште еднаш ова нема да ми се случи :@
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Ееее колкав NOOB сум значи... Пуштив на страницата на cw и случајно го погледнав трејлерот...Не го изгледав цел но сепак сега знам отприлика нешто од нешто што ќе се случи, и целиот кеф ми се расипа... Уште еднаш ова нема да ми се случи :@
Ајде бе па и ти. Сите го гледавме трејлерот. Многу е јак, ама малку сцени се нови! Изгледај си го цел! Верувај ми!
Инаку читав последна новост за сезонава и тоа е дека првата епизода ќе била, цитирам game changer. Работите драстично ќе се променеле со доаѓањето на Кетрин и Мејсон Локвуд...
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Ќе се сменат. Во почетокот беше помирна серија, потоа стана се подинамична и сега втора сезона со воведувањето на врколаците и новите вампири ќе стане уште повозбудлива. Мејсон Локвуд ќе биде врколак? Тој не се појави во прва сезона
G.Sparks Член
Zodiac : Број на мислења : 221 Birthday : 1992-05-17 Age : 32 Registration date : 2010-03-07
Аааа не, не ја пуштам од CW страницана во блиска иднина! : ))
Инаку прочитав сега назад за тематиката како излегоја вампирите од гробницата, а како не можеле да го направат тоа кога ги заклучиле и во телата уште имале крв. Мое мислење (незначи дека е точно, малце имам подзаборавено како одеја работите) е дека кога ги заклучиле гробницата ја заштитиле со магија за да неможат да излезат вампирите. Е сега кога Бони и нејзината баба ја читаа однопаку магијата, ја тргнаја. Потоа сите си заминаа што значи магијата беше тргната и останатите вампири можеа да излезат. Па нели на бабата и беше толку лошо што после умре...
Michael Myers Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 681 Birthday : 1993-08-19 Age : 30 Location : Skopje Registration date : 2009-10-11
Ќе се сменат. Во почетокот беше помирна серија, потоа стана се подинамична и сега втора сезона со воведувањето на врколаците и новите вампири ќе стане уште повозбудлива. Мејсон Локвуд ќе биде врколак? Тој не се појави во прва сезона
Да ќе биде вујко на Тајлер. Он ќе го запознае на Тајлер со врколаците, ќе му објасни што како и ко што викаат ќе му ја кажел т.н. клетва која го демнее нивното семејство со генерации. Опшишан е како многу секси шармантен но неверојатно агресивен и најверојатно сојузник на Кетрин.
Инаку се потврди дека Емили ќе се врати во повеќе епизоди, бидејки има многу неодговорени прашања.
Michael Myers Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 681 Birthday : 1993-08-19 Age : 30 Location : Skopje Registration date : 2009-10-11
Уште 3 дена до премиерата на 2 сезона едвај чекам Еве го најновото промо
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Пет Сеп 10, 2010 5:23 pm
Love it
Подобар старт не можеа да направат . Ја обожавам Кетрин, Нина Добрев фантастично се снајдува во обете улоги, а веќе почнувам и да ги распознавам
СПОЈЛЕР АЛЕРТ(дека сигурно уште сите го немате гледано)
Не ми се верува за крајот Кетрин на Керолајн: Game on! Веќе од промото видов дека Керолајн ќе биде вампирка
Жал ми е за Џереми, се‘ уште се надева во тоа за Ана. А најдобро ми беше кога Дејмон му го свитка вратот, ама не успеа да го усмрти дека прстент го чуваше од натприродно
Исто така јака сцена ми беше Кетрин vs. Бони и одеднаш кога и ги покажа забите се појави Стефан
Едвај чекам петок
nightspy Член
Број на мислења : 197 Registration date : 2008-08-14
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Пет Сеп 10, 2010 5:42 pm
Пред да ја гледав епизодата си помислив ова неможе да биде како крајот на сезоната, толку добро но ова ги помина сите мои очекувања. Ова е предоброооо...
Нина Добрев е одлична и во двете улоги, многу ми се допаѓа нејзиното глумење. По првата епизода мислам дека не очекува сезона уште повозбудлива од претходната!!!
Мислам дека во оваа сезона ке се обрне и големо внимание на врколаците Тајлор и неговата фамилијааа...
Едвај ја чекам следната епизодаааа.........
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Пет Сеп 10, 2010 5:49 pm
nightspy напиша:
Пред да ја гледав епизодата си помислив ова неможе да биде како крајот на сезоната, толку добро но ова ги помина сите мои очекувања. Ова е предоброооо...
Се согласувам. Епизодата ги надмина сите очекувања
Чиста петка од мене! Без сомнеж
G.Sparks Член
Zodiac : Број на мислења : 221 Birthday : 1992-05-17 Age : 32 Registration date : 2010-03-07
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Пет Сеп 10, 2010 5:51 pm
Да не напишам нешто што би можело да биди спојлер само ќе искоментирам
<3 Damon!
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Пет Сеп 10, 2010 6:50 pm
Одлична епизода, но јас очекував малку повеќе од неа. Веројатно сум единствена, ама имаше нешто што не ми штимаше. Можеби затоа што го обожавам Дејмон, а целата таа ситуација со Елена, а и со Кетрин ми беше некако чудна и избрзана. Но, останатото беше одлично.
