Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: DOCTOR WHO, BBC|2005- Сре Јан 13, 2010 7:33 pm | |
| ДОКТОР ХУ е британска научно-фантастична серија, која ги следи патувањата на Доктор Ху низ времето. Ова продолжение на оригиналната серија, кое малку се разликува од неа, започна да се прикажува на 26 март 2005 година на BBC и постигна огромен успех. Досега се прикажани четири сезони, а петтата е најавена за оваа пролет. Серијата кај нас можевте да ја гледате на Канал 5 и 5+. Doctor Who - Доктор Ху Земја на потекло: Велика Британија Година на емитување: 2005- Број на епизоди: 63 (засега)1 сезона: 13 еп. 2 сезона: 13 еп. + 3 season specials 3 сезона: 13 еп. + 1 season special 4 сезона: 13 еп. + 7 season specials = 63 епизоди (засега) Кратка содржина:Доктор Ху е мудар и духовит, дрзок и храбар, вонземјанин и осаменик. Тешко е да го одржиш пријателството кога работата ти наложува непрестајно да патуваш низ просторот и времето. Неговата логика е од пресудно значење секогаш кога светот е во опасност. Меѓутоа, кога се во прашање меѓучовечките односи, нешто му недостасува. Затоа му е потребна Роуз. Таа е продавачка од сегашноста заглавена во досадното секојдневие. Од моментот кога ќе се сретнат, Докторот и Роуз знаат дека се создадени еден за друг. Тие совршено се разбираат и одлично се надополнуваат. Со оглед на тоа дека не е многу врзана за местото каде што живее (мајка и е премногу грижлива, а дечкото беспомошен), таа ги одбира Докторот и неговото ветување дека ќе доживее неверојатна авантура во вселената. Така , тие двајца заедно ќе го спречат злобниот план на вонземјаните да ја преземат Земјата, ќе го доживее крајот на светот милиони години во иднината, ќе го запознае Чарлс Дикенс и уште еднаш ќе го види својот покоен татко. Но, кога на нивниот пат ќе се најде долгогодишниот непријател на Докторот за кого верувал дека е одамна мртов, целото човештво ќе се најде пред уништување. Дали може Докторот да ја спречи инвазијата на најлутиот противник со кого се сретнал, Далеците? Улоги: Дејвид Тенант, Били Пајпер, Кетрин Тејт, Фрима Ејџимен, Кристофер Еклстон... | |
|