Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: HE'S JUST NOT THAT INTO YOU | 2009 Саб Мар 07, 2009 11:37 pm
Земја: САД Јазик: англиски Буџет: 25 мил. долари Бруто добивка: $199.275.937 (до 2 март 2009)
Синопсис:
Уште откако имала пет години, на Гиги (Џинифер Гудвин) секогаш и велеа дека многу лесно ќе препознае кое момче е заинтересирано за неа – тоа е обично оној кој се однесува како збунета будала. Денес, после многу години, Гиги секојдневно се бори да ја пронајде љубовта на својот живот. Проблемот е во тоа што секогаш бара на погрешни места, излегувајќи со момчиња на кои му е сеедно за неа. Токму поради тоа беше случајот и со нејзиниот последен состанок, Конор (Кевин Коноли). Но тој после тоа веќе не и се јави. Сепак, Гиги успеа да се увери во неколку (не)возможни причини – можеби ја скршил колата, можеби морал да ја посети баба му, или пак можеби го изгубил мобилниот.
Одлучила да го посети неговиот омилен бар, мислејќи дека ‘случајно ќе налети’ на него и би ја решила ситуацијата. Во барот го запзонава пријателот на Конор, Алекс, кој веднаш сфаќа што се случува, откако Гиги објаснува дека тој не е заинтересиран за неа. Во меѓувреме, Конор, кој веќе завршува со состанокот со Гиги, ја повикува својата девојка Ана (Скарлет Јохансон) да провери што има ново кај неа. Таа се наоѓа во супермаркетот каде го запознава Бен и тие двајца си разменуваат броеви бидејќи Бен тврди дека познава луѓе кои би можеле да и помогнат околу нејзината музичка кариера.
Пријателот на Бен, Неил (Бен Афлек) следи се од автомобилот и се чуди што работи неговиот пријатели, бидејќи веќе некое време е оженет со Џанин (Џенифер Конели). Но, Неил има и свои проблеми – кога доаѓа дома го дочекува неговата долгогодишна девојка Бет (Џенифер Анистон) со веста дека нејзината помлада сестра се мажи. Неил добро знае каде овој разговор, бидејќи Бет веќе неколку пати спомнува венчавка, но него таа идеја за бракот не му се допаѓа. Наскоро нивната врска ќе доживее вистинска криза, што ќе ги поврзи сите актери во оваа романтична комедија во една голема збрка.
Последната промена е направена од Bobi на Пон Јун 15, 2009 11:53 am. Мислењето е променето 1 пати
angeli Член
Zodiac : Број на мислења : 216 Birthday : 1995-08-07 Age : 28 Registration date : 2008-12-21
Предмет: Re: HE'S JUST NOT THAT INTO YOU | 2009 Нед Мар 08, 2009 12:42 am