|
| | Ми треба помош за... | |
|
+9ruzica Maxime Posh Girl Ana-Marija Losteech iva_macedonia Chris Blair Waldroft Missy 13 posters | |
Автор | Порака |
---|
Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Ми треба помош за... Чет Сеп 24, 2009 9:11 pm | |
| Овде барајте помош за домашни работи, лектири, есеи и се што е поврзано со училиште, факултет.... | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Саб Сеп 26, 2009 12:26 pm | |
| Би сакала да го знам одговорот на прашањето-,разлика меѓу бајт и збор?и Да објасни некој како се прикажува текстот на екран во текстуален и како во графички начин на работа? | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Саб Сеп 26, 2009 1:40 pm | |
| Ова по информатика нешто а??? да ти кажам ич не се сеќавам на тие, знам дека се акви глупости не прашуваа разлика меѓу бајт и збор?
не ми е многу јасно прашањево, бајт е најмала сметачка единица во компјутерскиот свет, а збор си е збор | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Саб Сеп 26, 2009 2:57 pm | |
| По информатика е,а за тоа бајт и збор се чудат доста жо сум ги прашала,можда е граматичка грешка,а за дома имам 50 прашања да решимеОва ми се нејасните,ако знае некој нека пише Објаснете како се прикажува текстот на екран во текстуален ,а како го графички начин на работа?
Објаснете го начинот на прикажување на податоците на екранот во графички начин на работа?
Квалитет на печатење на матричните печатачи?
| |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Сеп 27, 2009 8:31 pm | |
| E jaс сум си таква само прашувам ај некој ако се разбира од хемија нека ми ја објасни оваа задача n(NH3)=2000mmol V(NH3)=? NH3 е амонијакА волументо се пресметува според равенката Vm=V*(B) врз n(B) не знам како да направам со дробна црта па така ја поставив
Последната промена е направена од Blair Waldroft на Нед Сеп 27, 2009 8:34 pm. Мислењето е променето 3 пати. | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Сеп 27, 2009 8:32 pm | |
| Ауу ич не ме бива за хемија | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Сеп 27, 2009 8:32 pm | |
| И мене не ме бива ама имам петка,а не ги мн разбирам задачите | |
| | | Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Пон Окт 26, 2009 7:08 pm | |
| Ми требаат реклами за Еуротерм компанијата во продукција на к-15. Ако најди некој линкови за симнување нека пиши. Потребни ми се за утре што значи вечерва треба да ги симнам | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Пон Окт 26, 2009 7:38 pm | |
| ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТАЕуротерм е компанија специјализирана во областа на климатизација и вентилација. Постоечката организација на фирмата е поставена уште во 1987 година под името Гром, како приватна фирма, за монтажа на системи за греење, климатизација и вентилација. Продолжувајќи ја традицијата во 1999 година е формиран Еуротерм, и новата компанија навлезе и во други полиња на делување како инженеринг, трговија, сервис, производство на канали од поцинкувани и прохромски лимови, а посебно производство на висококвалитетни сончеви колектори. Еуротерм е еден од најголемите компании за инженеринг и монтажа во Македонија, кој ги нуди своите услуги и сервиси на пазарот со најголеми барања, како што се индустријата, комерцијалните и станбените објекти. Техничкото и организационото знаење базирано на повеќе од 20 годишното практично искуство претставува солидна позиција нашите професионалци да ги совладуваат комплексните инженерски побарувања. Посебно внимание компанијата посветува на сервисот кој се нуди. На нашите муштерии им нудиме професионални инсталации, трговија, консултантство, дизајнирање, одржување и сервис во областа на HVAC опремата. Структурата и поставеноста на Еуротерм овозможува со леснотија да пристапуваме како на големи така и на мали проекти од обични комерцијални инсталации па се до комплексни повеќе наменски објекти. ВАКА НЕШТО?види тука може има http://www.euroterm.com.mk/ | |
| | | Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Пон Окт 26, 2009 9:03 pm | |
| НЕ ова го имам мислев на рекламите кои одат на тв со членовите на к-15 гледав на youtube ама не можам да најдам. НЕкој сајт за реклами да не има или нешто такво | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Пон Окт 26, 2009 9:57 pm | |
| Евентуално на сајтот на К-15, бидејки они покрај тоа што глумат во рекламите, и сами си ги прават, монтираат...
