Иако деновиве беа започнати снимањата, серијата започнува со прикажување наскоро, по завршувањето на тин серијата „Богати и сиромашни“ (Ninos Ricos, Pobres Padres).
Bayron Член
Број на мислења : 449 Registration date : 2008-08-20
А каде гледате комедија, мене ми е баш драма. Дали добив нешто кое не го очекував? Промово ми се допаѓа ама ептен, не ми се верува Карлос и Ана Лусија изгледаат преубаво, ама преубаво Исто и Марица Родригез е преубава. Одвај чекам да почне и ќе видам на што ќе личи, вака ми е ТОП. Реков дека нема да се плам по промоата на Телемундо, али ова ми е
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Oдлично промо (не ни очекував помалку од Телемундо). Марица е поубава вака со шишки. Само кај ја нашле онаа сакатана шо Карлос треба да се ожени со неа?! Ја мразам таа жена и за мене секад ќе остане ретардираната Кика од El amor no tiene precio. Карлос и Ана преубав пар, совршени Приказната е истата како филмот Cruel itentions, злобната полусестра го провоцира фамозниот женкар да легне девуица, и играта може да започне. Ќе видиме како ќе излезе реализацијата, вака е доста симпатично. Знае ли некој кога започнува со прикажување?
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Само кај ја нашле онаа сакатана шо Карлос треба да се ожени со неа?! Ја мразам таа жена и за мене секад ќе остане ретардираната Кика од El amor no tiene precio.
Баш сакав и јас тоа да го напоменам, не знам како можеа да и‘ дадат и главна улога во онаа посрана серија Torrente, un torbellino de pasiones, таа серија ме потсеќа како да е напишана за историја на торенти (насловот)
Цитат :
Знае ли некој кога започнува со прикажување?
На интернет пишува 11 јануари на местото на „Богати и сиромашни“.
LucasScott Модератор
Број на мислења : 4543 Location : Nahuatzen Registration date : 2008-08-13
Воодушевен сум од промото,пред се затоа што не сум навикнат на таков жанр кога се во прашање тв новелите.Изгледа дека Марица не е класична негативка,или воопшто не е.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Синопсис: „Perro Amor“ е приказна, која си игра со страстите и чувствата во еден свет на облози, во кој љубовта и срцето се изложени на ризик заради игрите на двајца љубовници, кои не познаваат граница.
Антонио Брандо и Камилa се братучеди, кои се пријатели и љубовници, пораснати заедно, но се впуштат во еден свет на игри, придружени од ризици и сексуални ритуали, кои ги претвориле во соучесници. Меѓу нив нема морални бариери – всушност обратно, тие секој ден животот си го променуваат во „руски рулет“ меѓу тајните страсти, опасните игри и еротски ритуали без никаква цензура. За нив задоволството и адреналинот се причината поради која во нивната игра сé дозволено, посебно кога станува збор за секс. Двајцата имаат само едно правило кое гласи: Да не се вљубат во својата жртва на облог... Но на секое куче му доаѓа времето и да стапи во брак, и настапува бракот на Антонио и Даниела, кои се наоѓаат пред олтар, благодарение на Камила.
На сред скандал, Антонио ја запознава убавицата Софија – привлечна жена која му го зема вниманието и ја претвора во жртва на следната игра со Камила, во која треба да ја натера да се вљуби во неа и да ја однесе во својот кревет, знаејќи дека е невина. Она, кое тие не го предвидуваат е тоа што имаат друг кој ги има овој пат искрените намери кон Софија, а тоа е Роки Перез, пејач, кој е сигурен во своите намери и се надева дека ќе го освои нејзиното срце. Антонио ја започнува својата игра без да претпоставува, дека всушност неговиот татко ќе го попречи неговиот план, затоа што семејната компанија сака да го присвои преградието во кое таа живее.
Сан Херонимо е дел од локациите, кои бизнисменот Педро Брандо се обидува да ги присвои за да реализира еден од своите најголеми проекти. Така Камила исто се вовлекува во оваа игра за откупување на терените сé со цел да ги искористи луѓето користејќи лаги, кои го доведуваат Дон Даго, таткото на Роки, до самоубиство. Роки и Антонио се претвораат во ривали за љубовта на Софија и вечни непријатели поради смртта на таткото на пејачот, која е провоцирана од семејството Брандо. Фаталните облози со Камила започнуваат да влијаат на економската состојба на семејството поради што Антонио е исфрлен на улица од својот татко. Во состојба да муд докаже дека е променет, тој решава да се ожени за Софија и покрај тоа што тој не претпоставува дека љубовта е веќе пред вратите. Планот за игри и борба за Софија, која не смее да ја предаде во рацете на друг, прави мрежа околу него. За тоа време Камила забележува дека го губи својот љубовник, и со своите идеи и фатални игри ќе се обиде да не ја изгуби својата вечна љубов, која отсекогаш ја криела.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Симпатична е ентрадата, песничкава ме потсетува на некои песни од некои цртани филмови, не ми текнува на кои. Конечно во ентрадата да нема кадри од серијата и песна која потсетува на секоја претходна серија. Карлос Понче е супер, само не ми се допаѓа локацијата каде ја снимале ентрадава, ептен ме потсетува на Телемундо Мајами. Што се однесува со приказната, не делува лошо. Мене Марица ми е преубава во оваа серија.
Bayron Член
Број на мислења : 449 Registration date : 2008-08-20