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Пет Сеп 10, 2010 10:41 pm
Епизодава беше фантастична. Нема што! Се согласувам и со Боби и со Nigthspy и со Џорџи и со Rebellious angel! Епизодата беше фантастична и заклучуваме дека сезоната ќе биде каде-каде подобра од првата. Пилотот во споредба со оваа епизода. Катастрофа!
The Bitch is Back! И Керолајн сеа ми е преомилена. Кога почна серијата ја сметав дека Керолајн ќе биде ваква ко што е сега (некои уште ја немаат гледано). Сеа пак ја засакав и тоа многу. Нина Добрев е одлична и одлично ги глуми АМА како Елена не беше ништо спектакуларно. Мислам го наоѓаш татко ти на земја полу-мртов, се појавува твоја двојничка, брат ти е пред умирање, другарка ти во болница, градоначалникот е у гроб, а Елена си е најопуштена. CW немаат Еми во блиска иднина. И гледам некои критичари велат дека Дејмон и Елена се добри глуци за Еми, ама искрено треба да поработат за Еми и сл.
Којзнае што ќе се случува. Едвај чекам втора епизода! Дани чекаме коментари...
Најдобар момент од целата епизода клетвата за врколаците. Тоа ќе биде побомбастично од Кетрин. Целосна оценка на епизода 8/10! Поради горенаведените причини.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Пет Сеп 10, 2010 10:47 pm
Цитат :
CW немаат Еми во блиска иднина. И гледам некои критичари велат дека Дејмон и Елена се добри глуци за Еми, ама искрено треба да поработат за Еми и сл.
CW никогаш нема да добијат ЕМИ. Зошто толку си запнал, доста им е нив и Teen/People Choice Awards
Сепак
Michael Myers Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 681 Birthday : 1993-08-19 Age : 30 Location : Skopje Registration date : 2009-10-11
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Пет Сеп 10, 2010 11:18 pm
.....
Епизодава беше закон предобра! Кетрин конечно се врати Едвај чекам 2 епизода! BTW Керолајн ми стана омилена
Еве го Промото за 2 епизода - OMG закон е!
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Саб Сеп 11, 2010 2:34 am
McSteamy напиша:
Bobi напиша:
Цитат :
CW немаат Еми во блиска иднина. И гледам некои критичари велат дека Дејмон и Елена се добри глуци за Еми, ама искрено треба да поработат за Еми и сл.
CW никогаш нема да добијат ЕМИ. Зошто толку си запнал, доста им е нив и Teen/People Choice Awards
Значи не ме мешај со Маерс. Ова ми е вторпат на оваа тема да кажам. Само зборам што пишуваат понеугледни критики!
BTW го гледаше промото за втората епизода!
Се извинувам, исти сте ми не знам зошто
Да, го изгледав промово, откриваме дека Керолајн е вампирка!
G.Sparks Член
Zodiac : Број на мислења : 221 Birthday : 1992-05-17 Age : 32 Registration date : 2010-03-07
Предмет: Re: THE VAMPIRE DIARIES|2009- Саб Сеп 11, 2010 5:21 am
Spoiler:
Па и се очекуваше нели? Нели Дејмон и Бони се договорија тој да и даде крв за да ја спречи од било каков ризик, а потоа Кетрин ја свитка... Уште без да гледам промо претпоставив...Што знам, некако не ми се бендисува оваа одлука на сценаристите Керолајн да ја направат вампирка, но без да изгледам епизоди како ќе глуми таа како таква, и какво дејство ќе се развија немам право да коментирам...
Ми се допадна роднината од Тејлор, убав глумец, да видиме сега како ќе глуми. Целава ситуација со Тејлор ќе биди интересна насетувам...
Дејмон изглуми прекрасно првава епизода... Колку ми падна жал кога Кетрин му рече дека го сакала секогаш Стефан и дека уште го сака, а после и Елена... Се скрши дефинитивно... Што и да се случи јас тим Дејмон си сум :)
Да не биди цел пост во спојлер, едвај чекам четврток...
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Се согласувам со Џорџи во врска со Керлајн! Ќе видиме! Стварно е жално се за Дејмон! Да поминеш толку години да ја бараш саканата мислејќи дека е заробена. Потоа дознаваш дека не ни била зараобена и на крај се појавува и не и ни гајле за тебе...
G.Sparks Член
Zodiac : Број на мислења : 221 Birthday : 1992-05-17 Age : 32 Registration date : 2010-03-07
Цела ситуација со вампирите од гробницата ми недостасува. Кетрин вака ми изгледа многу сама. Мора да има некој план!
Spoiler:
Аларик најверојатно не го ставија во епизодава, нема што да се случува затоа може. Инаку знам дека он Елена и Дејмон ќе одат во универзитетот каде Изабел предавала и ќе се сплектаат со нејзина поранешна ученичка (некоја глумица што глумела во Декстер)! Леле сезонава ќе биде добра...!