зашто ти се? не разбирам | |
| | | Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Пон Окт 26, 2009 11:19 pm | |
| Проект и презентација маркетинг. Проектот е готов рекламите планиравме ( се работи за поголема група) како дел од презентацијата да ги користаме за визуелен ефект. Гледав на сајтот од к-15 има само од емисијата к-15 репродукција видеа сега еве youtube го прегледувам детално | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Сре Окт 28, 2009 12:02 am | |
| Еве што ми се јавува кога отворам PS и сакам да ставам боја на лајероти фнкцииите се нешто забавени | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Сре Окт 28, 2009 2:41 am | |
| Ова значи дека компјутерот ти е или полн, или пак фајлот кој го отвараш е многу голем па му треба таква процедура од лоудување за да се отвори, ова не е проблем, само треба да почекаш | |
| | | Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Пет Окт 30, 2009 3:57 pm | |
| Добивме продолжување на презентација во кај 9ти ноември така да ако некој најди реклама за Еуротерм некаде по интернет нека пиши или нека ја објави. Јас се обратив во Телевизијата ама сеуште немам одговор дали ќе ми пратат тие или слично За реклами има повеќе за радијатори, за бојлери и такви работи | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Саб Окт 31, 2009 10:27 pm | |
| | |
| | | Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Ное 01, 2009 12:31 am | |
| Можи да е од тоа windows genuine што ти е инсталирано. Јас така го инсталирав и постојано ми праќаше некои соопштенија и ми се исклучуваа програмите, игри и сл. Ама не знам сигурно. Друг нека помогни ако знае | |
| | | Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Ное 01, 2009 1:28 am | |
| Само формат на компјутерот ке те спаси од Genuine | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Ное 01, 2009 11:00 am | |
| Фала многу,го средив вее синоќе цела ноќ едвај некако сврзав крај со крај..сега е вајда океј | |
| | | iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 29 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Ное 01, 2009 6:22 pm | |
| Абе луѓе на нас по македонски на дадоа за анализа Песна над песните(Стар Завет)и Евагелието според Јована(Нов Завет).Ако некој ги сфатил овие песни бар нека ми каже отприлика што се дешава затоа што јас не можам ни да ги најдам | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Ное 01, 2009 7:01 pm | |
| Свето евангелие според Јован Пред да настане светото постоел бог за кои некои верувале дека бил создавач на светото,а пред Богда го испрати светото јагне на земјата пратил човек кој ќе сведочи за неговото постоење.Човекот се викал Јован,тој велел дека тој крштева со вода но дека Исус-Божјото јагне ќе крштева со светиот духТака додека еден ден Јован крштевал се похавил човек на кој му слетал бел гулаб на рамо-Исус,.На почетокот многумина се плашиле дека ако го следат Исус ќе бидат убиени и затоа тој останал со само 12 ученици.Потоа започнуваат и Исусовите дела,на една свадба ќе снема вино и Исус ќе каже да се наполнат садовите со вода и да дадат на старосватот и тогаш сите се чуделе коха наместо вода имало вино.Некој ден тој се нашол во храмот на неговиот татко и тој им рекол на луѓето тамо дека ако го урнат храмот тој ќе го изгради за 3 дена но сите му се потсмевале.Тој потоа нашол една Самарјанка,а самарјанките не зборувале со Евреите.Исус и побарал вода,но тој и рекол дека ако таа нему му побарала тој ќе и дал жива вода и таа никогаш не ќе била жедна,и така и било.Во Ерусалим кај Овчата порта имало многи болни луѓе,меѓу кои и еден стар човек болен 38 години.Исус го излекол и му рекол-Стани оди си и повеќе не греши.Потоа Исус бил гонет од страна на вонјиците и заедно со неговите ученици се сокрил кај еден кораб.Тој дошол последен и сите забележале како кога Исус веслал преку морето тоа престанало да бранува.На празникот Сеници исус во храмот за Бог зборувал многу убаво за Господ и сите се чуделе како тој знае толку многу за него.некои верувале дека тоа е божјото јагне а други дека е Пророк.