Очигледно е колку Турските серии направија БУМ на Балканот.По Бугарија,Македонија и Хрватска ја фати оваа грозница.По Шехерезад која ја победи домашната серија Најдобри години и на РТЛ и донесе голема гледаност и Нова тв се реши да пушти Турска серија која доживеа неуспех.Третата Турска серија Езел ја пушти РТЛ по 1001 ноќ од Пон-Чет па така терминот од 20.00-22.30 е резервиран за овие серии плус репризи во текот на денот.Наскоро доаѓа Ѓумуш повторно на Нова тв.Но сепак на Хрватските телевизии сеуште свое место заземаат и квалитетни домашни емисии,Хит серии како Очајни домаќинки-најверојатно 7 сезона започнува наредната недела на РТЛ.