Рано наутро тој видел како луѓето довеле жена кај Храмот да ја каменуваат и Исус прашал што згрешила.Ја обвиниле за прељуба.Тогаш Исус рекол.Кој не згрешил никогаш нека фрли камен по неа,и сите отстапиле.Ја пуштил жената и и рекол да си оди и веќе да не греши..Имал Исус и еден другар Лазар но тој пошинал па така Исус отишол кај неговиот гроб,и извикал Лазаре излези и Лазар излегол а потоа го одвеле дома.Големиот совет се свртел против Исус и сакал да го погуби,така една вечер Исус кажал дека некој од неговите ученици ќе ги предаде,и сите се запрашале кој е тоа.Исус кажал дека тој ученик ќе биде оној на кој ќе му подаде парче леб,а тоа било Јуда(го предал за 300 златници сметајки дека ќе ги подели на народот,но потоа се покајал за предавството).Петар неговиот ученик кажал дека би го дал животот за Исус,но исус му рекол дека петел нема да пропее додека тој 3 пати не се откаже од него.Така Исус бил фатен во градината,прададен од Јуда а Петар 3 пати се откажал од Исус па пропеал петел.Исус бил одведен кај Пилат кој сакал да го пушти Исус по повод празникот Пасха но луѓето се пубуниле и сакале да се ослободи некој разбојник Бараба.Тка и билоНа Исус му ставиле венец од трње и го распнале а кога побарал вода му дале оцет натопен на сунѓер..Исус починал и еден војник го прободел со копно во ногата па потекло крв и вода.Потоа Јосиф добил дозвола од Пилат да го погреба Исус,и му дозволиле,но на гробот на Исус имало ангел кој кажал дека Исус воскреснал..па така по 3 дена им се појавил на неговите ученици..и им кажал како да ја стават мрежата за риболов и имале успешен лов.И сега истанува само едно прашање..кој е милиот ученик на Исус.Дали оној кој заплакал на неговите гради и прашал..Кој те предаде учителе.. Ова е тоа на што се сеќавам и од Новиот Завет е..а Стариот моментално го читам | |
| | | iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 29 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Ное 01, 2009 7:43 pm | |
| Леле фала најмногу за убавото објаснување. | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Ное 01, 2009 8:35 pm | |
| Песна над песните(ова е од книгата извадок) Глава1 1 Соломоновата Песна над песните
2 Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино.
3 Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците.
4 Повлечи ме по себе, да бегаме! Царот ме воведе во своите соби. Ќе се веселиме и ќе се радуваме заради тебе, ќе ја славиме твојата љубов повеќе од виното; достојно е да те љубат!
5 Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како кедровите шатори, како Соломоновите завеси.
6 Не гледајте дека сум поцрнета, зашто сонцето ме опали. Синовите на мајка ми се разгневија на мене, ме поставија да ги чувам лозјата; а моето лозје, не го чував.
7 Кажи ми ти, кого го љуби мојата душа: каде пасеш? Каде одмараш на пладне? за да не скитам, барајќи те, околу стадата на твоите другари!
8 Ако не го знаеш тоа, о, најпрекрасна меѓу жените, излези и следи ги трагите на стадата, и паси ги твоите јариња околу пастирските шатори.
9 Те споредувам со коњите во фараоновите коли, моја возљубена.
10 Прекрасни се твоите образи меѓу ушниците; твојот врат со ѓерданите;
11 ќе направиме златни обетки, за тебе, со сребрени приврзоци.
12 Додека царот се одморува на своите постели, мојот нард мириса.
13 Мојот возљубен е како страк смирна, што почива меѓу моите гради.
14 Мојот возљубен е како кипров грозд од енгадските лозја.
15 О, ти си прекрасна, моја возљубена; колку си убава! имаш очи како гулабица.
16 О, ти си прекрасен, мој возљубен, и љубезен! Зеленилото е наша постела.
17 Кедрите се греди на нашите куќи, а кипарисите покрив.
Глава 2 1 Јас сум саронски цвет, лилјан во долина!
2 Што е лилјанот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу девиците.
3 Што е јаболкницата сред горските дрва, тоа е мојот возљубен меѓу младите. Сакам да седам во нејзината сенка; а нејзините плодови му се слатки на моето грло.
4 Ме воведе во собите на виното и ме покри со знамето на љубовта.
5 Поткрепете ме со колачиња, освежете ме со јаболка, зашто јас сум изнемоштена од љубов.
6 Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
7 Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата љубов, додека самата не посака.
8 Гласот на мојот возљубен! ете го, доаѓа, прелетува преку гори, прескокнува брегови.
9 Мојот возљубен е како срна, тој е како еленче. Ете, тој стои зад нашиот ѕид; гледа низ прозорците, наѕира низ решетките.
10 Мојот возљубен почнува да ми зборува: „Стани, моја возљубена, убавице моја, и дојди!
11 зашто, ете, зимата веќе помина, дождот замина и прекрати.
12 Цвеќињата се покажуваат по земјата, дојде време за пеење; и грличиниот глас се слуша во нашиот крај.
13 Смоквата ги исфрли првите плодови, лозјето мириса во цветање. Стани, моја возљубена, убавице моја, и дојди!
14 Гулабице моја, во каменливи пештери, во стрмните и карпести засолништа! дај да ти го видам лицето и да ти го чујам гласот; зашто твојот глас е милозвучен, а твоето лице е прекрасно!”
15 Ловете ги лисиците, малите лисици, што ги оштетуваат лозјата, нашите лозја во цутењето.
16 Мојот возљубен ми припаѓа мене, а јас нему; тој пасе меѓу лилјаните.
17 Пред денот да издивне и пред да се спуштат сенките, врати се, возљубен мој: биди лесен како срна, како срниче на гората Бетер.
Глава 3
1 Во своето легло, во ноќите, го барав оној, кого го љуби мојата душа; го барав, но не го најдов.
2 И така, ќе станам и ќе го оптрчам градот, по улиците и раскрсниците, ќе го барам оној, кого го љуби мојата душа: го барав, но не го најдов.
3 Ме сретнаа стражарите, кои го обиколуваат градот: „Дали го видовте оној, кого го љуби мојата душа?”
4 Туку што тргнав од нив, го најдов оној, кого го љуби мојата душа. Го фатив и нема да го пуштам, додека не го воведам во домот на мојата мајка, во спалната на мојата родителка.
5 Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата возљубена, додека самата не посака!
6 Што се дига тоа од пустината како столб од дим, од кадењето на смирната и темјанот и на сите милномирисни правови?
7 Ете, тоа е Соломоновата носилка, околу неа, шеесет стројни момчиња, од најсилните во Израел!
8 Сите се вешти со мечевите, обучени се за војна; секому мечот му е на бедрото, заради ноќните опасности.
9 Царот Соломон си направи престол за себе од ливанско дрво.
10 Ги направи неговите столпчиња од сребро, потпирачите за лакти од злато; седиштето од црвено сукно; сè е украсено внатре, со љубовта на ерусалимските ќерки.
11 Излезете, сионски ќерки, и видете го царот Соломон со венецот, со кој го овенча неговата мајка, во денот на неговата свадба, во денот на радоста на неговото срце.
Глава 4 1 Колку си убава, моја возљубена, Колку си прекрасна! Имаш очи како гулабица, под твојот превез; косата ти е како стадо кози, што слегуваат од гората Галад.
2 Забите ти се како стадо на остригани овци, кога се враќаат од капење: одат две по две како близначки и ниедна не е осамена.
3 Твоите усни се како лента од црвено предено и твоите зборови се љубезни; твоите образи се како калинкини половинки, под твојот превез.
4 Вратот ти е како Давидова кула изградена за одбрана: илјада штитови висат во неа, сè јуначки оклопи.
5 Твоите две гради, како две срничиња, близначиња, што пасат меѓу лилјаните.
6 Пред денот да издивне и пред да се опуштат сенките, ќе тргнам на смирнината гора и на темјановото бреже.
7 Целата си прекрасна, возљубена моја, и нема недостаток на тебе!
8 Дојди со мене од Ливан, невесто! Дојди со мене од Ливан! Слези од врвот на Аман, од лавските пештери, од горите на рисовите!
9 Срцето ми го плени, сестро моја, невесто; срцето ми го плени само со еден твој поглед, само со еден бисер од твојот ѓердан.
10 Колку е слатка твојата љубов, сестро моја, невесто! Твојата љубов е послатка од виното, а мирисот на твоите масла е попријатен од сите мириси.
11 Саќин мед капе од твоите усни, невесто, мед и млеко се под твојот јазик, а мирисот на твоите облеки е како ливански мирис.
12 Ти си затворена градина - сестро моја, невесто, затворена градина и запечатен кладенец.
13 Твоите подници се калинкина градина, полна со најодбрани плодови: калинка и шафран,
14 мирислива трска и цимет, со сите темјанови стракови, со смирна и алој, со најдобри мириси.
15 Кладенецот е во мојата градина, извор на жива вода што тече од Ливан.
16 Стани: северец! дувни: јужен ветре! Повеј над мојата градина, нека се разнесат нејзините мириси. Мојот возљубен нека дојде во својата градина, за да ги вкуси нејзините најслатки плодови.
Глава 5
1 Дојдов во мојата градина, сестро моја, невесто, ги берам мојата смирна и моите мириси, ги јадам мојот мед и моите саќи, ги пијам моето вино и моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и наситувајте се, возљубени мои!
2 Јас спијам, но моето срце бдее. Одненадеж глас! Мојот возљубен ми потчукнува: „Отвори ми, сестро моја, возљубена моја; гулабице моја, совршена моја; зашто главата ми е полна со роса, а косата со ноќна влага.”
3 „Ја соблеков мојата облека, како да ја облечам? Ги измив нозете, како да ги извалкам пак?”
4 Мојот возљубен ја провна раката низ отворот и сета моја внатрешност се возбуди од него.
5 Станав, за да му отворам на мојот возљубен, а од мојата рака капеше смирна и потече низ прстите на рачката на клучалката.
6 Му отворив на мојот возљубен, а тој веќе се беше оддалечил и исчезнал; останав без здив кога замина. Го барав, но не го најдов, го викав, но не се одѕва.
7 Ме сретнаа стражарите, кои го обиколуваат градот; ме биеја, ме ранија; и ми ја зедоа наметката чуварите на ѕидовите.
8 Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, ако го сретнете мојот возљубен, што ќе му речете? Дека јас изнемоштувам од љубов.
9 „Во што е твојот возљубен подобар од другите, о, најлична меѓу жените? Во што е твојот возљубен подобар од другите, па нè заколнуваш така?”
10 Мојот возљубен е бел и румен, повеќе од десет илјади други.
11 Неговата глава е како злато - чисто злато; кадриците од косата, како млади палмини гранчиња, црни како гавран.
12 Неговите очи се како гулаби над поточната вода. Забите му се како измиени со млеко, наредени во рамка.
13 Неговите образи се како леи со мирисливи билки; како благомирисно цвеќе, усните му се лилјани, од кои тече смирна.
14 Рацете му се златно прстење, полно со скапоцености; неговите гради - како извајани од слонова коска, покриена со сафири.
15 Нозете му се столбови од мрамор на златни подножја; растот му е како Ливан, величествен како кедар.
16 Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!
Глава 6 1 „Каде отишол твојот возљубен, о, нјубава меѓу жените? Каде го снема твојот возљубен, за да го бараме со тебе?”
2 Мојот возљубен слезе во својата градина, при леите со мирисливи билки, да пасе по градините и да собира лилјани.
3 Јас му припаѓам на мојот возљубен, мојот возљубен ми припаѓа мене; тој пасе меѓу лилјаните.
4 Убава си, моја возљубена, како Терса, красна си како Ерусалим, страшна како војска под знамињата.
5 Одврати ги твоите очи од мене, зашто ме збунуваат.
6 Твојата коса е како стадо кози, што слегуваат од Галад. Забите ти се како стадо истригани овци кога доаѓаат од капење: идат две и две како близначки, и ниедна не е осамена.
7 Твоите образи се како калинкини половинки под твојот превез.
8 Има шеесет царици и осумдесет наложници и безброј девици.
9 Но само една е мојата гулабица, мојата совршена единствена на мајката, избраница на својата родителка. Девиците ја видоа и и заблажеваа, а цариците и наложниците ја пофалија.
10 Која е оваа која доаѓа како мугрите што осамнуваат, прекрасна е како месечината, сјајна како сонцето, страшна како војска под знамињата?
11 Слегов низ ореови насади, за да ги видам младите растенија во долината, за да видам дали распупиле лозјата, дали цветаат калинките?
13 „Врати се, врати се, Суламко, врати се за да те гледаме.” Што ќе видите на Суламка, која игра во две дружини?
Глава 7
1 Колку се убави твоите нозе во обувките, кнежевска ќерко! Заобленоста на твоите бедра се како огрлици, дело на рацете на искусен уметник.
2 Папокот ти е тркалезна чаша, што никогаш не е без пијалак; мевот ти е како стог пченица, заграден со лилјани.
3 Твоите две гради се како две срничиња- близначиња на срната.
4 Твојот врат е како столб од слонова коска. Твоите очи се како езерчињата во Есевон, кај Ватравимската Врата. Носот ти е како ливанска стражарница, што гледа кон Дамаск.
5 Твојата глава е како гората Кармил, а косата на главата како црвено сукно, и царот се сплетка во нејзините плетенки.
6 Колку си прекрасна, колку си привлечна, о, највозљубена, меѓу милините!
7 Растот твој е како палма, твоите гради се гроздови.
8 Си реков: ќе се искачам на палмата, да ги дофатам нејзините врвови; а твоите гради ќе бидат како гроздови на лоза; мирисот на твојот здив како јаболка.
9 Твојата уста е како најдобро вино, што тече направо кон мојот возљубен, како што тече низ усните на заспаните.
10 Јас му припаѓам на мојот возљубен, и тој има желба по мене.
11 Дојди, возљубен мој, ќе одиме во полето, ќе ноќеваме во селата.
12 Наутро ќе одиме во лозјата, за да видиме дали распупува лозата, дали се зафаќа грозјето, дали расцветаа калинките? Таму ќе му ја дадам мојата љубов.
13 Калинките шират мирис, во нашите куќи има секакви овошки: нови и стари, за тебе ги чував, о највозљубен мој!
Глава 8
1 О, да си ми брат, да ги цицаше градите на мојата мајка! Тогаш, сретнувајќи те на улица, ќе те пољубев и никој немаше да ме осуди за тоа.
2 Би те повела и би те вовела во домот на мајка ми; ти би ме учел, а јас би те поела со најдобро вино и со сок од калинки.
3 Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
4 Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, не будете ја и не тревожете ја мојата возљубена, додека самата не посака!
5 Која е таа што доаѓа од пустината, потпрена врз својот возљубен? Те разбудив под јаболкницата, каде те роди мајка ти, каде твојата родителка те донесе на свет.
6 Стави ме како знак на срце, како печат на твојата рака; зашто љубовта е силна како смртта, а љубомората е цврста како гроб. Нејзиниот жар е жар на огнот, нејзините пламења, Господови пламења.
7 Големи води не можат да ја угаснат љубовта, ниту реките да ја потопат. Да го дава некој за љубовта сето богатство на својот дом, тој би навлекол презир врз себе.
8 Имаме мала сестра, која уште нема гради; што ќе правиме со нашата сестра, кога ќе стане збор за неа?
9 Ако биде како ѕид, ќе изградиме врз него сребрен дворец; ако биде како врата, ќе ја обложиме со кедрови даски.
10 Јас сум ѕид и моите гради се стражарници, затоа јас ќе бидам во неговите очи, како онаа што достигнала до полнота.
11 Соломон има лозје во Вал Амон; им го даде на чуварите и секој треба да донесе за неговите плодови илјада сребреници.
12 Моето лозје е пред мене: а Соломоне, за тебе илјада, а двеста на оние што ги чуваат плодовите.
13 О ти, која живееш во градините, другарите го слушаат твојот глас, дај и јас да го чујам.
14 Побрзај, возљубен мој; биди како срна и како еленче во мирисливите гори!
Aман стварно е Песна над Песните,има убави зборови али не ја соџвакав убаво,ја спремам за презентација ..па имаш среќа
| |
| | | iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 29 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Нед Ное 01, 2009 9:51 pm | |
| И пак фала.Оваа некако потешка е за сваќање ама битно е да се напише нешто .Thank you again | |
| | | Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
| Предмет: Re: Ми треба помош за... Пон Ное 02, 2009 6:51 pm | |
| ма оваа вторава нема смисла реченица со реченица | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Ми треба помош за... | |
| |
| | | | Ми треба помош за... | |
|
Similar topics | |
|
Similar topics | |
| |
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|